Регионални консултации за климатски промени и безбедност на ОБСЕ

Министерот Нуредини, имаше воведно обраќање на завршниот состанок на првата фаза од регионалниот процес на консултации за климатски промени и безбедност кој денес се одржа во организација на Канцеларијата на координаторот за економски и еколошки активности на ОБСЕ.

Во своето обраќање, министерот Нуредини ја нагласи важноста од здружена климатска акција бидејќи климатските промени делуваат како мултипликатор на ризик.

На работилницата беа презентирани проценките од обемниот процес на консултации во Југо-источна Европа. Процесот на консултации, во кој учествуваа претставници на владини тела, граѓански организации, академска заедница, како и регионални и меѓународни организации, служеа за идентификување на можните жаришта за безбедност на климата, регионалните предизвици и можностите за прекугранична соработка. Резултатите ќе ја формираат основата на втората фаза од проектот, што вклучува развој и имплементација на конкретни иницијативи и активности за соработка.

Оваа проценка е добра почетна точка за понатамошен развој на конкретни проекти од заеднички регионален интерес како индивидуална проектна активност за безбедносните аспекти на климатските промени или како поврзана активност со другите тековни регионални активности.

Министерот Нуредини ја истакна заложбата на Министерство за животна средина и просторно планирање за дополнително ангажирање во следните активности, во согласност со спроведувањето на „Зелената агенда" на Западен Балкан и „Зелениот договор" на ЕУ.

На работилницата којa е дел од проектот „Зајакнување на одговорите на безбедносните ризици одклиматските промени во Југо-источна Европа, Источна Европа, Јужен Кавказ и Централна Азија", воведни обраќања имаа генералниот секретар на ОБСЕ Хелга Марија Шмид, извршниот директор, аделфи Александар Кариус и други високи претставници на ОБСЕ, а во присуство на претставници од 57 земји-учеснички и партнери за соработка, извршни структури на ОБСЕ, вклучително и теренски операции, проектни засегнати страни во Југо-источна Европа и релевантни меѓународни партнери на ОБСЕ.

Видео: Корејци ја пеат „Молитва“ од Марија Шерифовиќ

На интернет се појави снимка на која музичка група од Кореја ја пее песната „Молитва“ на натпревар за пеење.

На нивните способности не остана рамнодушна ни самата Марија Шерифовиќ, која со оваа песна и донесе победа на Србија на Евровизија во 2007 година.

Пејачката го изрази своето воодушевување од нивната изведба на својот Инстаграм профил.

Таа во објавата напомена дека ова е најдоброто изведување на нејзината песна, и напиша прекрасна порака упатена до талентираните Корејци.

„Ви посакувам се најдобро во понатамошната кариера и натпреварување. Се гледаме наскоро“, напиша пејачката.

Фото: Елена Китиќ ги запали социјалните мрежи

Таа објави фотографија во костим за капење, која го покажува нејзиното совршено тело и облини.

Ќерката на пеачкиот пар Миле Китиќ и Марта Салиќ, Елена Китиќ е активна на социјалните мрежи, а фановите неретко ги изненадува со смели фотографии.

Имено, Елена, судејќи по објавите, отпатувала во потоплите краишта. Елена најпрво објави фотографија во костим за капење од една од плажите во Доминиканската република, за потоа да објави снимка на која се гледаат убавините на оваа луксузна дестинација.

Фотографијата во костим на капење на која го покажува своето совршено тело и облини, наиде на многу позитивни реакции од фановите.

„Згодна“, „Убавице“, „Жена бомба“, се само дел од коментарите.

Сирискиот претседател и неговата сопруга имаат корона

Претседателот н Сирија Бапар Ал Асад и неговата сопруга Асма се заразени со коронавирусот, но се добро и нивната состојба е стабилна, објави денес претседателството, додека во земјата расте бројот на заразени.

Ал Асад и сопругата Асма направиле ПЦР тест откако почувствувале благи симптоми на корона.

Тие ќе бидат во изолација две до три недели.

„Во текот на изолацијата која ќе трае измеѓу две и три недели тие ќе продолжат со работата од дома“, додава претседателството во соопштението.

На почетокот на март министерството за здравство извести за зголемување на бројот на инфекции и повика на строго почитување на дистанцата и оцени дека таа земја не е поштедена од другите варијанти на вирусот.

Власта на крајот на февруари најави почеток на кампања за вакцинирање на медицинскиот персонал. Сирија доби 5000 дози од кинеските вакцини за 2500 медицинари, според дневниот весник „Al-Watan“, близок до власта. Сирија исто така одобри употреба на руската вакцина.

притисни ентер