Речиси четворица од десет Грци сметаат дека договорот од Преспа е неповолен

Последната анкета на грчката фондација „Елиамеп“ покажа дека за дури 38 проценти од Грците Договорот од Преспа е штетен.

Речиси четворица од десет Грци сметаат дека договорот од Преспа е неповолен

Ни ветуваа дека по промената на името се ќе биде поинаку, но ние се уште сме во чекалната на Европската Унија, вели мандатарот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги изјавите на медијаторот Метју Нимиц, кој вчера индиректно му порача да не живее во илузија со неговите ставови за Преспанскиот договор. Мицкоски денеска возвраќа, вели јас живеам во реалноста во која 600 илјади сограѓани живеат со 150 денари дневно.

Вистината некогаш боли и шече, зашто излажаа народ, кој што направи се за тааа илузија, како ниту еден народ што направи, се откажа од знамето, на крајот од уставното име, за жал се уште сме во чекалната, а не на масата. Треба да поведат сметка за своето поведение. , вели Мицкоски.

Договорот од Преспа е како бебе на кое сите му се смешкаме, но не направивме доволно за да го пораснеме, е оценката на Никос Коѕијас, еден од потписниците на спогодбата пред шест години. Иако во изминатите јавни настапи изнесуваше и навредливи коментари нарекувајќи не „Славомакедонци“, поранешниот грчки министер за надворешни на меѓународната конференција синоќа во Атина, јавно застана зад земјава. Тој ја повика владата на Мицотакис да ја исправи неправдата од предолгото чекање на Македонија, на чиј пат сега е испречена Бугарија.

-Решението е многу едноставно. Грчката влада треба да ѝ каже на бугарската влада: „ние никогаш нема да гласаме за вашето пристапување во Шенген зоната, ако не отстапите од ветото кон С.Македонија. Ова е добар предлог, Никола? , изјави Никос Коѕијас, поранешен министер за надворешни работи на Грција

На вчерашните маратонски панели и дебати, во организација на институтот Алексис Ципрас и фондацијата Заев повеќе учесници упатија и директни и индиректни пораки до Мицкоски и Мицотакис да останат доследни на Договорот, кој како што рече во видео обраќањето првиот човек на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, треба да остане столб за градење доверба и разбирање.

-Преспанскиот договор е сведоштво за моќта на дипломатијата, дијалогот и компромисите. Договорот не само што го реши спорот за името, туку и ги отвори можностите за нови прилики за раст, контролирана размена и регионални партнерства. , изјави Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН.

Неговиот личен пратеник, медијаторот Метју Нимиц, кој вчера наполни 85 години и ја прими наградата за мир Преспа, по 25 годишно посредништво меѓу Скопје и Атина вели дека постигнувањето на компромисот бил тежок, но дека уште потежок е предизвикот тој компромис да биде прифатен од идните генерации политичари во двете земји.

-Живееме во опасен период, живееме во реалниот свет, и во реалниот свет имаме договори, па луѓето кои се на власт треба да ги почитуваат тие договори. Не можеме да живееме во светот на фантазијата, не можеме да живееме во виртуелен свет. , изјави Метју Нимиц, поранешен медијатор во преговорите за името

Последната анкета на грчката фондација „Елиамеп“ покажа дека за дури 38 проценти од Грците Договорот од Преспа е штетен. 28 проценти се изјасниле дека тој е донекаде корисен, а само девет отсто дека е многу корисен.

Орбан: Брисел се подготвува за војна иако во моментов нема закана од војна

 Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Брисел се подготвува за војна, иако, како што наведе, во моментов нема закана од војна.

Орбан: Брисел се подготвува за војна иако во моментов нема закана од војна

„Нема закана од војна, Унгарија нема да војува со никого. Остануваме на страната на мирот и ако Европа започне војна, ние сигурно нема да влеземе во неа“, рече Орбан на прес-конференција, пренесе МТИ.

Орбан рече дека во моментов не се чини дека Европа е под непосредна закана од војна и дека е многу малку веројатно дека „некој би нападнал членка на НАТО“.

Според него, оние кои се подготвуваат за војна обично го прават тоа за да покренат „некој чин на војна“, додавајќи дека во моментов се водат политички подготовки за подлабоко вклучување во конфликтот.

Унгарските семејства, рече Орбан, не треба да преземаат посебни мерки.

Алонсо за потенцијалниот договор со Реал Мадрид: „Ситуацијата сега е поинаква“

За разлика од претходните години, тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо нема понуди од ривалските клубови за кои би требало итни одлуки за неговата иднина, пишуваат германските медиуми.

Алонсо за потенцијалниот договор со Реал Мадрид: „Ситуацијата сега е поинаква“

Алонсо ја искористи репрезентативната пауза за националните тимови во март минатата сезона за да размисли за својата иднина, во услови на интерес од Баерн Минхен и друг негов поранешен клуб, Ливерпул, бидејќи двата тима бараа нови тренери пред следната сезона.

Шпанскиот тренер најави дека останува во Леверкузен пред да го води тимот до првата титула во Бундеслигата, а потоа да остане непоразен и да го додаде триумфот во Купот на Германија.

-Ситуацијата сега е поинаква. Во тоа време имаше што да се решава. Овојпат нема. Тоа е големата разлика, прокоментира Алонсо.

Договорот на стручњакот со Баер Леверкузен трае до 2026 година. Тимот беше во зоната за испаѓање во Бундеслигата кога Чаби Алонсо го презеде во октомври 2022 година. Единствениот пораз на тимот од Леверкузен минатата сезона беше во финалето на Лига Европа против Аталанта - пораз со кој заврши нивната рекордна серија од 51 натпревар без пораз во сите натпреварувања.

Баер Леверкузен моментално заостанува шест бода зад Баерн во поредокот со преостанати осум кола од Бундеслигата и се уште може да го одбрани трофејот во Купот на Германија, бидејќи игра полуфинале против Арминија Билефелд во вторник.

Алонсо останува меѓу најпочитуваните тренери на континентот и се смета за потенцијален наследник на Карло Анчелоти во Реал Мадрид - уште еден од поранешните клубови на поранешната шпанска ѕвезда. Но, Чаби Алонсо не попушта на размислувањата дали својата иднина ја гледа во Баер Леверкузен или на друго место.

-Моите размислувања се исти како што кажав претходно, останувам фокусиран на оваа сезона. Тоа е најважно, изјави Алонсо и додаде: „Се наоѓаме во важна фаза и не сакам да шпекулирам. Не сакам да размислувам за ништо друго освен за фудбалот“.

Рубио изрази загриженост за „нестабилноста“ во Турција

- Ги гледаме истите извештаи што сите други ги гледаат за тоа што се случува, им рече Рубио на новинарите во авионот со кој се враќаше од патување на Карибите.

Рубио изрази загриженост за „нестабилноста“ во Турција

Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека разговарал со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, кому му изразил загриженост за „нестабилноста“ што се гледа во Турција по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.

Рубио рекол дека Турција има внатрешно-политички проблеми и Вашингтон нема да ги коментира.

- Ги гледаме истите извештаи што сите други ги гледаат за тоа што се случува, им рече Рубио на новинарите во авионот со кој се враќаше од патување на Карибите.

- Секако дека сме загрижени за овие протести и некои од медиумските извештаи, додаде тој.

Шефот на американската дипломатија додаде дека претседателот Доналд Трамп имал „многу добри работни односи“ со турскиот претседател Таип Ердоган за време на неговиот прв мандат и оти Вашингтон сака да ги обнови тие односи и да соработува со Анкара за низа прашања.

притисни ентер