Приходите се поголеми за 133 милиони евра, најмногу поради очекуваното зголмеување на приливи од придонеси поради зголемените плати, а планирано е да се потрошат 5,8 милијарди евра, или 300 милиони евра повеќе од првично планираното..
Ова, како што објасни министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, се прави за да се покрие буџетската дупка од 500 милиони ерва што ја оставила претходна влада, и со тоа да се обезеди непречна исплата на пензиите и платите, кои во некои инситуции биле обезбедни само до јуни.
„Лошата состојба на буџетот ги надмина и нашите очекувања. Затекнуваме состојба која значи држава во хаос и долгови. Буџет кој е список на желби наместо планиран развој, економијата е во клиничка смрт. Повеќе од 32 милијарди денари фалеа во буџетот, имаме многу доспеани обврски и не се пријавувани. Понатаму надлежноста е на другите институции. Со ребалансот се обезбедени 4,1 милијарда денари за плати, од кои 1,1 милијарда денари за блок дотации кои не биле планирани во основниот буџет. Во дел од институциите имаше плати само за до јуни месец. Обезбедени се пет милијарди денари за исплата на пензиите. Морам да напоменам дека средствата за 2024 година би биле доволни доколку декемвриската пензија не била реално исплатена во јануари“, рече Димитриеска-Кочоска.
Со ребалансот се распределиле пари од ставки со слаба реализација и при тоа се обезбедени околу 325 милиони евра. За да ги обезбеди потребните пари, дополнително, преку издавање на хартии од вредност на домашниот пазар, Владата ќе се задолжи и за дополнителни 180 милиони евра, со што буџетскиот дефицит од првично планирани кој од 585 се зголемува на 720 милиони евра.
-5,1 милијарда денари ќе бидат потрошени за долгови на ЈПДП, ЈСП, Железница бидејќи тие не можат да ги платат кредитите за кои државата гарантирала и 600 милиони денари ќе се потрошат за покривање на долгови од судски решенија. рече министерката Димитриеска-Кочоска.
Министерката рече дека со новите проекции се намалува проекцијата на растот, бидејќи првично проектираниот БДП е неостварлив. Наместо 3,4% сега се проектира на 2,1%. Инфлацијата е предвидена на ниво од 3,5%.
На вчерашната седница, Владата донела одлука и за поништување на заклучокот на техничката влада со кој одвоиле 250 милиони евра за Бехтел и Енка, иако тие пари не биле предвидени во Буџетот, а за ова ќе го известат и Јавното обвинителство.