Реакција од Кабинетот на претседателот Пендаровски по повод ставовите искажани од ВМРО-ДПМНЕ

Во врска со ставовите искажани од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, за претседателот Стево Пендаровски, кои се однесуваат на ветувања за набавка на лекот за цистична фиброза, Кабинетот на претседателот ја испраќа следната реакција:

За жал, не бил неписмен само пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, туку и оние кои го пишувале соопштението на таа политичка партија. Ако можеме некако да им помогнеме на луѓето во ВМРО-ДПМНЕ, во прилог им го доставуваме барањето на Асоцијацијата за цистична фиброза за средба со претседателот во јуни 2021 година, во кое ниту тие не бараат претседателот да ги набавува неопходните лекови, затоа што знаат дека надлежните институции за тоа се Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување.

Исто така го доставуваме и соопштението од Кабинетот на претседателот во кое никаде не се споменува ветување за набавка на лек, затоа што за оние кои ги разбираат работите, Претседателот не е надлежната институција за набавка на лекови.

Не веруваме дека јасната содржина во двата документи ќе ви помогне да разберете за што се работи, затоа што е јасна вашата цел, да го дискредитирате политичкиот противник и кога немате буквално ниту еден аргумент на своја страна.

Нечовечки е да ги злоупотребувате личните и семејните трагедии на луѓето за добивање на политички поени.

Да повториме уште еднаш, иако претседателот не е надлежен за набавка на лекови, тој смета дека сите лица од оваа категорија на болни, мора најитно да ја добијат неопходната терапија, се наведува во реакцијата. .

Фото: Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека

Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека, што предизвика хаос на Инстаграм.

Алиша Леман е една од најсексапилните фудбалерки во светот, па решила да заработи од тоа.

Таа ги воодушеви своите фанови објавувајќи провокативни фотографии на социјалните мрежи.

Сексапилната Леман на Инстаграм сподели серија фотографии на кои позира во долна облека, откако потпиша договор со популарна модна марка.

Видео: Џенифер Лопез и во педесеттите изгледа совршено!!

Светската музичка ѕвезда и актерка Џенифер Лопез, иако има 54 години, и понатаму изгледа неверојатно младо, атрактивно и убаво.

Многумина се убедени дека тајната на нејзината младост се скапите третмани и производи кои многумина не можат да си ги дозволат. Пејачката тврди дека тајната е во нејзиниот животен стил и одредени навики кои ги следи уште од дваесеттите години, како и дека важна улога имала генетиката.

- Морам да признаам дека имам добра генетика. Мајка ми и баба ми имаа убава кожа, па затоа и јас имав среќа – открила таа.

Добро е познато дека популарната Џеј Ло редовно вежба и внимава на исхраната. Таа не легнува без темелно да го исчисти лицето, а потоа нанесува ноќна крема. По вежбањето секогаш темелно го чисти лицето, бидејќи не го поднесува чувството дека лицето не и е чисто.

Жешката Џеј Ло не конзумира алкохол и цигари, а убедена е дека квалитетниот и редовен сон и прави чуда, па затоа редовно спие најмалку осум часа.

Кошаркарките на Вардар го освоија Купот на Македонија

Кошаркарките на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето против Баскет Кам триумфираа со 69:55 (36:23). 

За кошаркарките на Вардар ова е четврти трофеј од Купот на Македонија, прв после 2019 година, а претходно победуваа и во 2017 и 2018 година.

Селцова натпреварот го заврши со 25 поени, осум скока и две асистенции, додека Тасевска уфрли 22 поени, додавајќи девет скока и една систенција кај победниците. Кметовска реализираше 24 поени за Баскет Кам.

За најкорисна кошаркарка на финалниот натпревар е прогласена Елена Тасевска од ЖКК Вардар.

притисни ентер