Реакција на Транспаренси Интернешнл - Македонија за предложените измени на КЗ - Канал 5

Реакција на Транспаренси Интернешнл - Македонија за предложените измени на КЗ

Предложените измени на КЗ спротивни на заложбата за безусловна борба против корупцијата.

Реакција на Транспаренси Интернешнл - Македонија за предложените измени на КЗ

Предложените измени се спротивни на заложбата за безусловна борба против корупцијата и за засилени санкции против лицата кои се обвинети или осудени за коруптивни кривични дела, реагира денеска Транспаренси Интернешнл – Македонија (ТИ-М), изразувајќи загриженост во врска со Предлогот на Владата за изменување и дополнување во скратена постапка на Кривичниот законик.

Во реакцијата се вели дека во моменти на силни внатрешни и надворешни укажувања дека корупцијата, а посебно високата корупција е на високо ниво, а довербата во правосудниот систем кај граѓаните е на најниско ниво во историјата на државата, кога владее состојба на неказнивост и недостига секаков вид на одговорност, во Собранието е доставен предлог на законско решение, кој треба да овозможи поблаг третман, поблаги санкции, ослободување од вина, оневозможена конфискација, за сторителите кои за сопствени цели ја злоупотребиле својата службена положба.

Транспаренси напоменува дека со новиот предлог закон за измени на Кривичниот законик се предлага намалување на казните за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување, се брише ставот 5 од членот 353, кој ја санкционира злоупотребата на службената положба и овластувања при вршење јавни набавки или на штета на Буџетот

и на јавните фондови за кој беше запретена казна од најмалку 5 години затвор, а максималната казна затвор за злосторничко здружение се намалува од 10 на 3 години, а се укинува и проширената конфискација за нелегално стекнат имот.

-Со намалување на висината на казната на конкретните дела се намалува и должината на нивното застарување и сето наведено е предложено преку скратена постапка - употребувајќи го европско знаменце. Следствено на ваквите измени, треба да се погледне членот 3 од Кривичниот законик - Задолжително применување на поблаг кривичен закон став 2 - Ако по извршувањето на кривичното дело е изменет законот, еднаш или повеќе пати, ќе се примени законот што е поблаг за сторителот одредени постапки подлежат на застареност, наведуваат од Транспаренси.

Оттаму истакнуваат дека со ваквото законско решение многу обвиненија и истраги за висок коруптивен - финансиски криминал сторен на штета на државата ќе се соочат со застареност и додаваат дека со измените на КЗ од 2018 година, се намалиле казните за злоупотреба на постапката за јавни набавки (тендерска постапка) и доделувањето договори за јавни набавки или јавно-приватно партнерство, на што резултатот бил неказнивост на кривично осудено лице.

Оваа практика на носење на закони по мерка, се додава во реакцијата, веќе е препознаена и нотирана во времето кога требаше да се обезбедат гласови за Преспанскиот договор.

-Законите што се скроени по мерка претставуваат релативно нов облик на корупција на високо ниво, каде што законите и прописите тивко се донесуваат или се изменуваат во полза на приватните интереси на некое лице или претпријатие. Во овој случај веќе постои практика определени политички цели да се постигнуваат со „тивка амнестија“ за што уште еднаш сите заложби за правна држава се уриваат пред заложбата за политички компромис, се вели во реакцијата.

Транспаренси укажува дека штетата која што може да настане како последица на ваквите законски решенија, каде што практично доаѓа до неказнивост би била огромна.

Секоја измена на Кривичниот законик, додава Транспаренси, привлекува огромно внимание како од стручната фела така и од сите чинители во опшеството, така и оваа и не смее да се дозволи „тивка амнестија“ на сторителите на коруптивни кривични дела на штета на граѓаните и затоа предлагаме овој предлог да биде повлечен.

- Борбата со корупцијата опфаќа заедничка соработка на сите чинители во опшеството преку заедничко, континуирано и посветено дејствување, истакнаа од Транспаренси Интернешнл - Македонија и нагласија дека нивната реакција ќе биде доставена до GRECO, UNODC и до Transparency Internatonal.

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

Александар Вучиќ објави видео на Инстаграм од парк каде што седи на клупа за вежбање.

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

„Далеку сум од добра форма, но Србија е повторно на вистинскиот пат“, напиша српскиот претседател во описот на објавата. Во видеото, тој почна да ги наведува проектите што има намера да ги заврши во наредниот период.

Потоа рече:

„И треба да го искористам ова кратко време пред ручек како да правам нешто, за да биде помалку забележливо она што ќе го јадам. Во секој случај, Србија е повторно на вистинскиот пат. И време е да ги подобрам моите физички карактеристики, да бидам за нијанса помалку дебел и со малку повеќе енергија отколку во претходните неколку месеци.“ Тој не правеше никакви вежби.

Неговото видео набрзо се прошири на социјалните мрежи, а луѓето му пишуваа дека се бламира.

„Лошо се храниш“, се пошегуваа некои во коментарите со емотикони за сендвичи.

Алмеида нoв тренер на Севиља

Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља го назначи денеска поранешниот аргентински репрезентативец Матијас Алмеида (51) за нов тренер, потпишувајќи тригодишен договор.

Алмеида нoв тренер на Севиља

За време на неговата фудбалска кариера, Алмеида мина една сезона во Севиља, што беше негова прва европска станица по пристигнувањето од Ривер Плата, а подоцна играше во Италија за Лацио, Парма и Интер.

Алмеида го постигна најголемиот успех во својата тренерска кариера досега со грчкиот АЕК, со кој ја освои грчката титула и трофејот во Купот во својата прва сезона на клупата на клубот од Атина./МИА

Ангеловски: Можете ли да победите 150-годишна стратегија со „шарм-стратегија“?

„Со поделбата на Македонија во 1913 во Букурешт мислеа дека го затврорија македонското прашање“

Ангеловски: Можете ли да победите 150-годишна стратегија со „шарм-стратегија“?

Симптоматично е што нема да присуствува Радев, туку ќе оди Премиерот Жељазков, јасни се ставовите на Радев кои малку одудираат од ставовите на НАТО и затоа тој нема да биде присутен таму. Точно е она што го вели бугарскиот премиер Георгиев, дека немаат отворени прашања, бидејќи истите тие ги затворија во сандакот кој требаше да биде посмртниот а во кој шајките ги стави Османи. Дваесет години говорам за двојните стандарди кои ги имаат членките на ЕУ. Имаме тврдење на ЕК дека Украина е многу блиску до зачленување поради што нема корупција и нема отворени прашања со соедите. Големите Европски сили со поделбата на Македонија во 1913 во Букурешт мислеа дека го затврорија македонското прашање. Не можат да се помират дека таа одлука не е исправна. Можете ли да победите 150-годишна стратегија со „шарм-стратегија“? Се доведовме до ситуација меѓународното право за се „крши“ овде, врз нас,вели Страшо Ангеловски во Само Вистина.

притисни ентер