Реакција на СДСМ на изнесените ставови на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски

Мицкоски ќе ги изгуби изборите во 2024 година, неговите изјави се за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ.

Парламентарните избори ќе се одржат во 2024 година и на тие избори Мицкоски ќе загуби.

Очајните постапки на Мицкоски и неговите изјави се лажни и единствено му служат за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ. Таква е и последната изјава дека ќе освоел 61 пратеник, слична на изјавите на Никола Груевски.

Редовни избори во 2024 година е она што го плаши Христијан Мицкоски. Знае дека го чека пораз.

Што сака Мицкоски да сокрие?

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се големо разочарување за граѓаните, за шест месеци не сработеа ништо, немаат ниту еден свој реализиран проект, тоа се најслабите градоначалници досега.

Мицкоски не успева да го одбрани криминалот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, следува одговорност за сите криминалии.

Не успева да го блокира Собранието, неговите деструкции се поразени.

Постои незадоволство во ВМРО-ДПМНЕ од неговите лаги и неспособност, сака да купи уште некој месец за да прикаже дека нешто работи.

Менаџирењето на Владата предводена од СДСМ со најголемата економска и енергетска криза по Втората светка војна дава успешен резултат, се штити стандардот на граѓаните.

Граѓаните го читаат Мицкоски како Буквар и знаат дека не вреди да се закочи, да се блокира и да и се наштети на државата само за тој да си ја задржи својата фотелја во белиот дворец. Тоа го знаат и внатре во ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

БДП во првиот квартал со раст од 2,1 отсто

Бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2023 година забележа раст од 2.1 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2023, поголем пораст е забележан во секторите - Градежништво од 12.7 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 10.6 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата,

во првото тримесечје, номинално расте за 14.8%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 69.0%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13.7%, а увозот на стоки и на услуги забележа

намалување во номинален износ од 1.4%.

Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2023 година бележат намалување во делот на промената на залихите, покажуваат податоците на ДЗС.

Шаќири на средба со претседателот на СОНК

Шаќири на средба со претседателот на СОНК и претставници на Solidarity Center и Американската федерација на наставници.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска ќе оствари средба со претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков и со претставници на Solidarity Center, најголемата меѓународна организација за заштита и унапредување на работничките права со седиште во САД, како и претставници на Американската федерација на наставници.

Средбата ќе се одржи во просториите на Министерството за образование и наука.

Во Собранието продолженија на две пленарни седници и една комисиска расправа

Во Собранието денеска треба да се одржат продолженијата на 66-тата и на 91-вата пленарна седница.

Единствена неразгледана точка на дневниот ред на 66-тата седница е Предлог-законот за изменување на Законот за квалитетот на земјоделските производи, по скратена постапка.

На 91-вата седница има уште 12 неразгледани точки меѓу кои се четири ратификации на договори, предлог финансиските планови на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и на МРТ за 2023 година, како и интерпелација за работата на претседателката на Комисијата за прашања и изборите и именувањата, пратеничката Марија Георгиевска од СДСМ.

Во Собранието денеска седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија на чиј дневен ред се четири барања за автентично толкување на закони и Предлог-законот за академија за судии и јавни обвинители, по скратена постапка.

притисни ентер