Реакција на Кристијан Трајковски за вчерашниот ЦО на НСДП

Вчера Централниот одбор на НСДП донесе разочарувачка и недемократска одлука да се отфрли мојата уредно поднесена кандидатура и програма. 

Одлуката да се има само еден кандидат, при повеќе поднесени кандидатури, е ништо повеќе од кукавички чин за бегање од демократските вредности на кои нашата партија е изградена.

Дополнително, одлуката е спротивна на Правилникот за организација на Петтиот конгрес на НСДП и ги спречува речиси петстотините делегати да не можат слободно, фер и демократски да го изберат следниот претседател на НСДП.

Единствениот кандидат и неговото тесно мнозинство во Централниот одбор, одбија да дозволат демократски натпревар на идеи и политики, бидејќи се плашат од гласот на членството и отворената демократијата.

Јас не се откажувам од мојата заложба и уверување дека демократијата и демократските вредности се пред сè и над сè. Не се откажувам од мојата прогресивна визија дека нашата НСДП ќе биде обединета и гласна партија, каде слободата и слободната мисла ќе победат. Само така притисоците, заканите и носењето одлуки од една многу мала, но многу привилегирана група луѓе ќе бидат сеќавање од минатото. Луѓе кои се однесуваат како функциите да се нивно родено право, а не голема обврска и одговорност делегирана од целото членство пред кое тие се должни да поднесат отчет.

На претстојниот конгрес на 4 јуни, ќе го искористам моето право да се кандидирам на самиот Конгрес и таму ќе ја побарам поддршката на членството и делегатите.

Кристијан Трајковски,

Организациски Секретар на НСДП

Изборите ги следат 915 домашни и 544 странски набљудувачи

Денешните избори ги следат 915 домашни и 544 странски набљудувачи. Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР која фигурира со над 200 набљудувачи, излезе со првична оценка.

-На крајот од денот ќе го собереме податоците за да направиме проценка како тече процесот. Како што знаете, имаме повеќе од 200 набљудувачи низ целата држава денеска и дополнителни набљудувачи кои се тука од март и ја оценуваат целата кампања- Џилијан Стирк – шефица на наблудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР

Прв круг претседателски избори – Македонија избира меѓу седум кандидати

Мирно, без посериозни инциденти и проблеми - Македонија избира претседател.

Веќе осум часа, повеќе од 1,8 милиони граѓани со право на глас се дел од првиот круг на седмите претседателски избори, на кои учествуваат седум кандидати. Нашите репортери се на терен и од блиску го следат изборниот процес.

Во Државната изборна комисија е Михаела Димовска.

Седум тинејџери уапсени за нападот врз свештеникот во Сиднеј

Австралискиот антитерористички тим денеска уапси седум тинејџери поврзани со момче обвинето за верски мотивиран терористички напад врз бискуп во Сиднеј, а уште петмина се на распит во полиција.

Полицијата соопшти дека во акцијата била вклучена екипа од повеќе од 400 полицајци и припадници на безбедносните служби, во која биле уапсени соработници на 16-годишното момче обвинето за терористички акт. Момчетo го избоде со нож асирскиот бискуп Мар Мари Емануел за време на црковна служба во живо на 15 април.

Полицијата соопшти дека ги привела тинејџерите бидејќи претставувале „неприфатлив ризик“ за општеството. Според полицијата, тинејџерите верувале во религиозно мотивирана насилна екстремистичка идеологија. /МИА

притисни ентер