Рамелоу, член на левичарската партија (Дие Линке), на новата социјална платформа Клубхаус, напишал дека играл Кенди Креш за време на состанокот. Тој ја нарекол канцеларката „дас Меркелчен“ (мала Меркел).
На прашањето на Кевин Кунерт, потпретседател на СПД, кој играл Кенди Креш, Рамелоу веднаш проговорил и се пофалил дека можел да игра „до десетто ниво“ по еден таков состанок. Имено, Рамелоу сметал дека неговиот разговор на таа платформа ќе остане надвор од досегот на јавноста. Но , тоа не се случи.
Веднаш, имало реакција од локалната ЦДУ која го нападнала премиерот Рамелоу дека неговото однесување покажува недостаток на почит кон тешката состојба. „Или тоа е израз на ароганција на моќ или министерски замор. Во секој случај, тоа е непочитување и неодговорност! " напишале од ЦДУ.

После тоа, Рамелоу сфатил дека ситуацијата станува сериозна, зашто треба да има избори во Тирингија оваа пролет, но се поблиску до одлука за нивно одложуваљње за септември, па тој почна да се извинува. Веднаш ја контактирал германската новинска агенција (Dpa) и објаснил дека Кенди Креш бил начин да се релаксира за време на долгите преговори. „Некои играат Судоку, други играат шах на нивните телефони, а јас играм Кенди Креш”, рекол тој.
Вчера вечер тој се извини за коментарот за „малата Меркел“ на Твитер, велејќи дека промената на мислењето следело по интервјуто со „паметна жена“ во Клубхаус. „Омаловажувањето на името на германската канцеларка беше чин на машко незнаење и искрено се извинувам за тоа“, напишал Рамелоу на Твитер, пишуваат германските медиуми и Тагесхау. .