Разногласија долж балканската рута – како ќе транзитираат мигрантите?

Разногласија околу начинот на транспорт на мигрантите долж балканската рута.

Словенија и Австрија категорично ја демантираа Хрватска, која вчера соопшти дека во иднина мигрантите од Македонија директно ќе бидат транспортирани во Австрија со возови, без да застануваат во транзитните земји.

Двете земји ги отфрлија тврдењата на хрватскиот министер за внатрешни работи, Влахо Орепиќ дека поради новиот начин на транспорт, Хрватска, Словенија и Србија ќе ги затвореле своите прифатни центри низ балканската рута, зашто таму повеќе немало да транзитираат бегалците.

Орепиќ изјави дека штом бидат регистрирани во Гевгелија, тие директно ќе бидат превезни во Австрија.

Тој вчера тврдеше дека петте земји - Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Австрија ваквиот нов режим го договориле на неодамнешната средба во Скопје.
притисни ентер