Размена на искуства мегу кинеските и македонските доктори

За време на посетата во Кина, владината делегација ја посети и најголемата болница во Пекинг каде се разговарало за можноста да се разменат искуства меѓу кинеските и македонските доктори .

Македонски лекари до крајот на годинава или во текот на следната ќе заминат на обуки за традиционална кинеска медицина во Пекинг. За тоа е постигната начелна согласност на денешната средба на премиерот Никола Груевски со претставници на Кинеската централна болница „Гуанганмен“.

- Раководните лица се согласија да примат луѓе на тренинг. Зависно од она за што ќе специјализираат лекарите тренинзите ќе траат помеѓу еден и три месеци, изјави Груевски по посетата на болницата „Гуангамен“.

Македонските лекари, оцени, ќе специјализираат доста интересна област. Договорени се повеќе детали за обуката, зависно од тоа за кои области ќе има потреба да бидат испратени на специјализација.

- Задоволен сум од оваа средба и се надевам дека кон крајот на оваа година или во текот на следната ќе започнат тренинзи на наши лекари тука во Кина во Пекинг за традиционална кинеска медицина, рече Груевски.

Целта на посетата, уакажа, е запознавање со детали барање соработка со кинеската болница со македонските болници и клиники за обука на лекарите. - Да ги научат вештините кои, како што ни објаснија тука, се користат паралелно со класичната медицина, повеќе кај хронични болести за коишто може да се дозволи лекување подолго време без нус ефекти. Имавме можност да се запознаеме многу повеќе отколку што претходно беше нашето знаење за овој вид на медицина, истакна Груевски.


Менаџментот на болницата го запознал премиерот Груевски со врвните перформанси на кинеската болница чиј значаен дел од интересот на работа е развој на традиционалната медицина, во комбинација со современи методи за лекување и развој на медицинската наука. Груевски во разговорите со менаџментот на болницата разменил искуствата од реформите во здравството, како и реализацијата на проектите во сферата на здравството во нашата држава. Станало збор и за модалитетите на менаџирањето на болниците и на клиниките, со цел обезбедување квалитетна медицинска услуга за граѓаните.

- Остварената соработка е дел од заложбата на Владата за размена на искуства и стекнување на искуство и знаења на македонските лекари од врвни научни медицински центри во светот и нивна примена во македонското здравство, истакнуваат од Владата.

Кинеската болница за традиционална медицина „Гуанганмен“ е основана во 1955 година во рамки на Националната академија за традиционална кинеска медицина. Оттогаш прерасна во една од најреспектабилните болници во Кина и регионот која е дел од Академијата за традиционална медицина која претставува една од водечките болници за традиционална медицина на азискиот континент. Денес тоа е болница каде постои клиничка пракса, научни истражувања и настава, заедно со специјалности во многу сектори од медицината како што се центри за лекување на канцер, дијабетeс и кардиоваскуларни болести.

Во болницата постои центар за клинички фармаколошки истражувања врз база на методи од традиционалната медицина во Кина. Во рамки на болницата постои и центар за обука за докторите кои користат западна медицина, а кои сакаат да дознаат повеќе за традиционалните напредни методи на лекување.

Болницата поседува површина од 86.028 квадратни метри, каде се вработени 1.161 лице, вклучувајќи 171 професори и асистенти професори. На четири специјалисти од неа досега им биле доделени дипломи и признанија „Алберт Ајнштајн“ - светска награда за наука. Поседува вкупно 28 клинички одделенија, како што се интерна медицина, хирургија, гинекологија, ортопедија, акупунктура, урологија, изолирано одделение за пациенти со хепатитис, клиничка лабораторија за молекуларни биолошки истражувања, лабораторија за имунолошки истражувања. Оваа болницата минатата година имала 2,6 милиони пациенти, а на дневна основа опслужува од 9 до 10 илјади пациенти.

Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија

Советот на ЕУ донесе „Одлука за склучување на Договор за стратешко партнерство меѓу Европската Унија и нејзините земји членки со Јапонија“, со што се овозможува стапување во сила на првата билатерална рамковна спогодба меѓу двете страни. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, со Договорот се воспоставува сеопфатна рамка за засилување на политичките и секторските врски меѓу ЕУ и Јапонија, со што се обезбедува поблиска политичка и економска соработка за голем број билатерални, регионални и мултилатерални прашања.

Согласно Договорот, ЕУ и Јапонија се обврзуваат да работат на зајакнување на глобалниот поредок заснован на правила и на одбрана на заедничките вредности и принципи, како што се владеењето на правото, демократијата, почитувањето на човековите права, отвореноста на пазарите и обезбедувањето слободна и фер трговија.

- Договорот ја поставува основата за интензивирање на консултациите и координацијата во мултилатералните форуми. Страните се обврзуваат да работат заедно за да го одбранат мултилатералниот трговски систем заснован на правилата на Светската трговска организација, да го промовираат спроведувањето на Парискиот договор за климатски активности и да работат на имплементацијата на глобалните цели за одржлив развој, информира ЕУ.

Во однос на билатералната димензија, Договорот ќе им овозможи на Унијата и на Јапонија да ја унапредат безбедносната соработка, заеднички да се справуваат со тероризмот и сериозните меѓународни злосторства и да го спречат ширењето на оружјето за масовно уништување. Дополнително, Договорот треба да придонесе за зајакнување на соработката во повеќе сектори, како Вселената, информатичките и комуникациските технологии, индустријата, енергијата, транспортот, образованието, истражувањето и иновациите.

Со договорот се предвидува и создавање на Заеднички комитет за координација на партнерството, кој ќе претставува форум за дискусија за сите прашања опфатени со спогодбата, како и за решавање на евентуални спорови.

Договорот за стратешко партнерство меѓу Европската Унија и Јапонија беше потпишан на 17 јули 2018 година во Токио. Европскиот парламент го одобри на 12 декември истата година, но целокупната ратификациска постапка се одолговлече во земјите членки на ЕУ. Конечно, последната ратификација на документот во членка на Унијата беше извршена на 5-ти овој месец, со што се трасираше патот за носењето на Одлуката на Советот на ЕУ за склучување на Договорот. /МИА

Облачно со повремен пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (и над 20 л/м²) и поројни, проследени со грмежи особено во западните и јужните делови од земјата.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степен.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд повремено пороен и проследен со грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Ветерот долж Повардарието ќе продолжи да засилува и во среда. Во среда и четврток ќе има локална појава на повремено пороен дожд и услови за грмежи. Потоа следи период на претежно стабилно и постепено потопло време.

Дневен хороскоп за 23. април 2024 година

Дневен хороскоп за вторник, 23. април 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Оние кои сеуште бараат сродна душа , денеска на лесен и пријатен начин би можеле да ја најдат меѓу колегите од работа или на место поврзано со работата.

Кариера

Слободно може да и се препуштите на работата , зашто во активностите ќе најдете се она што сте го очекувале.

Здравје и совет

Одличен ден за вработените.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Во вториот дел на денот би можеле да доживеете вистинска љубовна екстаза и остварување на соништата што долго време сте ги сонувале.

Кариера

Одличен ден за сите дејности поврзани со луѓе или со смисла за естетика. Работите се одвиваат се подобро и подобро.

Здравје и совет

Се чувствувате одлично.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Доколку во емотивните прашања се потпирате на вашиот внатрешен глас, денеска тоа може да ви донесе многу среќа и задоволство.

Кариера

Сите работи поврзани со алтернативното , како и оние поврзани со психологијата ,денеска ќе се одвиваат исклучително добро.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Неврзаните контакти денеска би можеле да ви донесат лично освежување. Оние кои се сами , нека излезат барем на кафе.

Кариера

На кусо службено патување ќе сфатите дека треба да прифатите она што другите ви го предлагаат , заедно со ризикот што оди со тоа.

Здравје и совет

Не анализирајте премногу.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашата најдрага личност веројатно со недоличен потег или говор ќе навреди некого од вашето семејство. Обидете се да ја ублажите кавгата.

Кариера

Премногу размислувања за тоа како соработувате со други ќе ви го одземе скапоценото време.

Здравје и совет

Верувајте и на својата интуиција.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Нивото на вашата самодоверба ќе биде високо , а шансите за дружење отворени. Многумина осамени денеска ќе запознаат нови лица.

Кариера

Со добра финансиска поддршка денеска би можеле да дефинирате дел од работите со странство.

Здравје и совет

Одете до крај без двоумење.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Додека минува денот, полека ќе сфаќате дека некои особини на саканата личност ве возмнемируваат. Прифатете ги , зашто чувството на немир е минливо.

Кариера

Некој од вашите надредени денеска би можел да застане на патот на вашите напредни идеи.

Здравје и совет

Издржете.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

На повеќето љубовни настани вие ќе најдете некаква забелешка. Обидете се работите да ги гледате со помалку строгост и опуштете се.

Кариера

Можни се неконтролирани финансиски издатоци. Држете се до зацртаниот план и правете минимални поместувања.

Здравје и совет

Некои ќе го изгубат гласот поради болки во грлото .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Денот е добар за неврзано дружење на кафе. Излезете на воздух, прошетајте се , а особено ако се уште сте сами.

Кариера

Нема ништо да се случи доколку само чекате. Треба да се покажете , дас е јавите , дасе претставите.

Здравје и совет

Комуницирајте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Фазата на уживање во љубовниот живот ќе продолжи и денеска. Ќе имате речиси се што би можеле да посакате.

Кариера

За да успеете , потпрете се на самите себеси. Вие сте најдобар патоказ , како за себе , така и за луѓето околу вас.

Здравје и совет

Се враќате низ сеќавањата.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Партнерот ќе очекува нежност , а вие ќе бидете повлечени во својот свет. Се ќе биде подобро со малку поголема отвореност.

Кариера

Луѓето со кои соработувате денеска нема да бидат целосно сигурни во која насока да се продолжи со започнатото.

Здравје и совет

Кашлица.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Во емотивните прашања ќе имате големи очекувања. Ќе сакате другите да ве галат и чуваат. Како ќе биде , зависи од партнерот.

Кариера

Ќе продолжите да ги развивате своите инвентивни идеи , додека во исто време ќе наопредува и соработката со колегите.

Здравје и совет

Во добра форма сте.

притисни ентер