Разговорите за минимална плата ќе продолжат во петок

 Владата, синдикатите и работодавачите не постигнаа договор за синдикалното барање за зголемување на минималната плата на 18.000 денари.

Разговорите за минимална плата ќе продолжат во петок

Вчера, по неколкучасовната расправа на седница на Економско-социјалниот совет, консензус имало единствено дека минималната плата треба да се зголеми, но не и за тоа колкаво треба да биде зголемувањето или на каков начин да се дојде до тоа.

-Имавме навистина конструктивен дијалог можеби никогаш невиден на нашите простори. Имаме консензус дека минималната плата ќе се зголеми. Дијалогот ќе продолжи во петок, после 16 часот. И ги уверувам сите граѓани коишто се во категоријата на приматели на минимална плата, дека наскоро ќе има консензус околу нивните покачени минимални плати. Но, кажавме, дека единствениот начин како да се стигне до достоинствена плата за нашите работници е креирање систем што е долгорочен, што нема да ги остави на волјата на една Влада, кога таа ќе сака или ќе има слух или на различните страни како што се синдикатите или организациите на работодавачи, рече вчера по седницата вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Според него, треба да се зборува за креирање систем, механизам, кој и наредните години ќе осигура дека минималната плата навистина е достоинствена и, како што нагласи, веќе ќе заборавиме да зборуваме за минимална плата, туку за достоинствени плати на нашите работници.

За тоа зошто не е постигнат договор и зошто се остави одлука да биде донесена во петок, вицепремиерот истакна оти станува збор за трипартитен дијалог помеѓу синдикати, Организација на работодавачи и Влада и оти во секој дијалог ако се сака да се дојде до консензус мора да се почне од некаде и да се стигне до одредено решение.

За претседателот на ССМ Дарко Димовски, предлогот што го дале работодавачите на крајот од денешната седница е само обид да купат време.

-Се преговараше три часа и кога преовладаа аргументите на страната на ССМ и на останатите синдикати работодавачите во 5 до 12 излегоа со свој предлог. Аргументите беа на наша страна ја убедивме Владата како социјален партнер дека минимална плата навистина треба да биде 60 проценти од просечната плата, но, Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) само сака да купи време до петок со измислено предлог решение, вели Димовски.

Тој е дециден дека доколку не се дојде до решение, останува штрајкот како следен чекор на синдикатите.

-Штрајкувачките одбори остануваат ние во петок имаме закажано органи и тела на Сојузот. Ќе дојдеме и во 16 часот во петок и ќе им соопштиме дека доколку не се одобри ова што го бараме ние стапуваме во генерален штрајк, вели Димовски додавајќи дека аргументите и анализите се на страна на синдикатите и оти тие покажуваат дека минималната плата мора да расте, како и сите останати плати согласно закон и колективен договор.

Претседателката на Организацијата на работодавачи на Македонија, Владанка Трајковска појасни дека предложиле критериумите по однос на одредување на минималната плата да претрпат измени.

-Очекуваме предлог и од Владата дали ќе бидат прифатени нашите идеи. Имавме некоку идеи, истите дали ќе бидат прифатени или не ќе видиме. Синдикатот имаше негови идеи. Очекуваме компромис помеѓу сите три чинители, рече таа, додавајќи дека решението треба да е соодветно на сегашната состојба во економијата.

Според неа, ваквите разговори се единствениот начин како може да се дојде до решение.

-Четири месеци претходно се разговараше во медиумите, меѓутоа ништо конкретно на маса. Задоволни сме што конкретно Владата организираше седница на ЕСС за да можеме да ги искажеме нашите ставови по однос на нашето размислување за минималната плата и придобивките како на работодавачите, така и на работниците во тој дел. Излеговме со наши предлози, меѓутоа очекуваме како што кажавме, очекуваме од службите на Владата да излезат со анализи во однос на нашите предлози и дури тогаш ќе можеме да зборуваме за конкретни предлози, конкретни бројки, и конкретни износи, рече Трајковска.

Додека за ова прашање се разговара меѓу социјалните партнери, Предлог-законот за измени на Законот за минимална плата што го поднесе партијата Левица веќе е ставен на дневен ред на собраниската седница закажана за 10-ти овој месец.

Според веб-страницата на Собранието, Предлог-законските измени се ставени како седма точка на дневен ред. Предлог-законот треба да биде донесен по скратена постапка, а со него се предлага висината на минималната плата да не биде пониска од 60 проценти од просечната исплатена нето-плата во последните три објавени месеци, согласно со податоците објавени од Државниот завод за статистика.

Предлог-измените се во согласност со барањата на Сојузот на синдикати на Македонија, кој лани поднесе иницијатива до Собранието за измени на Законот за минимална плата.

Поради зголемените трошоци за живот и енергетската и ковид кризата, Синдикатот бара минималната плата веднаш да биде зголемена на 18.000 денари.

Засега, освен Левица, најава за поддршка на законот дадоа и од ДОМ и Демократскиот сојуз. Вицепремиерот Битиќи рече дека владејачкото мнозинство ќе го поддржи само доколку за такво решение биде постигнат консензус на социјалните партнери

Чешка испраќа медицински тим на барање на Скопје

Министерката за одбрана Јана Чернохова потсети дека Македонија веднаш и понудила помош на Чешка по големите поплави минатата година. 

Чешка испраќа медицински тим на барање на Скопје

Чешката Република со специјален лет вечерва испраќа медицински тим од Централната воена болница кон Македонија за да помогне на барање на македонските власти по трагичниот пожар во дискотека во Кочани во кој загинаа најмалку 59 лица, а 155 се повредени.

„Владата одобри испраќање медицински тим од Министерството за одбрана, поточно тим од Централната воена болница, 10 воени лекари и медицински персонал. Веста за ноќниот пожар во Кочани длабоко ме потресе. Сојузниците мора да стојат еден до друг во тешки моменти. Затоа веднаш го исполнивме северномакедонското барање", изјави вечерва чешкиот премиер Петр Фијала.

Министерката за одбрана Јана Чернохова потсети дека Македонија веднаш и понудила помош на Чешка по големите поплави минатата година.

МЗ: Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

МЗ: Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба

Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира кризниот штаб, во тесна координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи. Тимовите на здравствените установи се целосно ангажирани за обезбедување соодветна медицинска нега, а состојбата на сите пациенти се следи внимателно, при што се спроведуваат конзилијарни одлуки за натамошните медицински постапки.

Во текот на денешниот ден се згрижени над 140 пациенти, распределени во здравствените установи низ земјата:

• Клинички центар – 20 пациенти

• ГОБ „8 Септември“ – 20 пациенти

• Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 21 пациент

• Клиничка болница Штип – 20 пациенти

• Општа болница Кочани – 7 пациенти

• Клиника за токсикологија – 2 пациенти

Покрај медицинската грижа во земјата, дел од пациентите се префрлени во здравствени установи во странство, како резултат на меѓународната поддршка и соработката со партнерските земји:

• Република Турција: 3 пациенти пристигнаа во Истанбул, а дополнителни 6 пациенти се очекува да пристигнат во Анкара до полноќ.

• Република Бугарија: 14 пациенти се хоспитализирани.

• Република Грција: 4 пациенти се згрижени.

• Република Србија: 5 пациенти се веќе хоспитализирани, а дополнителни 12 пациенти со воен авион се на пат кон Белград.

• Република Хрватска и Романија: Се очекува во тек на утрешниот ден да бидат испратени по 4 пациенти во секоја од овие земји.

• Република Словенија, Унгарија и Австрија: Во текот на утрешниот ден се очекува овие земји да испратат медицински авиони за транспорт на пациенти.

Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега.

Како дополнителна поддршка во справувањето со кризата, во земјата пристигна медицински тим од ВМА Белград, а се очекуваат и медицински тимови од Чешка, Израел и Белгија, кои ќе се приклучат на напорите за обезбедување соодветна здравствена грижа.

За сите информации поврзани со состојбата на пациентите кои се наоѓаат во странство, како контакт лице е именуван проф. Д-р Игор Николов, кој е достапен на телефонскиот број: +389 72 270 648.

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

Поведена постапка против 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор

 Обвинителството вечерва соопшти дека се поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица во врска со трагичната несреќа што се случи во дискотека во Кочани. 

Поведена постапка против 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор

Од нив, за осум лица веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор, а за останатите тројца кои се хоспитализирани и во потешка здравствена состојба, постапката ќе продолжи дополнително.

- Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица. Од нив предлог за краткотраен притвор е веќе поднесен за 8 лица, додека останатите 3 се уште се хоспитализирани во потешка здравствена состојба. Постапката во однос на нив ќе продолжи веднаш кога состојбата ќе им се подобри. Дејствија продолжуваат да се преземаат за испитување на одговорност на повеќе лица, информираа вечерва од Државното јавно обвинителство.

Предлогот за краткотраен притвор е поднесен до Основниот суд во Кочани.

Во пожарот во Кочани, според последните официјални податоци, загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

притисни ентер