Расте еуфоријата пред дербито со Австрија- одиме на победа!

За три часа отсега почнува историскиот прв натпревар на македонската фудбалска репрезентација на Европското фудбалско првенство 2020, кое се одржува во повеќе европски градови. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Извртен камион на бул. „Борис Трајковски"

Извртен камион претпладнево предизвика застој во сообраќајот на булаварот „Борис Трајковски", на потегот каде што извршуваат градежни работи за реконструкција.

На тој дел од потот што води од Драчево кон Охис, наизменично се пропуштаат возила во двата правца. Нема информации дали некој е поивреден.

Веленски: Има конфузија кој треба да прими трета засилувачка доза вакцина против Ковид-19

Директорката на Американските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), Рошел Валенски, изјави дека во САД има одредена конфузија околу тоа кој треба да ја прими третата засилувачка доза на вакцината против Ковид-19. 

Досега е одобрена само засилувачката доза на Фајзер.

Минатата недела, Валенски се согласи со повеќето препораки на советникот на ЦДЦ за давање засилувачка доза шест месеци по втората доза за одредени групи луѓе. Овие групи вклучуваат луѓе на возраст над 65 години, лицата во старските домови, како и луѓето на возраст од 50 до 64 години, кои имаат хронични здравствени проблеми, како што е дијабетес.

– Гледам дека сега има конфузија. Ние правиме научна проценка во реално време. Се среќаваме неколку недели за да ја процениме ситуацијата. Научните проценки, исто така, можат да покажат дека остатокот од американското население треба да добие „бустер" доза, и ние ќе им дадеме такви инструкции штом ќе ги имаме доказите, изјави Валенски за Си-Би-Ес.

Луѓето кои примиле вакцини на Модерна и на Џонсон и Џонсон се уште чекаат за да добијат информации кога би можеле да добијат трета доза.

Санкционирани 95 возачи под дејство на алкохол

Во текот на вчерашниот ден при спроведена акциска контрола од сообраќајната полиција санкционирани се 95 возачи поради управување возило под дејство на алкохол.

Како што информираат од МВР од нив, 18 се санкционирани на територијата на СВР Битола, а 17 на територијата на СВР Тетово.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР.

притисни ентер