„Вирусот дојде во Ком од Кина. Еден трговец од Ком, кој почина од вирусот, редовно патувал кон Кина. Летовите меѓу двете земји беа укинати, но тој патувал со индиректни летови“, изјави министерот за здравство Саид Намаки.
Ширењето на вирусот во Иран ги натера повеќето соседни земји денеска да воведат заштитни мерки.
Турција ја затвори границата со Иран и ги прекина летовите од таа земја за да спречи ширење на коронавирусот, рече денеска министерот за здравство.
Железничкиот и патниот сообраќај со Иран е во прекин откако во 3 часот по полноќ, изјави министерот за здравство Фахретин Коџа. Воздушниот сообраќај од Турција кон Иран е редовен.
Владата во Кабул „привремено забрани“ патување од Авганистан кон Иран и обратно за да се спречи ширењето на вирусот во земјата, соопшти денеска Советот за национална безбедност, пренесува Франс Прес.
„Одлука за привремено забрана за патување до и од Иран“ по земја и воздух е донесена „да се запре ширењето на коронавирусот во Авганистан“, каде досега не се откриени случаи на заболување, се додава во изјавата на советот објавена по веста за три нови смртни случаи во Иран.
Пакистан денеска објави дека ја затвора границата со Иран поради стравувањата од коронавирусот.
„Ние ја затворивме границата со Иран заради информации за случаи на коронавирус во таа земја“, рече висок владин претставник во провинцијата Балучистан, долж иранската граница.
Кувајт денеска забрани влез на сите бродови од Иран „до поинаква одлука“ поради коронавирусот, објавија пристанишните власти во Персискиот Залив.
„Оваа одлука е дел од мерките за спречување на ширењето на вирусот во земјата“, рече шефот на пристаната служба на Кувајт, Јусеф Абдула, пренесува државната новинска агенција КУНА.
Кувајт ги евакуира своите граѓани од Иран.
Ирак во четвртокот објави дека ќе им забрани на патниците од Иран да влезат во земјата од страв од ширење на коронавирусот, пренесе Dpa.