Расте бројот на пациенти кои се на кислородна поддршка во штипскиот Ковид центар

Во штипскиот Ковид центар секојдневно се зголемува бројот на пациенти, кои се на кислородна поддршка. Во овој центар, во кои се лекуваат пациенти од целиот исток на постојана кислородна поддршка се вкупно 56 пациенти.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека потрошувачката на кислород е голема и таа деновиве е над 800 литри. Сите пациенти кои се во модуларната болница се на кислородна поддршка, во овој објект пополнети се 47 те болнички кревети, а на Инфективното одделение имаат исто така 47 пациенти. Здравствениот персонал се грижи и медицински третман дава на вкупно 94 пациенти.

– Веќе бараме начин и деновиве ќе го реализираме со тоа што ќе обезбедиме резервоар за кислород, кој ќе се приклучи на централниот довод во модуларната болница. Медицинскиот кадар е веќе исцрпен, не само поради тоа што секојдневно ја води битката и се спасуваат човечки животи, тие мора и на раце да ги растовараат и внесуваат боците со кислород, вели Ѓеорѓијев.

Тој денеска го честита Денот на здравствените работници. Забележа дека и годинава ќе нема свеченост, бидејќи лекарите, медицинските сестри, техничари, болничари и хигиеничари се на своите работни места. Благодарниците и наградите на тие кои заминуваат во пензија или слават јубилеји ќе им бидат врачени поединечно.

Фото: Иванишевиќ и Селеш како деца

Легендарниот екс југословенски тенисер Горан Иванишевиќ, сега тренер на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи објави фотографија стара повеќе од 30 години.

Старата фотографија ги разбудила спомените на Горан од времето на поранешна Југославија.

На носталгичната фотка тинејџерот Горан Иванишевиќ се ракува со едно насмеано девојче, за оние кој не ја препознаваат, тоа е некогашната најдобра светска тенисерка славната Моника Селеш.

-Добри стари времиња со една од најдобрите на сите времиња, Моника Селеш. Мислам дека немавме поим што ќе постигнеме во годините кои доаѓаа, напишал Иванишевиќ во описот на сликата.

Моника и Горан подоцна го достигнаа светскиот врв. Иванишевиќ го оствари сонот со освојување на Вимблдон, а Моника Селеш владеше со светскиот тенис со до трагичното ранување во Хамбург во 1993 година од луд навивач на ривалката Штефи Графт.

Селеш во кариерата освои девет Грен слем титули.

Фото: Карлеуша во ленти

Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно се разголе на социјалните мрежи.

Популарната Карли уште еднаш ги воодушеви своите фанови со бујните облини покриени со минијатурни врвки.

Јелена нема проблем да позира во костим за капење или во долна облека, но со последниот избор на гардероба ги изненади сите. Карлеуша одлучила да се фотографира во минијатурен градник и уште помали гаќички врзани со ленти.

Во оваа прилика може да се каже дека Карлеуша покажа скоро се. Нејзините фанови за „храброста“ ја наградија со рекорден број од 70 илјади лајкови.

Флик на излезната врата на Баерн Минхен

 По само две години работа и освоени титули меѓу кои и во Лигата на шампионите, Ханси Флик си заминува од германскиот гигант  Баерн Минхен на крајот на сезоната.

Иако се споменува дека ќе стане селектор на Германија, тоа не е причината за заминувањето туку конфликтот со директорот на баварците Хасан Салихамиџиќ.

Германските медиуми остро коментираат дека откако Салхимаиџиќ е дојден на функцијата, Баерн кој беше познат по сигурноста за тренерите и работата на долги патеки, сега го смени курсот и пребрзо ги менува шефовите и тоа со добро завршена работа.

Се тврди дека од истите причини Баерн предвреме ги набрка Нико Ковач и Карло Анчелоти.

Критиките одат до таму што на Баерн јавно му се упатува прашање...дали е можно секогаш да се виновни тренерите, а директорите да се во право?

притисни ентер