Распишан тендерот за изградба на брана на реката Отиња

Министерството за транспорт и врски распиша јавна набавка за избор на најповолен понудувач за изградба на брана на реката Отиња.

Како што соопшти денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, проценетата инвестициска вредност за изградба е 460 милиони денари или 7,5 милиони евра. Средствата се обезбедени од Буџетот на Министерството за транспорт и врски, а рокот за реализација е планиран на 30 месеци.

Браната е со висина од 34 метри и е во непосредна близина на градот, а ќе биде наменета за технолошка вода и за заштита од поплави, додека во втора фаза и за производство на електрична енергија. Според министерот, местото ќе биде и рекреација за штипјани и за други граѓани од државата.

Браната е неколку децениски сон на штипјани. Таа ќе биде можност за иден развој на градот во наредните години и децении со што Штип ќе добие нова реалност. Кога ја преземав градоначалничката функција, пред неполни три години, не затеков никаква документација. Готов проект немаше во Општината. Влегов со огромен ентузијазам за реализација на овој капитален проект. Многу луѓе ме одвраќаа од намерата, не веруваа дека е возможно, ме предупредуваа на внимателен пристап затоа што многу децении ова останало само ветување. Но, знаев дека ако работиме посветено резултатите ќе дојдат, рече Бочварски на прес-конференција.

Како претходен градоначалник на Општина Штип, тој, заедно со сите вклучени институции и експерти го изработил проектот, бил донесен ДУП, се обезбедило одобрение за градба и биле одобрени средства од Владата.

Заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов истакна дека денеска е посебно важен ден за Штип, зашто почнува процесот за изградба на најважниот проект за градот, брана на река Отиња.

-Почнува остварувањето на повеќедеценискиот сон на штипјани за брана на реката Отиња. Денеска јавноста е сведок дека преминуваме од зборови на дела. Беа потребни тони хартија за да се изработи проект, да се обезбедат и добијат сите потребни дозволи, документи, проценки, за конечно да го направиме овој значаен чекор, распишување на јавна набавка за избор на најповолен изведувач на овој капитален објект, истакна Миланов.

Бочварски и Миланов посочија дека во овој процес заслуга имаат луѓе и многу институции меѓу кои, поранешните министри за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и Трајан Димковски, поранешниот министер за транспорт и врски, Горан Сугаревски, како и премиерот Зоран Заев кој, рекоа, секогаш имал слух за потребите на граѓаните./МИА

Во чест на Мирко Попов промоција на винил издание - ПОП КУЛТУРА

 Во Eдукативниот културен центар „Лабораториум“ вечер ќе се одржи промоција на првата винил компилација посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари - ПОП КУЛТУРА, во рамки на платформата „Силата ЕУ Младите“.

Настанот е во чест на неодамна починатиот Мирко Попов, кој ја основа платформата „Силата ЕУ младите“, која ја издаде плочата.

Како што соопштија од тимот „Силата ЕУ Младите“, компилацијата претставува значаен историски документ и запис за времето и квалитетот на македонската поп музичка сцена на докажано најквалитетниот носач на звук и се уште најценетиот во светот на музиката (винил), што е куриозитет на домашната сцена.

Компилацијата опфаќа селекција песни од најрепрезентативните млади автори на македонската поп музичка сцена: Аудио Цигла (Audio Cigla), Миа Перевска (Mia Perevska), Дина Јашари (Dina Jashari), Андреја Салпе (Andreja Salpe), Зи (Zee), Јанг Дади (Young Dadi), Матеј Фолтц (Matej Foltz) и веќе признаениот музичар Слаткаристика (Slatkaristika).

Музичкиот избор оваа вечер ќе биде на диџеите на младиот колектив Македонско Улично Радио: Скам, Аудио Цигла и Демиџ Контрол. Промотивниот настан се реализира во соработка помеѓу Силата ЕУ Младите“, Македонско Улично Радио и Лабораториум.

Платформата „Силата ЕУ Младите“, е еден од низата проекти иницирани и програмски уредени од Мирко Попов, кој континуирано и посветено работеше за поддршка на младите и креирање простор за нивно изразување, работа и препознавање како креативна и надоаѓачка сила во музиката и културата. Како продуцент и куратор го реализира и ова, 13-то по ред винил издание за дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“.

- Во издание на „ПМГ Рекордингс“, Попов реализираше 300 изданија македонска музика од македонски автори на македонски јазик. Затоа Мирко Попов е еден од најголемите чувари на македонскиот идентитет. Ако Југославија го имаше „Пакет Аранжман“ во 1981, како пресек на тогашниот нов бран, Македонија денес го имановиот бран на поп музика на компилацијата ПОП Култура, чија историска вредност ќе се покаже во годините што доаѓаат. Голема радост за Мирко беше оваа плоча, чија промоција за жал не успеа да ја дочека, а во негова чест ќе ја промовираме овој петок во Лабораториум, се вели меѓу другото во соопштението од тимот на „Силата ЕУ Младите“.

Битолскиот театар на меѓународен фестивал во Рума, Србија

Актерите на НУ Народен театар-Битола, Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов вечер во Рума, Србија на тамошниот меѓународен театарски фестивал ќе ја одиграат претставата „Кислород“ во режија на Иван Јерчиќ.

Фестивалот е со натпреварувачки карактер и освен македонските актери во конкуренција се и актери на театри од Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и домаќинот Србија.

Театарската претстава „Кислород“ е фокусирана на проблемите во животот, потребата на човекот да живее, или како што велат битолските актери, да се живее живот полн со љубов, среќа, емпатија и солидарност.

Претставата „Кислород“ почнува во 21 часот и ќе се одигра на сцената на Градски театар во Рума. /МИА

Бајден со помош на Обама и Клинтон собра рекордни 25 милиони долари за својата кампања

 Кампањата за собирање средства за американскиот претседател Џо Бајден со поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон генерира над 25 милиони долари, најголема собрана сума досега во историјата на САД.

Бајден синолќа со Обама и Клинтон учествуваше во дискусија во познатата њујоршка „Радио сити мјузикл хол“, модерирана од водителот на „Лејт шоу“ (The Late Show) Стивен Колбер.

Но, настанот неколку пати беше прекинуван од демонстрантите во салата, кои скандираа против политиката на Бајден за поддршка на Израел во војната со Хамас. Еден од демонстрантите извика „Срам да ти е, Џо Бајден“. Тие исто така го прекинуваа и говорот на Обама.

Демонстрантите го прекинаа и настапот на музичарите Квин Латифа, Лизо, Бен Плат, Синтија Ериво и Леа Микеле.

Влезниците за вчерашниот предизборен митинг на Бајден чинеа од 250.000 и 500.000 долари. Дел од донаторите позираа со претседателите, а фотографиите ги направи славната фотографка Ени Лејбовиц. /МИА

притисни ентер