Рашковски поднесе оставка од функцијата во Владата, Заев ја прифати

По еден месец од избивањето на скандалот со спорниот софтвер за сообраќајни прекршоци, Драги Рашковски си замина од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите на Владата. 

Во писмото поднесено на 12-ти април, адресирано до премиерот Зоран Заев, кој експресно ја прифати оставката, Рашковски наведува дека причините за повлекувањето се поврзани со зачувување на неговото достоинство и интегритет. Фотографијата од писмената оставка тој утринава ја објави на Фејсбук, над која напиша дека бил мета на лажни вести и ги повика институциите да ја проверат вистината.

„Кога политиката (политиканството) ќе станат погласни од природните науки, тогаш работната атмосфера станува непогодна за некој кој е научен во се да ја бара логиката.

За некој на кого во светски рамки има добиено досега 11 златни и 2 сребрени медали за своите иновации е деградирање на интелектуалниот капацитет споредбите кои се прават од страна на одредена јавност. Останува времето да покаже која е вистинската причина за тоа.“ стои во писмото кое поранешниот генерален секретар му го напишал на Заев.

Оставката била лична одлука на Рашковски, велат од Владата. Но и покрај неговото повлекување и активната истрага на Обвинителството и Антикорупциска, од таму остануваат на ставот дека набавката на софтверот вреден 80 илјади евра бил согласно Законот и дека изумот на Рашковски ќе биде ставен во употреба, без да наведат која институција ќе го користи имајќи го во предвид тоа дека МВР веќе се огради од набавката.

Повлекувањето од функцијата на Рашковски ја прокоментира и лидерот на ВМРО - ДПМНЕ Мицкоски, кој кажа дека оставка треба да си поднесе и целата влада.

„Срамота е ова што се случува. Оставката е прв морален чин иако требаше да се случи од порано, но ова треба да продолжи во континуитет и со владата. Како негов колега можам да кажам дека се срамам што мои колеги од Универзитетот иако сме на различни факултети“, рече Мицкоски.

Во меѓувреме се проверува и имотната состојба на Рашковски. Во неговиот анкетен лист фигурира земјиштето во с.Побожје на кое планира да изгради куќа од 800 метри квадратни, но овој имот е во сопственост на неговите две малолетни деца. Во податоците го нема џипот Волво кој вреди околу 70 илјади евра со кој Рашковски се поврзуваше. Неговата оставка нема да влијае врз отворените постапки велат од Антикорупциска која ја истражува и неговата инволвираност во аферата со италијанската компанија Леонардо за опрема на скопскиот аеродром.

Маркоска: ВМРО-ДПМНЕ е против се што е во интерес на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од блокадите за Законите кои носат подобар живот за сите граѓани, закони кои се во интерес на државата.

По секоја цена ВМРО-ДПМНЕ го кочи Законот со кој државата ќе добие нов, современ Клинички центар во Ѓорче Петров, Скопје, прв по 80 години.

Откако 11 години ги лажеа граѓаните дека ќе изградат нов Клинички центар, денес, кога се создадени сите услови за реализација на овој капитален проект, тие го кочат и блокираат.

Со ова ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски застанува против здравствениот систем и против здравјето на граѓаните.

Дека на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ единствена задача им е да го кочат секој закон кој е во интерес на граѓаните, докажуваат и блокадите на Законот за служба во Армијата.

Со 2.000 амандмани ВМРО-ДПМНЕ се противи на олеснување на условите за пензионирање, на поголеми отпремнини за припадниците на Армијата.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се против тоа војниците да имаат право на избор, се противи војниците да имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина по навршување на 45 години возраст, се противи и на дополнителните поволности при пензионирање.

Лажни и лицемерни се тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека со ова сакале да го подобрат овој Закон. Тоа што за Закон кој има 30тина членови, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесуваат 2.000 амандмани не е никакво подобрување, туку класична блокада на измените и дополнувањата на Законот.

Додека парламентарното мнозинство предводено од СДСМ работи во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ заради лични и дневнопартиски интереси кочи и блокира закони, ја опструира работата на Собранието.

Затоа шест пати се поразувани од граѓаните, затоа ги чека нов пораз на изборите на есен.

Прес-конференција на пратеничката на СДСМ Даниела Маркоска

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Зекири: Потпретседателите на партијата ги предлага претседателот по конгресот

Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири денеска не откри детали дали повторно ќе биде предложен за потпретседател на партијата.

Прашан дали на престојниот конгрес на партијата ќе биде предложен за потпретседател, Зекири на денешната прес-конференција, рече дека тоа е право на претседателот на партијата.

Потпретседателите на партијата, како што појасни, не се бираат на конгрес, туку нив ги предлага претседателот на партијата по конгресот.

– На конгресот не се избираат потпретседатели на партијата. Тоа право го има претседателот на партијата. Тој ги предлага потпретседателите по конгресот. Согласно статусот, сега имаме четири потпретседатели, но ова е право на претседателот на партијата, рече Зекири.

Уписот на ученици во прво одделение во Карпош се одвива непречено

Уписот на ученици во прво одделение, во сите десет основни училишта во Карпош се одвива непречено, информира Општина Карпош.

Од Општината информираат дека откако родителот или старателот ќе ја достави документацијата, Комисијата за упис на првачиња, составена од педагог, психолог и еден одделенски наставник спроведува интервју со децата кои од престојниот септември ќе бидат првачиња.

-Согласно податоците од Министерство за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика, во Карпош оваа година предвидено е да се запишат околу 778 првачиња, соопшти Општина Карпош.

Разговорите со идните ученици се спроведуваат согласно Протоколот за упис, а училиштата ги користат еко-училниците на отворено, каде што разговараат со ученикот и вршат проверка на основните вештини, се наведува во соопштението од Општината.

притисни ентер