Рашела Мизрахи во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гостуваше Рашела Мизрахи.

Мизрахи: Најголема одговорност за бегството на Мијлков е кај премиерот на државата и кај министерот за внатрешни работи.

Мизрахи: Партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе има редовен конгрес и тоа на 28ми и на 29ти ноември оваа година.

Мизрахи: Можеби некои пратеници од власта решиле да се ослободат од принципот „наредба е наредба“.

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“ овде.

Шетајќи се покрај плажа, нашла смрдлива грутка и дознала дека вреди цело богатство (ВИДЕО)

Среќна жена од Тајланд пронашла грутка од повраќаници од китови вредна 260.000 американски долари ,додека шетала на плажа.

49-годишната Сирипорн Ниамрин одела покрај плажата по бура кога забележала чудна грутка што морето ја исфрлило на брегот. Кога дошла да види за што станува збор, забележала силен мирис на риба.

Грутка тешка седум килограми, со широчина од 30 сантиметри и долга 60 сантиметри, ја однела дома мислејќи дека можеби ќе може да ја продаде и се покажало дека е во право.

Се испоставило дека открила грутка исушена повраќаница од кит, позната и како килибар, проценета на 260 000 американски долари.

Сирипорн моментално чека да ја посетат експерти кои треба да потврдат дека станува збор за вистински килибар, ретка состојка што се користи во производството на парфеми.

"Ако се покаже дека е вистинска килибар, ќе го продадам за да и помогнам на заедницата во која живеам. Среќна сум што најдов толку големо парче. Го чувам безбедно во мојата куќа", рече Сирипорн.

Амбрата се произведува од китови кога нивните жолчни канали во дигестивниот тракт создаваат секрети за да го олеснат минувањето на големи или остри предмети. Китовите потоа повраќаат слуз што се стврднува и плови во грутки на површината на морето, пишува „Дејли меил“.

Владата усвои во приватниот сектор да се почитува етничка, полова, и религиозна категорија

Од Владата соопштија дека денеска е прифатен Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и  услуги на пазарот на трудот за 2021 година.

Со него меѓу другото се предвидува, да се почитува принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна или било која друга ранлива категорија на граѓани во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот - стои во соопштението од Владата.

Грчката полиција разбила мрежа на криумчари со луѓе

Грчката полиција денеска објави дека успешно ја разбила мрежата на илегални трговци со луѓе и пасоши и уапсила шестмина осомничени.

Против сите осомничени веќе имало потерници под обвинение за основање на криминална организација за трговија со луѓе, нелегално преминување на граници, испраќање бегалци во европските земји и обезбедување на нивното криење.

Покрај шестмината осомничени, полицијата уапсила и петмина мигранти, одзеле повеќе од 70 пасоши, а целата акција била поддржана од ЕУРОПОЛ, пренесува агенцијата АНА.

притисни ентер