Така локалната самоуправа и „Комунална хигиена" од овој град, покрај расчистување на снегот низ градот, од улиците, пешачките патеки и јавните површини, пристапија и кон расчистување на свлечиштата што се појавија во текот на ноќта.
-Покрај проблемите што ги создаде снегот во текот на претпладнево, бевме приморани да ги санираме и свлечиштата кои се појавија на повеќе патни правци во општината. Едно свлечиште се појави на обиколницата околу Македонски Брод, каде што имаше одрон на камења и земја, кое беше брзо расчистено, додека повеќе време и ангажман ни беше потребен за свлечиштето што се појави кај село Слатина, бидејќи на патот имаше наталожено поголеми количества кал и земја, која требаше целосно да се отстрани од коловозот. По неколку часа беше расчистено и ова свлечиште и оспособен патот за непречено одвивање на сообраќајот, рече Жарко Ристески градоначалник на општина Македонски Брод.
Тој нагласи дека свлечиштата во овие влажни периоди од годината се честа појава, но, како што кажа, будно се следи состојбата за да не настане поголем прекин во овивање на сообраќајот во општината.