Рангелов: Создаваме нова иднина за Крива Паланка

Кандидатот за градоначалник на Општина Крива Паланка од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Рангелов, порача дека заедно со кандидатите за советници и носителот на кандидатската листа, Емил Спасовски, создаваат нова иднина.

Рангелов, порача дека заедно со кандидатите за советници и носителот на кандидатската листа, Емил Спасовски, создаваат нова иднина за Крива Паланка, гасификација со бесплатен приклучок до секој дом, затворен базен и современи училишта, како и помош за секое новородено дете во општината.

-Крива Паланка четири години има локална власт на лажни ветувања, безнадежност и апатија. Имавме градоначалник кој ја задолжи општината со околу 2 милиони евра, а сега неговиот внук се стреми кон уште поголеми задолжувања, изјави Рангелов, порачувајќи дека тука е крајот на водењето на општината како фамилијарен бизнис на СДСМ и дека започнуваат промените.

Рангелов истакна дека на 17 октомври граѓаните на Крива Паланка ќе кажат доста на расипништвото и ќе изберат промени, ќе изберат проекти кои значат еднакви можности за младите и сите граѓани, но и европска општина, а тоа го гарантира со неговгата програма која опфаќа над 150 проекти.

-Тоа се проекти од областа на инфраструктурата, туризмот, образованието, културата, спортот. Но, наш приоритет е гасификација на Крива Паланка со која евтиниот, еколошки и природен гас ќе биде достапен за граѓаните и компаниите. Ветуваме и бесплатен приклучок на гас до секое домаќинство со што ќе останат повеќе пари во семејниот буџет, училиштата ќе заштедат висок процент од буџетот кој го добиваат и средствата ќе бидат искористени за нивно осовременување, изјави Рангелов.

Тој додаде дека започнатата сала кај мотел „Македонија", ќе ја пренамени во затворен градски базен со цел подобрување на квалитетот на образованието преку развој на пливањето како спорт, додека повеќе општински објекти по европски стандарди ќе се пренаменат во домови за стари лица, а за младите брачни парови ќе се изгради и станбен објект.

– Ќе го реконструираме градскиот пазар, кој повеќепати во неделата ќе биде достапен за граѓаните, затоа што трудот и маката на земјоделецот мора да се исплати. Ќе го развиеме туризмот на локалитетот Калин Камен. Ова ќе значи почеток на планинскиот туризам на кривопаланечкиот дел на Осоговието, а тоа ќе иницира изградба на угостителски објекти, сместувачки капацитети и ресторани. Ќе инвестираме и во образованието, мора да има модерна инфраструктура и современи услови за учење за сите ученици бидејќи тие се нашата иднина, истакна Рангелов.

Во својата програма тој има решение и за проблемот со паркирање и ќе ја прошири главната улица со трета лента. Рече и дека ќе биде доизграден главниот фекален колектор по фази и ќе биде докомплетирана техничката документација за пречистителна станица.

– Ќе направиме целосна реконструкција на градскиот базен со поставување дополнителни содржини. Ќе доделуваме општински спортски и велосипедски ваучери за ученици и млади, а предност ќе им биде дадена на социјално ранливи категории. Ќе ги финансираме сите општински клубови. Еднократна парична помош за секое новородено дете. Ќе ги решиме проблемите со водоснабдување во населените места. Ќе изградиме детски катчиња и игралишта во сите населени места. Ќе изградиме каскадна галерија кај влевот на Дурачка Река во Крива Река, изјави Рангелов.

Тој посочи дека ова се само дел од проектите кои ги содржи неговата изборна програма и дека тоа се проекти кои сериозно ќе го променат животот во општината и ќе се залага за силна локална економија и младина која ќе остане да живее и создава во Крива Паланка.

Изречени 124 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

На територијата на СВР Битола, денеска во времето од 11:00 до 17:00 часот, спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 124 возачи.

Како што информираат од МВР, од нив 97 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 27 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Кинезите го цензурираат прикажувањето на гледачи без маски на СП во Катар

На Кинезите им е сè потешко да толерираат ограничувања, а во последните денови многу од нив учествуваа на демонстрации.

Кинеската телевизија, која емитува фудбалски натпревари од Светското првенство, повеќе не прикажува снимки од гледачи без маски, откако ваквите сцени ги налутија Кинезите кои повеќе не можеа да ги поднесат ограничувањата наметнати против ширењето на коронавирусот.

Кина е последната голема економија што ја продолжи политиката на нулта толеранција за ковид, што вклучува затворање цели населби или градови, прогласување екстремно долги карантини и спроведување масовни кампањи за тестирање.

На Кинезите им е сè потешко да толерираат вакви ограничувања, а во последните денови многу од нив учествуваа на демонстрации.

Во обид да избегне прикажување снимки од стадион полн со навивачи без заштитни маски, спортскиот канал „CCTV“ постојано за време на преносот на натпреварот помеѓу Јапонија и Костарика ги заменуваше сите снимки на кои се гледаат гледачи одблиску без маски со снимки од терен или гледачи, но од голема далечина, чии лица не се разликуваат.

Во исто време, нецензуриран пренос од натпреварот беше достапен за заинтересираните гледачи на интернет, вклучувајќи го и „Douyin“ и кинеската верзија на „TikTok“.

Десетици милиони жители на поголемите градови, вклучувајќи ги Пекинг, Гуангжу и Чонгкинг, се во еден вид карантин, додека снимките од Светското првенство покажаа толпи луѓе на стадионот без никакви здравствени ограничувања.

На популарната веб-страница „WeChat“ се појави отворено писмо во кое корисниците се прашуваат дали Кина е навистина на иста планета како Катар, а кинеската антикоронавирусна политика беше доведена во прашање, но властите брзо ја цензурираа.

Стотици луѓе протестираа во Шангај и Пекинг, протестирајќи против кинеската политика на нулта толеранција за корона. На улиците излегоа и жителите на Вухан, пренесе Индекс.хр.

Крај на рачните сопирачки?

Останаа само „траги“ во новите автомобили.

Работите во автомобилската индустрија брзо се менуваат, а доказ се мануелните менувачи и сопирачките, кои се повеќе исчезнуваат од производството со нови автомобили.

Една нова студија на „CarGurus“ во Велика Британија најдобро објаснува како функционира пазарот.

Само 13 проценти од новите возила се нудат со рачна сопирачка, што значи дека само околу еден од десет нови автомобили е опремен со класична рачна сопирачка, а останатите имаат електрични сопирачки за паркирање.

Некои марки како „BMW“ или „Peugeot“ целосно ги отстранија рачните сопирачки.

Само во последните 5 години, бројот на рачни сопирачки во возилата се намали од нешто повеќе од една третина од автомобилите на едвај повеќе од една осмина, пренесе „Revija HAK“.

притисни ентер