Рамо до рамо со граѓаните на Карпош,Гевгелија и Долнени:ЕУ носи економски развој, нови можности

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи заедно со Кети Василевска денеска беа во општина Карпош како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“.

-Имаме силна поддршката од САД и цела Европа за нашите следни чекори за членство во Европската Унија. Сите наши европски пријатели очекуваат од нас максимална одговорност за државничката одлука што треба да ја донесеме во наредниот период со измените на нашиот Устав. Заеднички е ставот на сите наши пријатели дека со тоа ќе направиме уште еден значаен чекор за просперитет и за европска иднина на сите македонски граѓани. Европа е нашиот дом. 30 години работиме напорно да ја реализираме стратешката цел – полноправно членство во ЕУ. А ЕУ значи повисок животен стандард, нови работни места, подобри услуги за граѓаните и повеќе можности за младите. Затоа, сите политички субјекти треба да се приклучат и да дадат поддршка да продолжи европскиот пат, посочи Битиќи.

Во општина Долнени беа Фарук Омери и Славица Грковска кои пред граѓаните порачаа дека годинешниот откуп на тутун и рекордниот износ на субвенции од 26 милиони евра исплатени кон тутунарите се доказ за вистинската грижа на СДСМ за сите земјоделци.

Борис Тунџев и Боро Еркечов со граѓаните на општина Гевгелија каде порачаа дека СДСМ во изминатите години инвестира во развојот на целокупната инфраструктура низ секој регион и дека покрај автопати, сериозно се инвестира и во локални патишта и улици и во развој и унапредување на железничкиот транспорт.

Денеска ја започнавме и обновата на и автопатската делница Демир Капија - Неготино, како дел од Коридорот 10. СДСМ покажа дека парите на граѓаните треба и може да се употребуваат одговорно и исклучиво за развојот на државата.

Македонските граѓани заслужуваат да патуваат по модерни и современи патишта, побрзо и побезбедно и да бидат поврзани со Европа и со светот, се наведува во соопштението на СДСМ.

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Јована Тренчевска денеска, како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“, беше меѓу граѓаните на општина Тетово, заедно со Марко Ѓорѓиевски.

На дело покажавме што значи вистинска грижа за граѓаните, за унапредување на стандардот. Со успешни, ефикасни политики ги зголемивме платите во сите сектори, минималната плата од нецели 9.000 денари, ја покачивме на над 20.000 денари. Заедно со пензионерите договоривме методологија за усогласување на пензиите, со која 330.000 пензионери добија покачување од 16 отсто само за една година, а следното зголемување ќе биде во септември, истакна Тренчевска додавајќи дека СДСМ низ социјален дијалог постигна минималната плата и пензиите континуирано да растат, без тоа да зависи од нечија политичка волја.

Тренчевска нагласи дека СДСМ посветено работи на намалување на невработеноста, која моментално изнесува 14 проценти.

Преку Оперативниот план за активни програми и мерки за 2023 година, обезбедуваме опфат на над 18.000 невработени лица или за 20 отсто повеќе од минатогодишниот Оперативен план за вработување. Трајно ги обезбедивме стечајните работници, ја зголемивме гарантираната минимална помош и воведовме државна социјална пензија. Тоа е вистинска грижа за секој граѓанин, порача Тренчевска во Тетово.

Во Ресен, рамо до рамо со граѓаните, заедно со Мухамет Точи, беше членот на Извршниот одбор на СДСМ Никица Бачовски, кој се осврна на успешните земјоделски политики на СДСМ

СДСМ е вистински партнер на земјодлеците. Само за овие два месеци исплативме над 60 милиони евра субвенции кон 78.000 земјоделци. Деновиве на сметките на околу 10.000 корисници легнаа 290 милиони денари дополнителни субвенции за овоштарство, истакна Бачовски во Ресен, додавајќи дека од оваа година субвенциите ќе се исплаќаат авансно, земјоделците ќе ги добијат средствата тогаш кога им се најпотребни.

Бачовски нагласи дека државата е лидер во регионот по искористеност на ИПАРД и веќе започнува новата ИПАРД 3 програма, со која се доделени нови 98 милиони евра, европски неповратни средства за нови инвестиции.

Караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ денеска беше и во Пелагонискиот регион, каде во Битола меѓу граѓаните беа членот на ЦО Оливер Спасовски и членката на ИО на СДСМ Мелиса Ценовска Серафимовска.

- Нашата држава, нашиот народ се исправени пред историска одлука да се продолжи европскиот пат на државата, преку усвојување на потребните реформи. Одговорност за тоа имаат сите 120 пратеници, сите политички субјекти, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ. Изборот е едноставен: Интеграција во ЕУ или изолација. А видовме како изгледа изолацијата од 2006 до 2016 година, порача Спасовски во Битола.

Собранието е нашиот храм на демократијата каде на прво место мора да биде она што е во интерес на државата, додаде Спасовски.

-Повикувам на разум, овој период мора да вложиме максимални напори преку парламентарен дијалог да постигнеме консензус за промена на Уставот. Опозицијата мора да се прилагоди на европските услови и самокритички да ги преиспита своите постапки, додаде Спасовски.

Во општина Могила беа претседателот на СДММ, Марко Михаилоски и Даниела Рендевска.

- Членството во ЕУ е децениска стратешка цел и врвен приоритет за младите. Како прогресивна младина, ги повикуваме сите политички чинители да дадат поддршка на процесот и да продолжиме со евроинтегративниот процес. Младите во секое населено место во државата заслужуваат да живеат и да ги имаат истите можности и услови како нивните врсници во Европа, истакна Михаилоски.

Во општина Кичево беше Каја Шукова која пред присутните порача дека Македонија веќе станува лидер на Балканот во делот на енергетска трансформација од обновливи извори и дека забрзувањето на европскиот пат ќе донесе пристап до нови фондови и нови проекти за заштита на животната средина и зајакнување на енергетската независност на државата, се наведува во партиското сооштение.

Мајката на осомничениот за убиството на Данка го искористи правото да не сведочи

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да не сведочи во обвинителството.

Како што пишуваат српските медиуми, таа го има тоа право како најблиска роднина на осомничените и е привилегиран сведок. Таа го искористи правото да не сведочи – изјави адвокатот Небојша Живановиќ.

Тројца членови на семејството Драгијевиќ беа уапсени за убиство на двегодишно девојче, но помладиот син почина во притвор од срцев удар неполни 48 часа по апсењето. Срѓан Јанковиќ од Лука и Дејан Драгијевиќ од Злот се осомничени за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ од Бор, по чие тело 12 дена континуирано се трага..

Аксиос: Американската министерка за финансии подготвува нови санкции за Иран

Американската министерка за финансии, Џенет Јелен, подготвува нови санкции против Техеран, како одговор на иранскиот напад врз Израел во текот на викендот, објави денеска американскиот портал Аксиос.

„Министерството нема да се двоуми да работи со нашите сојузници да ги искористи санкциите како можност да продолжи да го попречуваме малигниот ирански режим и нивните дестабилизирачки активности“, се наведува во текстот на документот што Јелен денеска ќе го прочита пред американската јавност, а до кој Аксиос имал претходен пристап.

Во текстот од изјавата на министерката се истакнува дека нападот од Иран и неговите помагачи ја нагласува важноста на Министерството за финансии да користи економски мерки за да се спротивстави на „злонамерните активности на Иран“, пренесуваат британските медиуми.

Јелен претходно истакна дека иранските акции ја загрозуваат стабилноста на Блискиот Исток и можат да предизвикаат економски проблеми, додавајќи дека САД ќе ја искористат можноста за санкции и ќе соработуваат со сојузниците. /MИА

Јанчев: 7 години континуирано се инвестира во подобрување на јавното осветлување

Општина Кавадарци во изминатите 7 години континуирано инвестира во подобрување на јавното улично осветлување, објави градоначалникот Митко Јанчев.

„☑️Реконструкција и замена на постоечките светилки.

☑️Модернизирање на целата светлечка мрежа.

☑️ Поставување на ново јавно улично осветлување.

Нека блеска нашето Кавадарци“, додава Јанчев.

притисни ентер