Македонија главната фаза ја отвора утре од 15-30ч. против Австрија

Македонската ракометна селекција е меѓу 24 најдобри репрезентации на 29 Светски шампионат.

Македонската ракометна селекција е меѓу 24 најдобри репрезентации на 29 Светски шампионат.

Црвено жолтите со победа, реми и пораз во групата Д против селекциите на Гвинеја, Унгарија и Холандија ја завршија првата фаза на мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.

Пред избраниците на Лазаров е главната мундијалска рунда, која нашиот тим ќе ја игра во за нас среќниот Вараждин во Хрватска.

-Се чувствуваме одлично, одигравме три одлични натпревари, штета што не одиме со повеќе бодови во втора фаза. Ја остваривме првата цел, одиме чекор по чекор, Австрија е квалитетен противник, но ќе дадеме сè од себе“, истакна младиот голман Марко Кизиќ по натпреварот.

Пред македонските ракометари кои цела една деценија се без победа над селекција од Европа на светските шампионати се нови три средби. Главната рунда ја стартуваме утре од 15-30 часот против тимот на Австрија, интересно тоа е последната европска селекција поразена од Македонија на едно првенство, посакуваме десетгодишниот пост да го прекинеме токму утре на отварењето на главната фаза.

Австрија игра солидно на овој шампионат во групата Ц оствари две победи и пораз. Но, нашите ракометри во претходните дуели покажаа дека имаат квалитет рамноправно да играат против секој ривал дури и против селекциите од светскиот врв.

-Не чекаат тешки противници кои бараат пред се една голема подготвеност, но ние сме на добар пат и ќе продолжиме да се бориме и се надеваме да ја радуваме публиката“, изјави искусниот македонски кружен напаѓач Жарко Пешевски.

Втор противник на црвено жолтите во главната фаза в четврток во попладневниот термин од 15-30 е селекцијата на Катар, а последниот меч во втората рунда го играме во сабота од 20-30 часот против еден од главните фаворити за златото трофејната Франција.

-Се подготвуваме за дуелот против Австрија во вторник. Благодарност до навивачите кои ни даваат голема поддршка. Ритамот е брз на сп, утре ќе правиме анализа за следниот меч со Австрија, но ова е неискусна и млада репрезентација, не можам да кажам колку ќе го прифатат тоа за краток период. Сепак, тука се навивачите и веруваме дека ќе ни помогнат“, изјави селекторот Кире Лазаров по крајот на првата фаза.

Македонскиот тим со поддршка од фалангата предводен од најдобриот стрелец во досегашниот тек на Мундијалот, Филип Кузмановски ако и во главната фаза одигра на нивото од средбите против Унгарија, и Холандија сигурно ќе донесе оствари резулат достоен за респект и нова историја.

Шампион со долг опсег: Новиот Grandland Plug-in Hybrid

Новиот Opel Grandland импресионира со својот атрактивен стил, револуционерни технологии, паметни решенија, многу простор и целосно електричната палета.

- Полн резервоар за гориво и батерија: новиот грандиозен SUV може да помине 1,115 km.

- Новиот SUV на тест: со plug-in hybrid во GS ниво на опременост може да поминете 380 km на електрична енергија без емисии, со едно полнење благодарение на регенеративното сопирање.

- Идеален за флотна продажба и физички лица: погон совршен за секој кој сака да патува на електрична енергија и сака да помине повеќе километри на особено ефикасен начин за заштеда на ресурси.

Grandland Plug-in Hybrid. Тимот на главниот инженер Dirk Kaminski, задолжен за Grandland, сега го стави на тест паметниот концепт на plug-in хибридниот погон. Неверојатните резултати ќе ги импресионираат компаниите и возачите на долги релации.

„Вредностите според WLTP се јасни: според официјалниот тест циклус, новиот Grandland Plug-in Hybrid овозможува опсег (комбинирано) до 897 km, од кои до 87 km на електрична енергија“, изјави Dirk Kaminski. „Но помисливме: ајде да видиме што навистина може да направи автомобилот. Нашиот нов грандиозен SUV дефинитивно ќе ја пробие границата од 1.000 km со полн резервоар за гориво и батерија. Да не заборавиме дека, Grandland е целосно произведен во Германија и излага од производната лента во ултрамодерната фабрика во Eisenach. Го ставивме на тест во услови кои се реално и полоши отколку во официјалниот тест циклус.

Од полн до потполно празен: поминати 1.115 km под неповолни услови

Додека вредностите според WLTP се одредуваат на температури од околу 23оС, новиот Grandland Plug-in Hybrid тргна на ветровито и дождливо јануарско утро на свежи 11оС. Соодветно за сезоната со зимски пневматици од 19 инчи наместо летни пнематици со помал отпор на тркалање и во комплетното GS ниво на опременост. Единствениот услов беше: „SUV возилото да има полн резервоар за гориво и целосно наполнета 17,9 kWh батерија. Возиме сè додека не се испразнат резервоарот за гориво и батеријата“.

Рlug-in hybrid возилото ги комплетира типичните возни рути од областа Rhine-Main околу Риселсхајм и Франкфурт до областа Rhine-Neckar и назад. Рутите вклучуваа автопат со слободно одвивање на сообраќајот, со сообраќајни застанувања и сообраќаен метеж, како и рурални патишта и градски сообраќај, вклучително и застанувања на семафори. Реален тест што ги одразува вистинските секојдневни барања на многу возачи на службени автомобили.

Резултатот или растојанието што Grandland Plug-in Hybrid, кој испорачува моќност од 143 kW (195 КС) и 350 Nm максимален вртежен момент, го постигна со само едно полнење на резервоарот и на батеријата, ги надмина очекувањата на тимот на Opel: со просечна брзина од 80 km/h и високо ефикасна вкупна просечна потрошувачка на гориво од 4 km на 1 km. Новиот SUV помина вкупно 1.115 km во четири етапи (прекинати со паузи за исполнување на законските услови за придржување до времето на возење). Plug-in Hybrid возилото извозе нешто повеќе од една третина од вкупното растојание, или поточно 380 km, на електрична енергија и без емисија на штетни гасови.

„Фактот што Grandland постигнува такви извонредни вредности под овие околности, а на крајот на тестот температурите се спуштија на само 4оС, уште еднаш потврди дека создадовме автомобил кој е револуционерен во секој поглед со погонски концепт кој е целосно погоден за секојдневна употреба. Високо ефикасниот мотор со внатрешно согорување и електромоторот работат во совршена хармонија“, рече Kaminski. „Повеќе од тоа: секој пат кога ќе забавите, погонската единица се префрла на електрична енергија. Ова е можно затоа што регенерираната енергија се користи за електрично напојување на автомобилот што значи дека долгите дестинации може да се поминат со мали и средни брзини без емисии.

‘Greenovation’ à la Opel: SUV кој овозможува заштеда на ресурси

Затоа, новиот Opel Grandland Plug-in Hybrid е идеален избор за возење на електрична енергија при извршување на секојдневите активности, како службено возило за поминување на долги релации и за возачи кои сакаат да бидат особено ефикасни во однос на ресурсите и да не се вознемируваат за опсегот. Не само употребата на рециклирани материјали и отсуството на хром покажуваат што значи пристапот ‘Greenovation’ на Opel и одржливоста кај новиот грандиозен SUV. Тоа импресивно го покажуваат и резултатите од тестот.

Бројните други квалитети кај целосно новиот Grandland ги прават секојдневните службени патувања, како и долгите патувања уште попријатни: ергономските седишта сертифицирани од Aktion Gesunder Rücken e.V. (AGR) обезбедуваат опуштено задоволство при возење. Патентираната ергономска карактеристика Intelli-Seat е стандардна кај сите предни седишта. Со технологии како што се Intelli-Lux HD светлата без отсјај, предниот екран Intelli-HUD или осветлената, проѕирна Pixel Box, возачите на Grandland се совршено опремени.

На крајот од тестот, останува едно последно прашање: кое растојание би можело да помине новиот Grandland Plug-in Hybrid со полн резервоар и полна батерија под идеални услови за тестирање (на пример, на почетокот на летото)? Увидот што ние како тим го добивме до досега се извозени 1.115 km: под оптимални услови, сигурно би било можно уште повеќе“, рече Kaminski.

За повеќе информации и нарачки на новиот Opel Grandland обратете се во Еуроимпекс или дилерската мрежа.

Јанчев: Започна асфалтирањето на локален пат Ресава-Косовец

Започна асфалтирањето на локален пат од село Ресава до м.в Косовец, на површина од 1400м2, и истиот опфаќаше одводнување, тампонирање и асфалтирање.

Капитален проект кој е инвестиција од Влада на Република Македонија, изведувач на работите е фирмата Градба Промет, соопшти првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Мобилно оперативно возило за Црвениот крст како донација од Амбасадата на САД

Црвениот крст денеска како донација од Амбасадата на САД во земјава доби мобилно оперативно возило.

Мобилното оперативно возило претставува оперативно комуникациски мобилен центар и ќе овозможи справување и брзи и ефикасни одлуки за делување во кризни состојби, поврзување со сите институции вклучени во системот за кризен менаџмент, како и со мобилните тимови на терен.

притисни ентер