Радуков:Македонија побара струја по цена близу до производната, правиме напори да ја обезбедиме

Македонија од Бугарија побара сериозна количина на струја по цена поблиска до производната отколку до пазарната, соопшти државниот експерт во бугарското МНР, Жељазко Радуков на денешниот брифинг.

Македонија има сериозен проблем со обезбедување на енергија. Земјата не е членка на ЕУ и прогласи енергетска криза, што и дозволува да ги игнорира сопствените регулаторни механизми, рече тој.

Бидејќи сме членка на Европската унија, правиме напори да помогнеме на начин што го бара Македонија, а да не ја прекршиме регулативата на европската унијата. Опцени радуков.

Неговата изјава следи додека траат разговорите меѓу Скопје и Софија за прецизирање на цената на струјата за околу 200 мегават часови, што беше договорена за време на неодамнешната посета на премиерот Ковачевски на Бугарија.

ДИК : Силјановска Давкова со 37,80 % , Пендаровски 18,66 % од гласовите

Според податоците на Државната изборна комисија , на 59,61 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 37,80%

На второ место е Стево Пендаровски со 18,66 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 15,63 % , Максим Димитриевски 8,09% , Арбен Таравари 11,39 % , Билјана Ванковска 4,49 % и Стевчо Јакимовски 0,96%.

Стево Пендаровски

97.592 | 18,66%

Гордана Сиљановска Давкова

197.741 | 37,80%

Стевчо Јакимовски

4.997 | 0,96%

Бујар Османи

81.748 | 15,63%

Билјана Ванковска Цветковска

23.472 | 4,49%

Арбен Таравари

59.591 | 11,39%

Максим Димитриевски

42.296 | 8,09%

(21.05 ч.) ВМРО-ДПМНЕ на 61% : Силјановска 246977 , Пендаровски 115722гласови

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 60 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со преку 130.000 гласови пред Пендаровски

ДИК : Силјановска Давкова со 37,07% , Пендаровски 18,29 % од гласовите

Според податоците на Државната изборна комисија , на 50,24 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 37,07%

На второ место е Стево Пендаровски со 18,29 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 16,33 % , Максим Димитриевски 7,87% , Арбен Таравари 12,07 % , Билјана Ванковска 4,38 % и Стевчо Јакимовски 0,97%.

притисни ентер