Радев дава зелено светло за Албанија, за Македонија ќе требало уште време

„Да“ за Албанија, „не“за Македонија. Бугарскиот претседател Радев уште еднаш го потврди ставот дека засега нема промена во нивната позиција околу евроинтеграциите на двете земји.

Радев дава зелено светло за Албанија, за Македонија ќе требало уште време

Тој дава целосна поддршка за Албанија што поскоро да ги почне преговорите за членство во ЕУ, а од друга страна, и по средбата со неговиот португалски колега остана на оценката дека Македонија не ги исполнила барањата од пакетот 4+1 и треба уште да работи за Софија да даде зелено светло.

- Беше изгубено значајно време да се бараат други начини за да се отвори вратата за почетни преговори за членство. Така што ќе ни треба повеќе време, а на Македонија посебно да ги исполни барањата на тој пакет, изјави Радев.

Ако до јуни не се тргне ветото за земјава, Албанијаќе го зголемува притисокот кај клучните европски играчи за самата да продолжи по европскиот пат, оценува професорот на Универзитетот во Грац, Марко Кмезиќ, кој беше во Скопје за дебата организирана од Институтот за европска политика..

- Мораме да ја гледаме и геополитичката ситуација, кризата во Украина и што се не. Такви сигнали пристигнуваат особено од Германија кадешто има нова влада, дека би можело да дојде до тоа раздвојување на претпристапните преговори на Македонија и Албанија, изјави проф. Кмезиќ.

Иван Новосел од хрватскиот институт за човекови права, пак е дециден дека ЕУ не смее да прифати билатераалните прашања да станат услов за интеграцијата на земјите од Западен Балкан..

- Јас мислам дека е ужасно голем проблем билатералните прашања да го оптеретуваат процесот на пристапни преговори. Хратска го имаше тоа искуство со Словенија поврзано со Пиранскиот Залив со границата на море и на копно, што со политички притисок успеа да се надмине. Понатаму ние не успеавме да го решиме тоа билатерално прашање. Мислам дека треба политички да се инсистира дека тие работи не треба да се носат во процесот на преговарање., вели Новосел.

До каде се преговорите меѓу Скопје и Софија околу спорните политичките прашања, информација нема, но во Бугарија се појавија сомнежи кај дел од владините коалицони партнери и кај опозиицјата, дека премиерот Петков дал ветување во ЕУ дека во јуни ќе го крене ветото. Тие особено се подгреаа по средбата на германската шефица на дипломатијата Бербок со бугарската колешка Генчовска, па ГЕРБ во петок ја повика во собранието да реферира за состанокот и позициите..

Европската Унија подготвува економска одмазда: Трамп ќе збесне, ако дојде до тоа

Европската унија подготвува одговор на новите царини за увоз на автомобили што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Европската комисија (ЕК).

Европската Унија подготвува економска одмазда: Трамп ќе збесне, ако дојде до тоа

Портпаролот на ЕК, Олоф Гил, изјави за новинарите дека ЕУ жали што новите американски царини за земјите-членки на ЕУ ќе стапат на сила следната недела, нагласувајќи дека Брисел се подготвува за тоа, пренесе Ројтерс.

Гил изјави дека не може да даде точен датум кога ЕУ ќе воведе реципрочни царини против САД, но рече дека може да даде гаранции дека одговорот ќе биде навремен и силен и дека ќе ги постигне предвидените ефекти.

Велика Британија не сака да ја ескалира трговската војна со САД, изјави британската министерка за финансии Рејчел Ривс, додека Франција и Германија бараат силен одговор на Европската унија на новите американски царини што ја погодија европската автомобилска индустрија.

„Трговските војни не се добри за никого. Во моментов не сме во позиција да преземеме мерки кои би можеле да доведат до ескалација“, изјави Ривс за Sky News, одговарајќи на прашањето дали Британија ќе воведе реципрочни царини против САД.

Од друга страна, германскиот министер за економија Роберт Хабер оцени дека воведувањето царини за увозните автомобили, што Трамп го најави во средата, бара одлучен одговор од ЕУ.

Францускиот министер за финансии Ерик Ломбард рече дека се надева дека ќе разговара за пониски царини со САД „што е можно поскоро“.

Трамп во средата објави царини од 25 отсто за увезените возила, што ескалирајќи ја глобалната трговска војна и предизвикувајќи критики и закани за реципрочни мерки од засегнатите сојузници на САД, објави Ројтерс.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го опиша потегот како „лош за бизнисите, полош за потрошувачите“.

Фон дер Лајен рече дека ЕУ ќе продолжи да бара решенија преку преговори, истовремено зачувувајќи ги своите економски интереси.

Никола Јокиќ се врати по повредата со трипл – дабл

Кошаркарите на Денвер синоќа на домашен терен го совладаа Милвоки со 127:117 и со тоа го забележаа 46. сезонава во НБА лигата.

Никола Јокиќ се врати по повредата со трипл – дабл

Најефикасен во тимот на Денвер беше српскиот репрезентативец Никола Јокиќ, кој во првиот натпревар откако се врати на паркетот по повредата забележа трипл-дабл со 39 поени, 10 скокови и 10 асистенции. Српскиот центар ги пропушти претходните пет натпревари на Денвер поради повреда на зглобот.

Во редовите на Милвоки поради повреда отсуствуваа Јанис Антетокумпо и Демијан Лилард.

Денвер е трет во Западната конференција со 46 победи и 28 порази, додека Милвоки е шести на Истокот со 40 победи и 32 порази. /МИА

Брачна двојка од Јапонија сe депортирани поради скандалозно однесување на Кинескиот ѕид

Маж и жена од Јапонија биле уапсени и депортирани од Кина поради „скандалозно однесување“ за време на нивната посета на Кинескиот ѕид.

Брачна двојка од Јапонија сe депортирани поради скандалозно однесување на Кинескиот ѕид

Сѐ почнало невино, или барем засегнатите така мислеле, кога сопругот решил да се пошегува па го покажал задникот додека жената го фотографирала на Кинескиот ѕид. Меѓутоа, тој чин, којшто според кинеските закони се смета за „навреда на јавната пристојност“, предизвика бес и доведе до брза депортација на прекршителите, истакнувајќи го судирот на културните норми меѓу Јапонија и Кина, пишуваат кинеските медиуми.

По инцидентот, обезбедувањето на историскиот споменик веднаш реагирало и ги приведе мажот и жената. Поради нивните постапки, тие биле уапсени и две недели биле в затвор пред депортацијата во Јапонија.

Јапонското Министерство за надворешни работи потврди дека туристите „на крајот биле ослободени и вратени во Јапонија“ и оти тоа се случило во јануари, иако веста е објавена сега.

За време на нивниот разговор со дипломатите и надлежните кинески власти, ослободените се правдале дека тоа било шега. Но, нивното објаснување не ја намалува сериозноста на културниот престап и прекршувањето на законските прописи во Кина.

притисни ентер