Работник пријавил физички напад од претпоставениот во Кавадарци

Триесет и тригодишен кавадарчанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од неговиот претпоставен. Нападот се случил во фабриката во која работи.

– Вчера во ОВР Кавадарци, Р.С.(33) пријавил дека во кавадаречка фабрика во која работи, бил физички нападнат од неговиот претпоставен, на возраст од 39 години, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонски државјанин е фатен во Драч со 300 килограми кокаин

Во Драч, Албанија биле откриени и запленети околу 300 килограми кокаин, скриен во кутии со логоа на Чикаго Булс, Пари сен Жермен и Диор, при контрола на македонски камион што превезувал железо.

Информацијата е објавена и на официјалниот фејсбук профил на албанската полиција.

Дрогата била сокриена во камион со македонски ознаки, што требало да замине за Италија. Како што информираат од албанската полиција, со камиотнот управувал македонскиот државјанин 40-годишниот Н.А. кој веднаш бил уапсен.

Според албанските медиуми , возачот на камиониот е македонскиот државјанин Назиф Ајроски , а дрогата требало да стигне во Неапол , Италија. Тој во полицијата рекол дека е само возач и дека не знаел дека во камионот имало дрога. Рекол дека со години превезува градежни материјали на меѓународни рути и не е поврзан со никаков транспорт на дрога.

Кокаинот бил спакуван во пакети со лого на светски познатите брендови „Чикаго Булс“, „Кензо“, „Диор“, како и под логото на францускиот ПСЖ.

Загина млад мото-каскадер, вежбајќи да постигне Гинисов рекорд (ВИДЕО)

Каскадерот на мотоцикли, Алекс Харвил загинал вчера додека тренирал за да го сруши светскиот рекорд во скокање со мотори, пишуваат американските медиуми. Тој имал 28 години.

Алекс планирал да го сруши светскиот рекорд на Австралиецот Роби Медисон од 2008 година, на 106 метри. Неговиот подвиг бил закажан за вчера, веднаш по тренингот што го чинеше живот.

Снимката од тест скокот, изведена од Алекс на меѓународниот аеродром во округот Грант, се појавила на социјалните мрежи и покажува како неговиот мотор удира директно во горниот раб на ридот што му служел на Харвил како рампа за слетување. Од ударот тој излетал од моторот.

Харвил бил оженет и е татко на два сина, од кои помладиот е роден минатиот месец. Во 2013 година тој веќе стана Гинисов рекордер во скок во далечина на мотор.

Германија ги избриша Франција, Грција и Шпанија од списокот на ризични земји

Германија ги отстрани Франција, Грција, Швајцарија и делови од Шпанија од својата листа на земји во висок ризик поради ковид-19.

Промената стапува на сила во недела, а оние што пристигнуваат од овие земји во Германија нема да повеќе задолжително да презентираат негативен тест или да останат во карантин 10 дена.

Земјите како Грција и Шпанија, кои економски се потпираат на туризмот, соопштија дека нивните економии страдаат од ограничувањата на патувањата воведени за време на пандемијата, пишува ДВ.

Но, оваа промена на правилата важи само за оние кои патуваат по копно. Патниците со авион сепак при влез во Германија ќе треба да презентираат негативен тест, потврда за вакцинација или доказ дека биле заразени со ковид-19.

Голем број други места се отстранети од списокот на земји со висок ризик, вклучувајќи ги Белгија, јужна Данска, Естонија, Јордан, Литванија, три провинции во Холандија, Норвешка, неколку региони во Словенија и Света Луција.

притисни ентер