Работен ручек на Фон дер Лајен со лидерите од Западниот Балкан

За време на посетата на Брисел, Мицкоски ќе биде придружуван од министрите на надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински и за европски прашања Орхан Муртезани.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен утре ќе има работен ручек со шесте лидери на државите од Западниот Балкан, на кој ќе се разговара за меѓусебните односи и за имплементацијата на Планот за раст на регионот, информира денеска портпаролката на ЕК за соседска политика, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро.

Таа истакна дека на работниот ручек се поканети премиерите на Македонија, Христијан Мицкоски, на Албанија, Еди Рама, на Косово, Албин Курти и на Црна Гора, Милојко Спајиќ, претседавачката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Во однос на Планот за раст на Западниот Балкан, Писонеро информира дека Европската комисија во моментов ја финализира проценката на доставените реформски агенди на земјите од Западниот Балкан поврзани со него, а кои се однесуваат на социо-економските аспекти и на областа на основните права.

- Кога ќе ги завршиме овие проценки, ќе се консултираме со земјите членки на претстојниот ИПА Комитет и во случај на позитивна оценка од страна на ИПА Комитетот, ќе ги одобриме реформските агенди, истакна Писонеро, додавајќи дека по ова ќе следи подготовката за исплата на првите транши од Инструментот за раст и реформи на Западниот Балкан.

[Внимателно ја следиме состојбата во Израел, значајното зголемување на насилствата, вклучително и постојаниот напад од ракетен оган од појасот Газа кон Израел. Испалувањето на ракети од Газа н]

Инаку, за време на престојот на премиерот Мицкоски во Брисел, во текот на утрешниот ден предвидени се негови средби и со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман.

За време на посетата на Брисел, Мицкоски ќе биде придружуван од министрите на надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински и за европски прашања Орхан Муртезани. Предвидено е Муцунски да се сретне и со генералниот секретар на НАТО во заминување, Јенс Столтенберг и да се обрати на приемот организиран во седиштето на Алијансата во Брисел по повод Денот на независноста – 8 септември. /МИА

Опожарен контејнер во скопско Ѓорче Петров

Непознати сторители во текот на изминатиот викенд опожариле еден контејнер наменет за одлагање комунален отпад лоциран на главната улица во скопската општина Ѓорче Петров.

Опожарениот контејнер, како што денеска соопштија од ЈП Комунална хигиена-Скопје, бил со зафатнина од 3,2 м3 и бил целосно уништен и неупотреблив.

Од почетокот на годинава биле опожарени вкупно 19 пластични контејнери поставени на јавни површини. Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, ЈП Комунална хигиена-Скопје во најкус можен рок сите опожарени садови има заменето со нови.

ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира да престане уништувањето на садовите за одлагање отпад, за екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа.

Роналдо е првиот играч во историјата кој постигнал 600 голови на врвно ниво

Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо викендот постигна еден гол на натпреварот од 6. коло на шампионатот на Саудиска Арабија против Ал-Оруба (3:0).

Според Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (IFFHS), овој гол за 39-годишниот напаѓач беше 600-ти во кариерата на највисоко ниво (во врвните дивизии на првенствата на земјите во кои играше играчот).

Роналдо е првиот фудбалер во историјата кој стигна до 600 погодоци.

Второто место по бројот на голови на највисоко ниво во историјата го зазема напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси (556).

Кристијано Роналдо игра за Ал-Наср од 2023 година. Претходно, фудбалерот настапуваше за Спортинг (Португалија), Манчестер јунајтед (Англија), Реал Мадрид (Шпанија) и Јувентус (Италија).

На годишнината од нападот на Хамас, Херцог го повика светот „да го поддржи Израел во борбата“

На годишнината од нападот на Хамас, Херцог го повика светот „да го поддржи Израел во борбата против неговите непријатели“.

Претседателот на Израел, Јицак Херцог, на првата годишнина од невидениот смртоносен напад на палестинската група Хамас на израелска територија, денеска го повика светот „да го поддржи Израел во борбата против неговите непријатели“, пренесуваат француските медиуми.

„7 октомври 2023 година остава белег на човештвото, белег на лицето на Земјата и светот мора да го сфати и разбере ова за да го промени текот на историјата“, рече Херцог во изјавата објавена од неговата прес канцеларија.

„За мир и подобра иднина на регионот, светот мора да го поддржи Израел во неговата борба против неговите непријатели“, се додава во изјавата на Херцог.

Тој денеска ќе претседава со комеморативната церемонија во Сдерот, еден од градовите најтешко погодени од крвавиот напад на Хамас, јавија претходно француските медиуми.

Во нападот на палестинските милитанти, што ја поттикна војната во Појасот Газа, а потоа и воените дејствија во Либан, Во Израел беа убиени над 1.200 лица, а 251 беа земени како заложници.

притисни ентер