Путин збеснал поради екоцид кој што сакале да го скријат од него

Рускиот претседател Владимир Путин прогласи состојба на катастрофа откако повеќе од 20.000 тони дизел се истуриле во реката Амбарнаја која се наоѓа во рамките на Арктичкиот круг.

Истекувањето се случило во петокот кога се расипал дизел резервоар лоциран веднаш до електраната во градот Норилск. Со електраната управува компанијата Nornickel, чии фабрики ја претворија оваа област во една од најзагадените во светот, пишува британски The Guardian.

Преку видео конференција, Путин остро ги обвини сопствениците на компанијата, откако се дозна дека тие се обиделе да го прикријат инцидентот.

- Зошто надлежните дознаа за ова два дена по инцидентот? Дали треба да дознаеме за ваквите настани од социјалните мрежи? Дали сте здрави? – му рече рускиот претседател на Сергеј Липин, шеф на НТЕК, подружница на Норникел.

Норникел одговори дека НТЕК навремено реагирала на инцидентот.

Гувернерот на регионот Краснојарск, каде што се наоѓа Норилск, го информирал Путин дека дознал за ситуацијата во недела, кога биле објавени алармантни вести и фотографии на социјалните мрежи.

Путин, кога дознал што се случува, изјавил дека станува збор за состојба на национална катастрофа.

Тој наредил и детална истрага предводена од руското државно обвинителство. Поточно, започнати се три кривични истраги во кои едно лице досега е приведено.

Судот го поништи указот со кој Аја Софија стана музеј

Судот во Турција денес го поништи указот на Владата од 1934 година, со кој Истанбулската Аја Софија ја претвори во музеј.

Во образложението на решението, судот наведува дека решението е нелегално, со што се отвори патот некогашната црква и музеј повторно да се претвори во џамија, и покрај повиците од светот да не го сторат тоа.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган предложи статусот на џамијата да биде обновен за локалитетот за светско наследство на УНЕСКО.

Аја Софија беше централното место на Христијанска Византија и Муслиманската Османлиска Империја и сега е еден од најпосетуваните споменици во Турција.

Одлуката ја донесе Државниот совет, највисокиот управен суд во Турција.

ДУИ бара Уставен суд да овозможи регистрирање на лица во изолација и деновите до 15 јули

Заштита на граѓаните е важно, но треба и да се гарантира право на глас и не смее да се негира. 

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи побара во име на партијата Уставниот суд веднаш да закаже вонредна седница за да донесе времена мерка и да се суспендира одредбата со која се ограничува регистрација на луѓето кои се во изолација само до 8 јули да имаат право на глас. Според него треба да се суспендира уредбата бидејќи денеска и утре има луѓе кои ќе се упатат во самоизолација поради Ковид-19 и не ќе можат да гласаат.

-Втор начин со одлука на ДИК или на Комисија за заразни болести да им се овозможи тие што се во изолација во меѓувреме да направат тест и доколу се негативни да можат во среда да гласаат и со тоа да им се гарантира правото на глас и никој да не го оспори легитимитетот на изборниот процес. Заштита на граѓаните е важно, но треба и да се гарантира право на глас и не смее да се негира. Само денес имаме 205 нови позитивни помножете го тоа со бројот на контакти кои тие ги имале и тие што ќе одат во изолација. Тоа е можна бројка од 2000 граѓани што само денеска им се негира правото на глас. А ако тоа го множиме до денот на избори то значи дека околу 10 илјади граѓани ќе немаат право на глас, истакна Бујар Османи од Тетово.

Според него сите политички партии треба да се фокусираат да се најде решение бидејќи ова прашање не го засега само ДУИ, туку сите етнички заедници и партии.

Венеција го тестира контроверзниот систем против поплави

Венеција денеска започна со првото генерално тестирање на контроверзниот нов систем на брани, чија цел е заштита на градот од големи поплави.

Проектот МОСЕ од 5,5 милијарди евра е засенет од скандалите со корупција и го надмина крајниот рок. Работата започнала во 2003 година и се очекува да заврши во декември 2021 година.

МОСЕ е обоена со „јасни епизоди на корупција и криминал“, но „да се фокусираме на целта: сите треба да се надеваме дека функционира“, рече италијанскиот премиер Џузепе Конте, кој отпатува за Венеција за да го означи почетокот на тестирањето.

Инженерите изградија брани на три влеза во Венецијанската лагуна што треба да се активираат кога нивото на водата надминува 1,1 метар.

Денес, овие брани, составени од 78 подвижни бариери под морето , или челични порти, треба да бидат за прв пат подигнати во исто време. Нивната цел е да спречат бранови од Јадранското Море да ја поплават венецијанската лагуна.

„Ве молиме, започнете со изградба на четирите брани“, рече Конте.

Градоначалникот на Венеција Луиџи Бруњаро напиша на Твитер дека МОСЕ е „огромно достигнување“ и резултат на „италијанската генијалност“, иако задоцнето.

Заштитата од поплави е клучна за Венеција, особено откако скоро рекордниот бран од 187 сантиметри во ноември му нанесе огромна штета на градот заштитен од УНЕСКО.

притисни ентер