Путин збеснал поради екоцид кој што сакале да го скријат од него

Рускиот претседател Владимир Путин прогласи состојба на катастрофа откако повеќе од 20.000 тони дизел се истуриле во реката Амбарнаја која се наоѓа во рамките на Арктичкиот круг.

Истекувањето се случило во петокот кога се расипал дизел резервоар лоциран веднаш до електраната во градот Норилск. Со електраната управува компанијата Nornickel, чии фабрики ја претворија оваа област во една од најзагадените во светот, пишува британски The Guardian.

Преку видео конференција, Путин остро ги обвини сопствениците на компанијата, откако се дозна дека тие се обиделе да го прикријат инцидентот.

- Зошто надлежните дознаа за ова два дена по инцидентот? Дали треба да дознаеме за ваквите настани од социјалните мрежи? Дали сте здрави? – му рече рускиот претседател на Сергеј Липин, шеф на НТЕК, подружница на Норникел.

Норникел одговори дека НТЕК навремено реагирала на инцидентот.

Гувернерот на регионот Краснојарск, каде што се наоѓа Норилск, го информирал Путин дека дознал за ситуацијата во недела, кога биле објавени алармантни вести и фотографии на социјалните мрежи.

Путин, кога дознал што се случува, изјавил дека станува збор за состојба на национална катастрофа.

Тој наредил и детална истрага предводена од руското државно обвинителство. Поточно, започнати се три кривични истраги во кои едно лице досега е приведено.

Во Крива Паланка до 11 часот 21.45 отсто излезеност

До 11 часот излезеноста во Општина Крива Паланка изнесува 21.45 отсто, додека во Ранковце 14.65 отсто од граѓаните кои излегле на гласање.

-Од вкупниот број избирачки места во Крива Паланка – 47, обработени се податоци од 39, а според процентот на излезеност, 21.45 и обработени избирачки места, до 11 часот гласале 3644 гласачи од вкупно 16.986 избирачи со право на глас, рече претседателот на ОИК, Крива Паланка, Душко Арсовски.

Во општина Ранковце до 11 часот излезеноста е 14.65 отсто, додека во Кратово од обработени податоци од 23 од вкупно 37 избирачки места, излезеноста е 14.41 отсто.

Русите се приближуваат до бројот од 750.000 ресгитрирани случаи на Ковид-19

Бројот на случаи со коронавирус во изминатите 24 часа во Русија порасна за 6.422 на вкупно 746.369, соопшти денес Центарот за борба против коронавирусот.

Според податоците од кризниот центар, во изминатите девет дена, дневниот раст на заразени не надминал 0,9%, пренесе „Тасс“.

Во Москва се забележани 628 нови случаи на Ковид-19, додека во Санкт Петербург 264.

Според наводите на кризниот центар, до сега се излекувале вкупно 532.249 луѓе.

Во текот на изминатите 24 часа починале 156 лица, што е помалку во однос на вчера, кога тој број изнесува 175.

Вкупниот број на починале во Русија изнесува 11.770.

Чиле со кучиња ќе трага по заболени со коронавирус

Полицијата од Чиле започна да дресира кучиња за пронаоѓање на заболени со корона, кучињата  го откриваат присуството на вирусот преку потта на пациентите.

Обуката на кучињата започнала пред еден месец на примероци од пот земени од пациенти заболени со корона кои се на болничко лекување.

Три златни ретривери и еден лабрадор, стари меѓу 4 и 5 години кои досега се користеле за пронаоѓање на дрога, експлозив и исчезнати лица се првите кучиња на оваа обука.

Овој програм на обука настанал во соработка на чилеанската полиција со карабинерите и универзитетските стручњаци. Слични иницијативи неодамна започнале во Франција и Велика Британија.

Кучињата имаат 330 милиони сензори за мирис и нивната способност за откривање е 50 пати поголема од способноста на луѓето.

притисни ентер