Путин со критики до САД:Укинувањето на незаконските санкции би му помогнале на светот

Рускиот претседател Владимир Путин рече на Генералното собрание на ООН дека СЗО треба да се зајакне за да го координира глобалниот одговор на пандемијата на коронавирус и предложи конференција на високо ниво за соработка во развојот на вакцините.

„Предлагаме да се одржи онлајн конференција на високо ниво, која би се одржала наскоро, за земјите кои се заинтересирани да соработуваат во развојот на вакцините против коронавирус“, рече Путин.

„Ние сме подготвени да го споделиме искуството и да продолжиме да работиме со сите држави и меѓународни субјекти, вклучително и во снабдувањето на други земји со руската вакцина, што се покажа како сигурна, безбедна и ефикасна“, рече тој.

Русија беше првата земја што даде регулаторно одобрување за новата вакцина против коронавирус пред да заврши студијата, предизвикувајќи загриженост кај научниците и лекарите за безбедноста и ефективноста на руската вакцина.

Сепак, неколку земји сега размислуваат да усвојат мерки за забрзување на одобрувањето на вакцините.

Путин ги критикуваше САД, велејќи дека укинувањето на „нелегитимните санкции“ ќе му помогне на светот да се опорави од пандемијата на коронавирусот.

„Општо, ослободувањето на светската трговија од бариери, забрани, ограничувања и нелегитимни санкции би одело далеку при ревитализација на глобалниот раст и намалување на невработеноста.

Путин исто така предложи водечките сили да потпишат обврзувачки договор со кој ќе се забрани „поставување оружје, закана или употреба на сила врз вселенските објекти“.

Модел снима од нејзиниот заден џеб да види колку луѓе зјапаат во неа (видео)

Откако го видела трендот на Тик Ток, моддлот Алексис Морган решила да го стави телефонот во задниот џеб за да може да снима додека се шета. 

Идејата била снименото видео да покаже колку луѓе, воглавно мажи, зјапаат во личноста додека ги вршат секојдневните работи.

Оваа 24-годишна девојка од Мајами, Флорида, открила дека различни мажи го креваат погледот за да ја видат одзади. Во една од снимките, мажите ги вртат главите за 180 степени, дури и заземаат позиции за подобро да ја видат Алексис. Други пак, и даваа знак на одобрување додека минувала покрај нив. Еден маж се приклештил на подот и ја завртел главата за подобро да ја види Алексис, а двајца мажи во ресторан подзинале додека ја гледале.

Алексис тој тренд го воведе на нејзиниот профил на Инстаграм каде има 4 милиони следачи.

Моделот исто така ги забавувала снимките за да го фати погледот на мажите кои зјапале во неа, но ги додала и гласовите за да се пошегува со сето ова.

Британски специјални сили за 9 минути нападнаа танкер со нафта со цел да фатат шверцувани патни

​Се појавија нови детали за драматичната рација на Британските специјални сили вчера на Островот Вајт. 

Седум лица беа приведени по инцидентот на „Нејв Андромеда“, чиј екипаж во неделата наутро објави сигнал за тревога по стравот од обидот за киднапирање од страна на шверцувани патници. Извештаите сугерираат дека Специјалната служба за бродови (СБС) ја презела контролата во рок од девет минути по влегувањето во храбар воздушен и поморски напад. Четири хеликоптери се обиделе да им помогнат на 22-цата членови на екипажот, при што 16 лица се качиле на бродот од воздух, велат извештаите. Една фрегата, за која се веруваше дека е „ХМС Ричмонд“, исто така беше во состојба на готовност. Рацијата беше овластена од министерот за одбрана Бен Валас и министерот за внатрешни работи Прити Пател во неделата вечерта по 10-часовниот тензичен метеж. За екипажот се вели дека е „безбеден и здрав“.

Во неделата, „Тајмс“ објави четири воени хеликоптери - за кои се претпоставува дека два од нив се „Мерлин Мк 4“, „Дива мачка“ и „Чинук“ – тие ги довеле 40-те лица на местото каде се смета дека бил киднапиран бродот „Нејв Андромеда“. Весникот цитираше извор од одбраната, кој рече дека околу 16 членови на Специјалната бродска служба се качиле на бродот со поддршка на воздушни снајперисти и го обезбедиле за девет минути. Новите слики исто така покажуваат дека танкерот со нафта безбедно пристигнува во Саутемптон во понеделникот наутро, неколку часа по редовното време на пристигнување во 10.30 часот. СБС е елитна поморска единица за борба против тероризмот на Кралската морнарица, а најголем дел од eкипажот се Кралски поморски командоси кои, како што се вели „се специјализирани за храбри ненадејни напади“.

Најдено новороденче на аеродром,сите патнички завршиле во притвор (ВИДЕО)

Катарските власти ги информирале властите во Австралија дека извадиле тринаесет патнички од авион на аеродромот во Доха, каде што им бил извршен детален преглед за да се утврди дали се поврзани со оставањето на новороденче на аеродромот.

Австралија денеска ги осуди катарските власти за соблекување и пребарување на 13 патнички на летот кон Сиднеј кои биле подложени на детален преглед за да се утврди дали се поврзани со раѓањето на тоа бебе.

Патничките на „Катар ервејс“ на летот 908 до Сиднеј биле подложени на детален медицински преглед на аеродромот „Хамад“ во Доха и затоа летот бил одложен.

Еден од патниците рекол дека во авионот слушнале порака во која жените биле повикани да го напуштат авионот.

Австралиското Министерство за надворешни работи ги опиша постапките на катарските власти како несоодветни.

"Инцидентот е многу вознемирувачки и насилен. Никогаш не сум чул за сличен случај во мојот живот. Ние недвосмислено им го пренесовме нашиот став на катарските власти", изјави австралискиот министер за надворешни работи Мариз Пејн, потврдувајќи дека очекува детален извештај од катарските власти оваа недела, за да донесе одлука за следните чекори, објави АП.

По враќањето во Австралија, патничките од Катар заминале во карантин, каде ја добиле целата неопходна медицинска нега и психијатриска помош.

Новороденчето, патем, сè уште не е идентификувано, но е предадено на надлежните медицински и социјални служби, објавиле властите на аеродромот во Доха.

притисни ентер