Путин побара итен состанок на Советот за безбедност на ООН поради иранското прашање

Претседателот на Русија, Владимир Путин, повика денеска на самит на петте постојани членки на Советот за безбедност на ООН и Иран да разговараат за иранското прашање, а францускиот претседател веднаш се обрати и рече дека е подготвен да учествува.

Информациите доаѓаат во време кога Советот за безбедност одржува остра дебата за резолуцијата на САД за продолжување на меѓународното ембарго за продажба на оружје за Техеран, што е во сила до 18 октомври.

„Дебатата за иранското прашање во Советот за безбедност на ООН станува сè позатегната. Ситуацијата се влошува“, објави Путин соопшти Кремљ, осудувајќи ги „неоснованите обвинувања против Иран“.

Тој ги критикуваше „нацрт-резолуциите што сакаат да ги уништат едногласните одлуки на Советот за безбедност“.

Во овој поглед, Русија предлага „да се организира виртуелна средба што е можно поскоро“ на претседателите и владите на постојаните членки на Советот (Русија, САД, Франција, Велика Британија, Кина) и германските и иранските лидери.

Во тој формат, познат како 5 + 1, се водеа преговорите со Иран и беше потпишан договор за иранската нуклеарна програма, од која подоцна се повлече Вашингтон.

„Намерата е да се воспостават мерки за да се спречи конфликтот и да се влоши ситуацијата во Советот за безбедност на ООН“, рече рускиот претседател.

„Прашањето не може да се одложи“, соопшти Путин, предупредувајќи на „зголемувањето на тензиите“ и „високиот ризик од вистински конфликт“.

Францускиот претседател Емануел Макрон е подготвен да учествува на виртуелната средба предложена од Путин, соопшти Елисејската палата.

„Ние во принцип ја потврдуваме можноста за учество“, се вели во соопштението.

Ембаргото за вооружување на Техеран истекува на 18 октомври според условите на резолуцијата за одобрување на меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма потпишан во јули 2015 година од Иран и петте постојани членки на Советот за безбедност на ООН плус Германија.

Вашингтон, кој еднострано се повлече од договорот во мај 2018 година и воведе остри санкции кон Иран, сака да го продолжи ембаргото за продажба на конвенционално оружје за Техеран.

Кина и Русија, кои имаат право на вето во Советот за безбедност, се спротивставуваат на продолжување на ембаргото.

Минатата недела дипломатите во Њујорк изјавија дека очекуваат Советот строго да ја отфрли резолуцијата на САД, што може да предизвика долготраен спор што ќе има последици по нуклеарниот договор за Иран.

Именувани тројца судии и двајца бранители на Судот на правдата на ЕУ

Комитетот на постојани претставници на земјите членки на ЕУ (КОРЕПЕР) именуваше тројца судии и двајца бранители на Европскиот суд на правдата. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, станува збор за Германецот Томас фон Данвиц и Летонката Инета Зимеле, кои се реизбрани за судии, како и за Французинот Стефан Жервасони, кој првпат е именуван за судија на Судот на правдата.

Членовите на КОРЕПЕР, исто така, го реизбраа Французинот Жан Ришар де ла Тур за бранител во Судот, а на ова должност во прв мандат е именуван и Луксембуржанецот Дин Шпилман.

Именувањата се извршени во рамки на процесот на делумна обнова на составот на Судот на правдата на ЕУ. Мандатите на петмината именувани ќе траат од 7 октомври 2024 година до 6 октомври 2030 година.

Судиите и бранителите на Судот на правдата на ЕУ се назначуваат со согласност на владите на земјите членки на Унијата, по консултации со посебен панел одговорен за давање мислење за соодветноста на потенцијалните кандидати за извршување на должностите. Тие се избираат од редовите на истакнати правници, кои претходно извршувале високи функции во правосудните системи на своите матични земји.

Баерн го вброи Емери во кандидатите за тренерската позиција

Актуелниот бундеслигашки шампион Баерн Минхен размислува за следната сезона на тренерското место да го донесе предводникот на Астон Вила, Унаи Емери.

Според „TZ“ тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо е главна цел на клубот од Минхен, но поради силниот интерес за Шпанецот од Ливерпул, кој на крајот на сезоната ќе го напушти Јирген Клоп, германскиот клуб размислува за други опции.

Претходно беше објавено дека Баерн размислува и за Роберто Де Зерби од Брајтон, како и за селекторот на германската репрезентација Јулијан Нагелсман.

Во февруари, Баерн најави заминување на главниот тренер Томас Тухел од клубот на крајот на сезоната 2023/24.

Џафери – Коцевски: Ефикасност од институциите за фер избори

 Претседателот на техничката Влада Талат Џафери денеска се сретна со јавниот обвинител на Република Македонија Љупчо Коцевски.

Средбата се реализираше на барање на премиерот Џафери, согласно законската надлежност на Владата за организирање фер и демократски избори, соопшти владината прес-служба.

Џафери на состанокот ја истакна недвосмислената определба на Владата за реализација на избори коишто ќе ја одразат реалната волја на граѓаните. Притоа, посочи дека активностите на Владата се одвиваат според законските надлежности, а лично тој и претставниците на Владата се водат од наратив за позитивна клима во предизборието.

Од страна на јавниот обвинител Коцевски беше поздравена оваа иницијатива на премиерот Џафери, која е во насока на координирање на активностите за успешно спроведување на изборите, со поддршка од сите институции кои се дел од овој процес. Коцевски изрази целосна поддршка за активностите за препознавање индиции и пресретнување на евентуални дела спротивни на заложбите за спроведување законски и фер изборни процеси.

Заеднички е констатирано дека двојните избори во државава се од исклучителна важност во рамки на очекувањата за напредок на Република Македонија во евроинтеграцискиот процес. И во таа насока е потенцирана улогата на сите надлежни институции и потребата од ефикасно дејствување, со цел спроведување фер и демократски изборни процеси. Нагласено беше очекувањето од двете страни, дека сите учесници во изборите го согледуваат својот дел од одговорноста и ќе придонесат во поттикнувањето и одржувањето атмосфера на конструктивност, се вели во соопштението од владината прес-служба.

притисни ентер