Путин и Бајден во Женева се среќаваат во замок од 18. век (ВИДЕО)

Средбата меѓу претседателите на Русија и Соединетите држави, Владимир Путин и Џозеф Бајден, ќе се одржи во Вила Ла Гранж во Женева, соопшти денеска швајцарското Министерство за надворешни работи.

Швајцарските власти во вторникот на 10 дена го затворија јавниот парк во Женева „Ла Гранж“, чиј централен дел го зафаќа истоимената вила, што Министерството го потврди на Твитер дека ќе биде местото за средба на двајцата лидери .

Вилата потекнува од 18 век и се користи повеќе од 100 години за приеми организирани од градските власти.

Ова место, меѓу другото, било домаќин на усвојување на Женевската конвенција, иницирана од основачот на Црвениот крст Жан-Анри Динан, а папата Павле VI одржа миса во паркот во 1969 година, на која се собраа приближно 70.000 луѓе, според веб-страница на градот.

Безбедносните тимови поставија знаци на затворање околу оваа област, го пренасочија сообраќајот и го поместија блискиот паркинг, а поставена е и двојна ограда околу паркот, пренесува АП.

Екипите задолжени за одржување на зеленилото напорно работат на уредување на огромните тревници и градини каде што кедровите се стари повеќе од 200 години и кои се спуштаат кон Жевското езеро.

Швајцарските власти сметаат дека сето ова треба да обезбеди доволно дискретно и инспиративно опкружување за руско-американскиот самит в среда, на крајот на првото странско дипломатско патување на Бајден откако стана претседател во јануари.

Фото: Нивес повторно провоцира

Хрватската пејачка и манекенка повторно ги остави без здив нејзините фанови.

Таа овој пат е облечена во боите на Хрватска за да им пружи поддршка на фудбалските репрезентативци кои учествуваат во ЕУРО 2020.

- И денес сончање во соодветни бои ... Каде го гледате натпреварот? - напиша Нивес.

„Ма каква Карлеуша, бомба си “, стои во еден од коментарите на фотографијата.

Затворена најголемата онлајн продавница за украдени податоци

„Slilpp“ - најголемата онлајн продавница со украдени податоци, конечно е затворена.

„Slilpp“ постои од 2012 година и се проценува дека сопствениците на оваа страница заработиле милиони долари.

Тие продавале украдени податоци, од обични налози за плаќање преку Интернет до податоци за кредитни картички, тековни сметки во банка и тн.

За девет години се проценува дека е направена штета од 200.000.000 американски долари преку оваа страница.

Продадени се повеќе од 80 милиони податоци за најавување на одреден налог.

Околу 1.500 компании настрадаа од „Slilpp“ .

Интернет експерти предводени од експерти од Соединетите Американски Држави конечно и ставија крај на оваа страница и таа е под контрола на ФБИ.

Фото: Ким Кардашијан има необично Ламборџини

Ким својот автомобил го обложи сто ткаенина која наликува на крзно.

Тешко дека на обожувателите на Ламборџини би им се допаднала оваа идеја, но зад екстравагантниот потег стои добро смислен маркетинг.

Имено, Ким го направи своето Ламборџини Урус во крзно со цел да ја промовира својата продавница „Скимс“.

Ова сигурно не е најчудниот персонализиран автомобил на некои од личностите од светот на шоу-бизнисот што сме го виделе досега, но Ким успеа во тоа што го посакуваше - да го привлече вниманието на обожавателите кон нејзината продавница.

притисни ентер