Путин ги седна на маса Пашинјан и Алиев: Треба да соработуваме (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се сретна со ерменскиот премиер Никола Пашинјан и со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев и рече дека трите земји треба да ги зајакнат врските.

„Ние сме со векови дел од истата држава, а нашите историски врски се длабоки“, рече Путин, отворајќи ја средбата со Пашинјан и Алиев.

„Не би сакал да пропаднат. Напротив, мора да се обидеме да ги обновиме и одржуваме“, посочи тој, пренесе ТАС С.

„Многу е направено во изминатата година за да се реши ситуацијата во Нагорно-Карабах, но, за жал, не се решени сите проблеми, рече рускиот претседател, отворајќи ги трилатералните разговори со претседателот на Азербејџан и премиерот на Ерменија по повод првата годишнина од потпишувањето на заедничка изјава на 9 ноември 2020 година по воените дејствија во зоната на конфликтот во Нагорно-Карабах.

„Навистина, многу е направено во овој период. За жал, не се решени сите проблеми. Знам за инцидентите на границата и за трагичните инциденти кога луѓе загинаа и беа ранети од двете страни“ - рече Путин.

Според рускиот претседател, ваквите случувања бараат посебно внимание на лидерите.

„Впрочем и затоа се собравме денеска овде - да избегнеме вакви инциденти во иднина. Но, генерално, многу е направено во текот на годината“ – рече Путин.

Ерменија е подготвена да го започне процесот на разграничување со Азербејџан, изјавил премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан на средбата со Путин и Алиев во Сочи.

„ Отворањето на сите сообраќајни и економски комуникации ни е исто така многу важно и искрено сме заинтересирани за решавање на овие прашања“ - посочил тој.

Баку високо ја цени поддршката на Москва во дефинирањето на границата меѓу Азербејџан и Ерменија, изјави азербејџанскиот претседател Илхам Алиев за време на трилатералната средба.

„Ние, исто така, високо ја цениме поддршката, вклучително и консултативната помош, (во однос на разграничувањето на азербејџанско-ерменската граница). Границата меѓу Азербејџан и Ерменија не е демаркирана. Затоа во повеќе наврати изјавивме дека сме подготвени што поскоро да го започнеме процесот на демаркација“, посочи тој.

Митрески од Струга: Младите не смеат да бидат жртви на политичари без став и без визија

„Во Струга ги реновиравме буквално сите училишта и спортски сали и изградивме три нови сали. Го реконструиравме затворениот пливачки базен, тројно ја покачивме минималната плата. “

Ги дуплиравме странските инвестиции. Ги зголемивме пензиите за над 50%, ги покачивме платите во сите сектори. Но, тоа не е доволно. Поминавме и поминуваме сериозни економски последици од КОВИД кризата, но и од војната во Украина. Затоа ни е потребна ЕУ. За побрзо да ги донесеме европските стандарди дома“, порача Јован Митрески, носител на ИЕ 5 на СДСМ и Коалицијата за европска Македонија на вечерашниот собир во Струга.

Тој нагласи дека платите и пензиите ќе растат побрзо, инфраструктурно побрзо ќе се развиваме, туристичка сезона ќе има преку целата година, полесно ќе се развива езерскиот, планинскиот и руралниот туризам, само со поддршка на ЕУ.

Митрески додаде дека е лесно со шпекулаци да будиш најдлабоки чувства кај секој Македонец за мајчиниот македонски јазик, да зборуваш за македонскиот јазик како бугарски дијалект, а притоа да не гласаш за Договорот со ФРОНТЕКС, прв договор потпишан на македонски јазик со сите земји членки на ЕУ вклучувајќи ја и Бугарија.

„Лесно е само декларативно да велиш дека си за ЕУ, а да правиш се за да не станеш дел од ЕУ. Лесно е, ама не е чесно на граѓаните да им ја крадеш иднината за мали, ситни, бедни политички поени и борба за власт. Не вреди борбата за власт ако се загрози иднината на државата. Државата мора да оди напред. Не смееме да дозволиме младите да бидат жртва на политичари без став, без визија кои освен за својата фотелја и желба за власт не мислат на ништо друго“, нагласи Митрески и додаде дека изборот е или интеграција или изолација.

Тој ги повика стружани да се обединат и да не дозволат да се вратат оние кои ја доведоа Македонија до бездна и од неа направија заробена држава.

„Да застанеме сите обединето и сложно зад планот за европска Македонија. Да застанаме сите обединето и сложно зад бројот 1.Заедно и сложно да постигнеме уште една победа за европска Македонија“,се наведува во партиското соопштение.

Одбива да плати казна за сообраќаен прекршок, зашто била напишана на македонски јазик (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци се обидуваат да излезат на крај со човек кој одбива да зборува македонски и постојано инсистира комуникацијата да се одвива на албански јазик, објави ТВ Стар.

„Тој не сака да ја прими казната за направен сообраќаен прекршок, затоа што таа била напишана само на македонски јазик.

Според објавите на Икс, најверојатно станува збор за активист на политичка партија,кој со својот мобилен телефон ја снима целата ситуација.

– Ти си македонски државјанин, мора да знаеш македонски јазик, не си странски државјанин – на културен начин и со смирен тон му вели еден од полицајците и му ја подава казната.

Најголем дел од корисниците на социјалните мрежи упатуваат поддршка до полицајците, кои, според нив, професионално си ја завршиле својата работа“, објави телевизијата.

Скокнал од опасна карпа во море, но згрешил во проценката (Вознемирувачко видео)

На социјалните мрежи кружи застрашувачка снимка од несреќата во Тенерифе кога е повреден 40-годишен турист, најверојатно Британец.

Решил да скокне од високите карпи во море, но погрешно проценил и се забил во острите карпи. По ударот паднал во вода.

По несреќата, очевидци скокнале во водата за да му помогнат на човекот, а спасувачите биле повикани на местото на настанот.

Инцидентот се случил во понеделникот, околу 14 часот, во близина на пештерата Чарко Ел Танкон на северот на Тенерифе.

На ова место животот го загубија неколку туристи, а пристапот инаку е забранет, пренесува Експрес.

Како што е познато, лекарите констатирале сериозни повреди на долните екстремитети, а моменталната состојба на мажот не е позната.

притисни ентер