Путин ја испрати пораката во последните седум дена од прогласувањето за промена на уставот, прва од 1993 година, а анкетите предвидуваат дека повеќе од две третини од гласачите ќе ги поддржат.
Се предлагаат измени што ќе му овозможат на Путин да се кандидира за два шестгодишни мандати, откако овој ќе му истече во 2024 година.
Тоа би можело да го задржи на власт 67-годишниот претседател до 2036 година, иако самиот Путин тврди дека сè уште не донел одлука за тоа што ќе прави.
"Ние не гласаме само за амандмани. Ние гласаме за земјата во која сакаме да живееме, со современ систем на образование и здравствена заштита, за земјата во која работиме и сакаме да ја оставиме на нашите деца и внуци", рече Путин.
"Само преку развој можеме да гарантираме стабилност, безбедност, просперитет и живот вреден за живеење на луѓето. Нашиот суверенитет зависи од нашата одговорност, нашите искрени чувства на патриотизам и грижа за татковината", додаде тој.