Путин бара конкретен договор за неширење на НАТО кон исток

Рускиот претседател Владимир Путин денеска повика на „конкретен договор“ кој ќе го спречи ширењето на НАТО на исток и распоредувањето на вооружени системи во близина на руската граница и предложи да се разговара за ова прашање.

Веста доаѓа во време кога тензиите меѓу Русија и Западот продолжија да растат во последните неколку недели, бидејќи западните земји изразија загриженост поради можна руска инвазија на Украина.

„Во дијалогот со САД и нивните сојузници, ќе работиме на постигнување конкретен договор кој би спречил какво било проширување на НАТО на исток и распоредување на вооружени системи кои ни се закануваат во непосредна близина на руската територија“, рече Путин.

„Предлагаме да започнат важни преговори за ова прашање“, додаде тој на церемонијата на приемот на акредитивните писма од странските амбасадори во Кремљ.

„Потребни ни се правни гаранции бидејќи нашите западни колеги не ги почитуваа нивните усмени обврски“, рече рускиот претседател.

Според него, „сите знаат дека беа дадени усни гаранции за непроширување на НАТО на исток (по распадот на СССР), а тие го направија токму спротивното.

Путин ја обвини Северноатлантската алијанса дека „на тој начин ги игнорира легитимните руски безбедносни грижи и продолжува да ги игнорира“.

Русија сака „цврсти и долгорочни безбедносни гаранции“, нагласил тој, додавајќи дека договорот мора да ги земе предвид интересите на Русија и на сите евроатлантски земји.

„Мирот и стабилноста мора да бидат обезбедени во целиот свет и тие имаат потреба од целиот свет“, додаде Путин.

Киев, НАТО, Вашингтон, Париз и Берлин ја обвинуваат Русија за собирање сили во близина на украинската граница за можна инвазија, што Кремљ силно го отфрла.

Москва, од друга страна, ги обвинува западните земји и НАТО за спроведување воени вежби во близина на нејзините граници, а Киев дека сака да се здобие со западно оружје.

Русија и Украина влегоа во отворен конфликт по доаѓањето на прозападната влада во Киев во 2014 година, по што Москва го анектира Крим, со што започна конфликт меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во источна Украина.

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии

Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“.

„Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи.

Владата на Австралија претходно им порача на граѓаните да избегнуваат патување во двете области доколку е можно и, доколку се загрижени, да заминат. /МИА

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

притисни ентер