ПССЕ: Изборите во Македонија беа слободни, сите пратеници да се вратат во Собранието

Комисијата за следење на обврските на земјите членки е загрижена со одлуката на неодамна избраните членови на парламентот од главната опозициска партија СДСМ да не ги прифатат нивните мандати и да не го признае легитимитетот на претседателот избран на 27 април годинава. Комисијата воедно жали што ДУИ одлучи да ги бојкотира претседателските избори.

Ова се вели во официјалната декларација на Парламентарното собрание на Советот на Европа - ПССЕ, што денеска беше усвоена во Париз.

Во декларацијата се посочува дека аспирациите на Македонскиот народ за продолжување на евроатлантските интеграции не треба да бидат оштетени, преку политичките и етничките поделби, како и со прекинот во ефективното функционирање на демократскиот Парламент.

- Целта на критиките на изборите од страна на меѓународните набљудувачи не е да ја негира валидноста на резултатот. Затоа, Комисијата ги повикува сите политички партии да работат заедно, за да се надминат разликите и да учествуваат во ефективен демократски Парламент, се истакнува во декларацијата.

Комисијата нагласува дека новоизбраниот Парламент има обрска за решавање на сериозните изборни недостатоци идентификувани од страна на меѓународните набљудувачи за време на последните претседателски и парламентарни избори на 13-ти и 27 април годинава.

Оттаму нагласуваат дека на последните избори во Македонија „беа почитувани основните слободи и кандидатите беа во можност да водат кампања без опструкција на парламентарните избори на 27 април.“

Сепак, Комисијата ги повикува властите да погледнат во кредибилните наводи за заплашување и притисок врз гласачите, особено кај вработените во јавниот сектор, како и во врска со тврдењата на купување гласови. Властите треба да спроведат соодветна истрага за тоа и да ги гонат оние кои се одговорни за прекршувањата на законот.

Комисијата повторува дека Советот на Европа стои на располагање да им помогне на македонските власти да го изменат, во согласност со препораките на Венецијанската комисија, Изборниот законик и законите со кои треба строго да се регулира употребата на јавните средства во текот на изборните кампањи. Парламентот, исто така, треба да ги утврди неопходните заштитни мерки за поделба на партијата и државата и непристрасно покривање на изборните кампањи од страна на медиумите.

- Очекуваме опозицијата и владејачката партија да бидат на нивото на довербата дадена за нив од страна на гласачите, целосно да го остварат нивниот мандат во Парламентот и да се врати довербата во изборниот процес со донесување неоспорна изборна рамка и обезбедување нејзино целосно спроведување, стои во декларацијата на Комисијата за следење на обврските на земјите членки на Советот на Европа. /Извор: МИА/

Најмалку петмина уапсени пред белоруската амбасада во Москва

Најмалку пет лица се уапсени за време на вечерашниот протест пред белоруската амбасада во Москва.

По двочасовните мирни протести против резултатите од претседателските избори во Белорусија, руската полиција растури група од 200 демонстранти и уапси најмалку пет лица, јавува ТАСС.

По објавувањето на резултатите од претседателските избори во Белорусија, на кои сегашниот претседател Александар Лукашенко освои повеќе од 80 проценти од гласовите, избувнаа протести во целата земја.

За време на тридневните протести во Минск и другите белоруски градови, едно лице загина, а повеќе од 6.000 лица се уапсени.

Малолетната ќерка на Моника Белучи стана заштитен лик на Долче и Габана

Познатиот бренд Dolce & Gabbana има нова муза - тоа е 15-годишната Дева Касел, ќерка на италијанската актерка Моника Белучи и францускиот актер Винсент Касел, која се чини дека има светла иднина во светот на модата.

Тинејџерката, која очигледно ја наследи безвременската убавина од нејзината убава мајка, деновиве снимаше кампања за новиот парфем „D&G“ Shine на бреговите на италијанското езеро Комо во провинцијата Ломбардија.

Секако, присуството на Дева предизвика голем интерес кај папараците и медиумите, а нејзината благосостојба и безбедност внимателно ги следеа грижливите родители - иако се разведоа во 2013 година, Моника и Винсент учествуваат подеднакво во воспитувањето на 15-годишната Дева и нејзината петгодишна сестра Леони.

\

Дева дефинитивно се обидува да ја заштити својата приватност во секое време и е многу внимателна со објавите на социјалните мрежи, но за жал, и таа неодамна се најде под оган од злонамерните интернет тролови кои почнаа да шират озборувања за тоа како таа се подложува на козметичка хирургија, т.е. ја обвинија дека ги зголемила усните.

- Ве молам, јас сè уште немам 16 години ... Нормално е тинејџерите да поминат низ физички промени, особено на оваа возраст. Никогаш не размислував за каква било постапка и знам дека моите родители никогаш не би го дозволиле тоа. Човечкото тело се менува, затоа ве молам уште еднаш, размислете пред да започнете да ширите бесмислени, глупави и лажни вести за младите – им одговори Дева.

Шпанија забрзано гради болница поради зголемениот број заболени од корона

Бројот на нови случаи на коронавирус во Шпанија денеска се зголеми за скоро 1.700, а во овие бројки не е опфатен Мадрид, кој не даде информации заради технички проблеми.

Од укинувањето на строгите рестриктивни мерки пред шест недели, Шпанија се обидува да го спречи ширењето на коронавирусот.

Иако просечниот дневен број на заразени лица бил помалку од 150 во јуни, околу 1.500 нови случаи се регистрираат секој ден во првите 12 дена од август.

Како резултат, војската брзо гради нова полска болница во Сарагоса, главниот град на Арагон, регион кој сега е жариште на коронавирусот.

притисни ентер