Првата година од академската пракса во „Аџибадем Систина“ заврши успешно

Проектот продолжува и следната година.

На 9ти ноември 2020 година Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во соработка со Факултетот за медицински науки при УГД Штип започна проект „Академска пракса Аџибадем Систина“ со кој студентите од факултетот имаа можност за следење на практична настава во Болницата. Денес, на 11 јуни завршува првата година од успешно реализираната соработка.

„Проектот се реализираше и подобро од што очекувавме и некои од дипломираните веќе станаа наши колеги – доктори, праксата ја спроведовме токму во година на корона пандемија кога студентите немаа можност преку практична настава да ги комплетираат студиите и затоа Клиничката болница „Аџибадем Систина“ им излезе во пресрет и покажавме со пример што значи едно јавно приватно партнерство без бенефит за никој друг освен за студентите. Болницата во соработка со УГД Штип со оваа пракса ќе продолжи и следната година и се надевам дека ќе прерасне во традиција. Студентите беа пречекани и едуцирани од врвни професионалци и можеа практично да следат интервенции и да се уверат дека можности и услови како во најсовремените европски болници постојат и кај нас. Огромна благодарност до ректорот на УГД Штип, проф. Блажо Боев и на претседателот на бордот на директори на „Аџибадем Систина“, г-динот Јордан Камчев“, посочи д-р Андреј Петров, специјалист по дерматовенерологија и професор на Факултетот за медицински науки при УГД Штип.

Деканот на факултет за медицински науки проф. д-р Милка Здравковска потенцираше дека обуката со која се стекнале студентите во „Аџибадем Систина“ е огромно значење за нивниот понатамошен професионален ангажман.

„Огромна благодарност до менаџментот на „Аџибадем Систина“ и на целиот персонал на болницата за успешно спроведување на практичната настава и прифаќањето на студентите од 6-та година за пракса која е во согласност со студиската програма за општа медицина 11 и 12 семестар нема предавања и акцентот е ставен на практичната обука на студентите која претставува врв на нивното школување и со тоа ги завршуваат студиите по општа медицина“, истакна проф. д-р Здравковска.

Над 100 студенти од шеста година на Факултетот за медицински науки имаа можност во изминатите месеци да ротираат низ одделите интерна медицина, хирургија, педијатрија и гинекологија и акушерство, дерматовенерологија, онкологија, радиотерапија, оториноларингологија и дијагностичка и интервентна радиологија.

Менаџментот на Болницата е особено горд на успешно реализираниот проект кој е пионерски во државата, но и во регионот. Како најголема и најсовремена приватна клиничка болница докажавме дека покрај континуираното вложување во најнапредна медицинска технологија од огромно значење за нас е и вложувањето во кадарот, особено младите кадри на кои им е неопходна практична поткрепа на нивното теоретско знаење.

Барселона ја тужи шпанската федерација, судот одлучува за голот на Јамал против Реал

Барселона не дозволува да стивне бурата по „Ел Класико“ во кое Реал победи со 3:2.

„Фантомскиот гол“ на Ламин Јамал ​​и понатаму е тема на шпанските медиуми. Барселона не дозволува да престане да се зборува за тоа.

И по самиот меч имаше остри критики за судењето, немањето технологија за гол-линијата и „злоупотребата на ВАР системот“.

Првиот човек на клубот, Жоан Лапорта, најави дека Барселона ќе ги искористи сите средства да ја истражи ситуацијата и да утврди дали тоа било гол или не.

Барселона сега отиде чекор подалеку и најави дека ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација и дека решение на оваа ситуација ќе бара на суд.

Ден по натпреварот беше објавена и комуникацијата на главниот судија со играчите и судиите од ВАР-салата, но изостана делот од видеото поврзан со ситуацијата околу голот на Јамал ​​кој не беше признат.

Федерацијата го одби барањето на Барселона да му ја даде на клубот целосната снимка од комуникацијата помеѓу судијата и ВАР-собата и Каталонците сега сакаат да ја добијат преку судовите.

Лапорта останува на ставот дека доколку се покаже дека Барселона е оштетена, ќе бара реприза. /МИА

Видео: Коњи трчаат низ центарот на Лондон, еден е облеан во крв

Жителите на Лондон утринава забележале два коња без сопственик во центарот на градот, од кои едниот изгледал облеан во крв. Носеле седла и узди.

„Околу 8 часот и 40 минути добивме пријава дека коњи без сопственици трчаат низ градот. Полицајците ги запреа на автопатот кај Лајмхаус. Чекаме возило за да ги однесеме на ветеринар“, соопшти полицијата.

Скај њуз вели дека коњите припаѓаат на дворската коњаница, дел од британската армија. На социјалните мрежи се појавија видеа од настанот на кои се гледа како црн и бел коњ трчаат по улицата. Набрзо зборуваше портпаролот на армијата.

„Одреден број воени коњи се олабавиле за време на рутинска вежба. Сите коњи сега се вратени во кампот. За време на инцидентот се повредени одреден број вработени, како и коњите. На сите им била укажана лекарска помош ," вели тој .

Извор: Индекс.хр

притисни ентер