Прв академски час на Медицинскиот факултет при УКИМ

По повод првиот академски час на факултетите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски ги поздрави бруцошите на Медицинскиот факултет.

– Денес започнувате со нова развојна етапа која бара сериозен пристап, затоа што суштински ќе ви ги дефинира и насочи животите. Ве советувам предизвиците да ги гледате не само како голем стимул за стекнување со знаење, туку како животен кариерен напредок. Тоа е формула што води кон сигурен успех, порача Јанкуловски.

Истакна дека заедничките резултати и успеси ќе имаат значаен придонес во перманентниот развој во дејноста на УКИМ и посочи дека во текот на овие седум децении се излезени голем број дипломирани доктори по медицина и дипломирани кадри на тригодишните студии, кои со својата стручност го даваат својот придонес во државата.

– Голем дел од нив се докажани и почитувани стручни и научни кадри во својата област и надвор од државата и претставуваат гордост на Медицинскиот факултет во Скопје. Работете вредно, посветете се максимално на студиите, соработувајте со вашите професори и меѓусебно, додаде ректорот на УКИМ.

По обраќањето на ректорот, добредојде им посака и деканката на Медицинскиот факултет, проф. д-р Соња Топузовска. Потоа, во амфитеатарот во деканатот на Медицинскиот факултет, ректорот на УКИМ ги додели индексите на првите десет рангирани ученици на Факултетот.

Како што најавија од УКИМ, ректорот Јанкуловски денеска ќе се обрати и на Филолошкиот факултет, Економскиот и Архитектонскиот факултет.

Формиран во 1949 година со три факултети, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денес е заедница од 23 факултети, пет научни институти и четири јавни научни установи, како и придружни членки.

Со Конкурсот за упис на додипломски студии во учебната 2022/2023 година, на Скопскиот универзитет беа слободни 10 918 места: 5306 за редовни студенти финансирани од буџетот кои плаќаат годишна партиципација од 200 евра. За редовни студенти кои ќе плаќаат школарина од 400 евра беа наменети 4522 места и 1090 места за вонредни студенти.

Наместо забава за откривање на полот, таткото завршил во болница- снимка со 32 милиони прегледи

Иако настаните за откривање на полот во повеќето случаи се возбудливо и посебно искуство за родителите и поширокото семејство и пријателите, понекогаш тие можат да тргнат наопаку.

Така, една трудница случајно му го скршила носот на својот сопруг и идниот татко кога дознала дека во нивното семејство ќе се приклучи девојче.

Видеото набрзо стана вистински хит на социјалните мрежи, а моментално има повеќе од 32 милиони прегледи и еден милион коментари.

Како што може да се види на видеото, воодушевената трудница среќно скокнала кога дознала дека носи девојче, но случајно со главата го удрила сопругот во носот и му го скршила. Сето ова, секако, го снимиле камерите и видеото набрзо се појави на TikTok.

@gender.reveal.tv Breaking my husband’s nose at our gender reveal 🙃🎀 #genderrevealfail #notactuallybroken #18weekspregnant ♬ Love You So - The King Khan & BBQ Show

НБА казни млад кошаркар - на жените им ги покажувал интимните делови на телото

Младиот канадски кошаркар Џошуа Примо (20) е суспендиран на четири натпревари без плата поради „непримерно и навредливо однесување кон повеќе жени“, објави НБА.

Американските медиуми пренесуваат дека Примо, кој моментално е без клуб, им ги покажувал интимните делови на голем број жени.

„Примо тврди дека неговото однесување не било намерно, а лигата не најде докази дека тој учествувал во сексуално или друго недолично однесување надвор од овие кратки изложувања“, се вели во соопштението на НБА. „Сепак, ваквото однесување не е во согласност со стандардите на лигата и бара казна“, се додава.

Сан Антонио Спарс го раскина договорот со Примо на 31 октомври минатата година, а младиот кошаркар моментално е без клуб. Тој ќе ја одлежи суспензијата доколку потпише договор со друг тим од НБА.

д-р. Хилари Котен, поранешниот терапевт на Примо, првпат се појави со обвинувања против него минатата есен, велејќи дека тој „се изложил во девет одделни прилики“. Бидејќи Спарс не направија ништо, Каутен го тужел клубот, а тужбата била решена надвор од судот.

Примо одиграл вкупно 54 натпревари во дресот на Спарс, а имал просек од 5,9 поени и 1,8 асистенции по натпревар. Набргу откако бил отпуштен од Спарс, Примо рече дека се бори со своето ментално здравје.

„Побарав помош да се справам со претходната траума што ја претрпев и сега ќе го одвојам ова време за да се фокусирам поцелосно на третманот за моето ментално здравје. Се надевам дека ќе можам да разговарам за овие прашања во иднина за да можам да им помогнам на другите кои претрпеле на сличен начин. Ја ценам приватноста во овој момент“, изјави тој неодамна.

Цените на нафтата надминаа 96 долари за барел

Цените на нафтата денеска се искачија над 96 долари на меѓународните берзи, поттикнати од индициите за слаба понуда во САД и очекувањата за зголемена побарувачка за гориво во Кина за време на празничната сезона.

На лондонската берза цената на барел со датуми на испорака во ноември беше за 88 центи повисока попладне отколку на крајот на вчерашното тргување и изнесувала 96,26 долари. Поактивно се тргувало со барели со датум на испорака во декември, по 97 центи повисока цена од 94,07 долари.

На американскиот пазар барелот поскапе за 1,31 долари и се тргува за 93,02 долари.

Трговците се фокусираа на знаците на тесна понуда во САД на крајот на неделата. Залихите во резервоарите во Кушинг, од каде се испорачува нафта купена со форвард договори на американскиот пазар, веќе се на најниско ниво од јули минатата година.

„Понатамошниот пад би ги спуштил на критично ниво, што би можело да го отежне нивното извлекување (од резервоарот - op.ed.)“, објаснува Карстен Фрич од Комерцбанк.

Цените се поддржани и од проценките дека побарувачката за гориво во Кина ќе се зајакне за време на седумдневниот одмор што започнува денеска.

„(Зголеменото) патување во странство за време на празникот Златна недела ја поттикнува кинеската побарувачка за нафта“, напишаа аналитичарите на ANZ во белешката до клиентите.

Се очекува и домашните патувања да ја поддржат побарувачката. Податоците од апликацијата за летови на Umetrip покажуваат дека просечниот број дневни резервирани летови е за петтина поголем отколку за време на Златната недела во периодот пред пандемијата 2019 година.

Во меѓувреме, Русија размислува за воведување квоти за извоз на гориво доколку привремената забрана за извоз не го постигне посакуваниот ефект и ако не паднат цените на домашниот пазар. Цените на рускиот бензин и на дизелот благо паднаа денеска на Меѓународната берза во Санкт Петербург.

Економистите прогнозираат дека барелот во Лондон ќе во просек ќе изнесува 89,85 долари во четвртиот квартал и 86,45 долари во 2024 година.

До крајот на годината на цените најмногу ќе влијае намалувањето на понудата од Саудиска Арабија и Русија, но нивниот раст кон 100 долари за барел може да биде забавен од неповолните макроекономски движења, пишуваат аналитичарите.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) одделно објави дека барел нафтена кошница на нејзините членки вчера поскапел за 40 центи на 97,48 долари.

притисни ентер