Прскање против комарци во Берово и Делчево

Првата фаза од теристичката дезинсекција за уништување на комарци вечер ќе се спроведе во Берово. Активностите ќе се изведуваат во ноќните часови, поради што надлежните го известуваат населението да не излегува и да ги затвори своите прозори.

– Дезинсекцијата е закажана за вечер, 1 јули 2020 година (среда) во периодот од 23:30 до 02:30 часот. Третирањето ќе се врши со соодветна апаратура потставена на специјално возило, со соодветен препарат за таа намена. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината, подрачјата по течението на реки и водотеци, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Берово, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата, информираат од Општина Берово.

Авионска дезинсекција против комарци во Делчево е закажана за утре.

– Авионското третирање против комарци ќе се спроведе во периодот од 05:00 до 08:00 часот. Прскањето ќе се врши со средство – широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови, а третирањето ќе се изврши на површина од 300 хектари од кои 200 хектари лево и десно по 100 метри од речното корито на Брегалница и централното градско подрачје до езеро „Сандански" и двапати по 50 хектари на подрачјето „Старо Делчево", „Таушанско Маало", „Стрелиште" и Ново Делчево , Милково Брдо, Басарица и населба „Пролет, посочуваат од општината.

И од двете општини ги известуваат пчеларите во времето на третирањето, како и во период од 3 до 4 часа по прскањето, да ги затворат кошниците со пчели, заради можност од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства. Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден./МИА

Гала оперски концерт и балет ,,Болеро” во петок во НОБ

На 22.1.2021 поради големиот интерес повторно на репертоарот на Националната опера и балет ќе се одржи гала оперски концерт со почеток во 20 часот. 

Настапуваат солистите: Сандра Митровска (сопран), Катерина Стојановска (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор) и Марјан Јованоски (баритон), во придружба на оркестарот при Националната опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Во вториот дел, публиката ќе има можност да го проследи балетот „Болеро“ од Морис Равел, во кореографија на Саша Евтимова, подготвена во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести. Тоа е балет под маски, без допир и на дистанца.

Настапува: Женски балетски ансамбл, Катерина Стојановска - сопран и Оркестарот на Националната опера и балет.

Диригент: Бисера Чадловска, концерт мајстор: Јане Бакевски, кореограф: Саша Евтимова костимограф: Марија Пупучевска, светло дизајн: Милчо Александров.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.

Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.

Билетите се во строго ограничен број!, соопштуваат од НОБ.

Дел од патот кон Пониква во прекин поради полициска вежба

Сообраќајот на регионалниот пат  Кочани кон Спортско рекреативниот центар Пониква на потегот од место викано „аеродром" до паркингот кај објектот на МВР ќе биде во прекин денеска во периодот од 08:00 до 16:00 часот .

Сообраќајот на регионалниот пат Кочани кон Спортско рекреативниот центар Пониква на потегот од место викано „аеродром" до паркингот кај објектот на МВР ќе биде во прекин денеска во периодот од 08:00 до 16:00 часот поради одржување на вежбовни активности од припадниците на МВР на Република Северна Македонија, информираат од СВР Штип.

СВР Штип апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Меланија Трамп го имаше последното обраќање во Белата куќа

Првата дама на САД, Меланија Трамп, утре ќе ја напушти Белата куќа.

По тој повод таа и се обрати на нацијата и истакна неколку проекти кои во последните четири години ги спроведе фамилијата Трамп, кога станува збор за обновата и одржувањето на Белата куќа.

„Во 2020 година нашата земја претрпе разорни и неочекувани загуби на живот заради пандемијата на ковид-19. Како што се ближи крајот на ова поглавје, важно е да се препознаат бројни луѓе без кои мојата улога на прва дама не би била можна“, нагласи Меланија и се заблагодари на сите вработени во Белата куќа кои помогнале на проектите кои ги работела.

притисни ентер