Протуѓер и Јанкуловска сведочеа како се финансирала ВМРО-ДПМНЕ во случајот„Плацеви на Водно“

​Поранешниот генерален секретар на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Протуѓер во судот проговори за случајот „Плацеви на Водно“ во кој првообвинет е екс-премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Заедничка литургија на поглаварите на македонската и српската црква во Белград

Литургијата на помирување започна утрово во 9 часот во храмот Свети Сава во Белград, на која служеа Српскиот патријарх Порфириј и Архиепископот охридски и македонски Стефан.

Во присуство на голем број граѓани по 55 години со литургијата на помирувањето ќе се обнови литургиската и канонската заедница на двете сестрински цркви, согласно одлуката на парламентот на Српската православна црква.

Македонските владици се надеваат дека Српската православна црква на крајот на мај ќе го испрати предлогот за автокефален статус на МПЦ-ОА.

Во Белград пред храмот Свети Сава е Михајло Видимлиски.

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Бајден денеска ќе биде домаќин на лидерите на Финска и Шведска

 Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска во Белата куќа ќе ги пречека лидерите на Финска и Шведска, Саули Нинист и Магдалена Андерсон, откако двете нордиски земји аплицираа за членство во НАТО.

Соединетите Американски Држави ги поддржуваат напорите на двете земји за приклучување кон Северноатлантската алијанса, а доколку нивната апликација за членство помине, Алијансата ќе брои 32 членки.

Сепак, Турција се противи на влезот на Хелсинки и Стокхолм во НАТО, обвинувајќи ги дека се рај за антитурските екстремисти.

Британија и неколку земји од НАТО им понудија безбедносни гаранции на Финска и Шведска додека се разгледуваат нивните апликации, ветувајќи им дека ќе им помогнат во случај на агресија. -Срдечно ги поздравувам и силно ги поддржувам историските апликации на Финска и Шведска за влез во НАТО, рече Бајден.

ВМРО-ДПМНЕ: Над 2400 дечиња чекаат за прием во градинка во Скопје

Над 2400 дечиња чекаат за прием во градинка во Скопје, места нема затоа што СДСМ 5 години не направи ниту еден нов објект.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во скопските општини затекнаа состојба во која стотина дечиња од секоја општина се на листа за чекање за прием во градинка.

Места нема затоа што СДСМ 5 години не направи ниту еден нов објект.

Ситуацијата со недостаток на места за сместување не може да се реши преки ноќ. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во сите скопски општини веќе засилено работат на нови градинки, и се очекува проблемот за година дена од сега да биде помал.

Работата на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ на полето на градинките ја опструира централната власт, од каде не даваат согласност за нови вработувања и го кочат процесот во целост.

СДСМ ја злоупотребува централната власт да им прави сопки на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа и ова е една од причините поради која мора да имаме предвремени парламентарни избори час поскоро. Со влада на ВМРО-ДПМНЕ Македонија ќе се насочи на раст и развој и нови проекти, наместо на стагнација и криминал како до сега.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер