Протоколот ратификуван во Грција, почнува примената на новото име „Република Северна Македонија"

По ратификацијата на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО од страна на грчкиот Парламент следува спроведувањето на мерките и активностите што ги најави македонската Влада за извршување на обврските што произлегуваат од Договорот од Преспа.

Владата веќе формира Интерресорска група која ќе треба да изработи Национален акциски план за спроведување на натамошните мерки и активности, а во рок до седум дена државните институции, граничните премини и диоломатско-конзуларните претставништва ќе треба да ги сменат таблите со новото име на државата – Република Северна Македонија.

Од Владата не очекуваат проблеми од државните институции при користењето на новото име на државата.

Употребата на новото име на државата ќе биде усогласено и со Законот за употреба на јазиците што значи дека таблите ќе бидат напишани и на албански јазик бидејќи, како што изјави неодамна владиниот портпарол Миле Бошњаковски, Албанците се 20 проценти на државно ниво.

Препораки за промена на таблите ќе добијат и единиците на локалната самоуправа, а секторите и службите за односи со јавност на државните и јавните институции ќе добијат насоки за употреба на уставното име.

Колку ќе чини целиот процес од Владата засега не откриваат, но велат дека тоа ќе се знае откако ќе зварши целата постапка.

Промената на уставното име на Македонија следува по потпишувањето на Договорот од Преспа и неговата ратификација во парламентите на двете држави. По 27-годишен спор со Грција, Македонија ќе го промени името од „Република Македонија" во „Република Северна Македонија".

Со решавањето на повеќедеценискиот спор за името, во средата во Брисел беше потпишан Пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО од страна на амбасадорите на 29-те земји-членки на Алијансата. /МИА

Северна Кореја истрела неидентификуван проектил во Јапонското Море

Северна Кореја истрела неидентификуван проектил во Јапонското Море, соопшти Заедничкиот комитет на началници на Генералштабот на Јужна Кореја.

Пентагон соопшти дека САД сакаат да разговараат за спорните прашања со Северна Кореја.

Ова е четврто истрелување ракета од страна на Пјонгјанг оваа година. Претходните се извршени на 5, 11 и 14 јануари. Во првите два случаја, Северна Кореја соопшти дека успешно тестирала хиперсонични ракети. На 14 јануари, две балистички ракети со краток дострел беа истрелани од железнички ракетен комплекс.

Средба на претседателот Пендаровски со Ана Лирман, германска државна министерка за Европа

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ана Лирман, државна министерка за Европа во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Честитајќи ѝ за преземањето на функцијата, претседателот Пендаровски оцени дека посетата на министерката Лирман набрзо по нејзиното именување, ја демонстрира јасната посветеност на германските власти за аспирациите на државите од Западен Балкан за членство во Европската Унија. Претседателот Пендаровски се заблагодари што проширувањето на Европската Унија и Западниот Балкан се меѓу клучните приоритети на новата Влада на канцеларот Олаф Шолц.

Претседателот Пендаровски истакна дека Република Македонија останува посветена на европската агенда и го реафимираше очекувањето за скорешен почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија. Во таа насока, претседателот Пендаровски посочи на подготвеноста на нашата држава за продолжување на дијалогот со Република Бугарија, во духот на добрососедските односи, со цел надминување на блокадата во однос на европските интеграции.

Во контекст на билатералните односи, претседателот Пендаровски оцени дека Германија е клучен политички и економски партнер на земјава и еден од најзначајните трговски партнери во годините наназад. Претседателот Пендаровски изрази очекување за натамошно јакнење на пријателството и партнерството меѓу двете држави, вклучувајќи го сојузништвото во НАТО, како и очекување за натамошно зголемување на трговската размена.

Водата во Скопје безбедна и квалитетна за пиење

Водата во Скопје изминатата недела била безбедна и квалитетна за пиење, покажуваат примероците за физичко-хемиска и микробиолошка анализа земени од 47 мерни места во Град Скопје, информираат од ЈП „Водовод и канализација – Скопје".

Ова го покажува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, во кој земените 196 примероци за физичко-хемиска и 196 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење, од 47 мерни места во град Скопје, во периодот од 10 до14 јануари 2022 покажува дека сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

притисни ентер