Протестот против францускиот предлог продолжува и денес

Протестот под мотото „Ултиматум – не благодарам“ против прифаќањето на францускиот предлог продолжува и денеска пред Владата во истиот термин како и вчера - во 19.00 часот.

Граѓаните синоќа протестираа против прифаќањето на францускиот предлог и отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Протестот беше поддржан од повеќе политички партии и граѓански организации. На протестот се обратија новинари, универзитетски професори и музичари кои ја повикаа владата да не го потпишува предлогот.

Во пресрет на протестот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска ги повикаа граѓаните да излезат против како што велат, бугаризацијата на македонија.

Пред почетокот на денешниот протест Игор Mанасиевски разговара со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николвски.

Во видеото погледнете го целиот разговор.

Пронајдено е телото на исчезнатиот мексикански новинар, бил убиен

Независниот мексикански новинар кој исчезнал на 9 август е пронајден мртов во северозападната држава Сонора, објави државното обвинителство.

Телото на Хуан Арјон Лопез (62), основачот на информативниот портал на Фејсбук A que le temes („Од што се плашите“) е пронајдено во градот Сан Луис Рио Колорадо, во близина на границата со САД, изјави за новинарите државниот обвинител на Сонора, Индира Контрерас.

Причина за смртта, според обвинителството, е удар со тап предмет во пределот на главата. „Ниту еден мотив во истрагата не може да се исклучи“, рече Контрерас.

Според Репортери без граници, Арјон покрај новинарската работа работел и во локален ресторан. Тринаесет новинари се убиени од почетокот на годината во Мексико, која е меѓу најопасните земји за таа професија во светот, според „Репортери“. Оваа организација во моментов не го вбројува Арјон меѓу тие жртви.

Мексиканската влада, пак, наведува дека десет новинари биле убиени во 2022 година, бидејќи ги брои само оние кои ги загубиле животите додека ја вршеле својата работа. Хуан Арјон Лопез ја основал страницата „A que le temps“ во 2020 година, каде што објавувал различни информации. Неговите последни објави, објавени на 2 август, зборуваат за враќање на украдените предмети од еден дом и заплена на дрога.

Напаѓачот на Ружди: Ги читав „Сатански стихови“, тоа е навреда за исламот

Напаѓачот на познатиот писател Салман Ружди рече дека го почитува ајатолахот Хомеини, но не сакал да каже дали нападот бил инспириран од фатвата што поранешниот ирански врховен лидер ја издал против писателот.

Во интервју за американски Њујорк пост, објавено денеска, напаѓачот Хади Матар изјави дека „прочитал неколку страници“ од романот на Ружди „Сатански стихови“ и дека идејата за нападот ја добил откако на Твитер видел дека писателот ќе биде гостин во Њујорк.

Токму поради таа книга Хомеини издаде фатва во 1988 година и ги повика муслиманите да го убијат Ружди. Техеран понуди награда од 3 милиони долари за тоа.

Ружди минатиот петок требаше да одржи предавање во местото Чаутауква во државата Њујорк за уметничката слобода, но 24-годишниот Матар го нападна со нож. Иако состојбата на 75-годишниот писател, роден во Индија и понатаму е критична, тој бил изваден од респираторот и почнал да зборува.

„Го почитувам ајатолахот. Мислам дека тој е одлична личност. Ќе кажам само толку за тоа“, ја цитира „Пост“ изјавата на Матар.

„Не ми се допаѓа толку многу“, рече за Ружди.

„Тој е некој што го нападна исламот, ги нападна неговите верувања и религиозниот систем“, нагласил напаѓачот, додавајќи дека гледал видеа од Ружди на Јутјуб. Тој ги отфрлил тврдењата дека бил во контакт со иранската Револуционерна гарда.

Семејството на Матар дошло во САД од Либан, најпрво се населило во Калифорнија, пред неговите родители да се разведат. Таткото се вратил во Либан, а мајката се преселила во Њу Џерси, пишува Њујорк Тајмс.

Мајката на Матар изјавила дека тој се вратил од патувањето на Блискиот Исток во 2018 година како променет човек и дека станал поповлечен и попосветен на исламот. По нападот на Ружди, мајката се одрекла од својот син и рекла дека не разговарала со него од инцидентот.

„Завршив со него“, изјавила таа за Тајмс.

Го сретнал Бруклин Бекам во скап автомобил и го прашал како го заработил,одговорот е хит(ВИДЕО)

Бруклин Бекам стана предмет на потсмев откако тврдел дека неговата кариера како „готвач“ на социјалните мрежи му го овозможила неговиот луксузен спортски автомобил.

ТикТокерот Даниел Мек неодамна го фатил најстариот син на мултимилионерите Дејвид и Викторија Бекам додека крстарел низ Беверли Хилс со неговиот црвен Мекларен П1. Мек, кој е снимен како ги прашува случајните возачи на скапи возила како ги купиле, истото возбудено го прашал и Бруклин, кој често објавува видеа како готви разни јадења дома.

"Еј човеку! Како заработуваш за живот? Твојот автомобил е одличен!" прашал Мек, кој на врвот на клипот напишал дека автомобилот чини неверојатни 1,2 милиони долари и дека се направени само 375 примероци.

„Хм, јас сум готвач“, одговорил Бруклин. „Ти си готвач! Навистина? Дали си најдобриот готвач на светот? Мек го праша, што го поттикна Бруклин да одговори: „Се обидувам да станам“.

"Само следете ја вашата страст. Што и да ве прави среќни, само продолжете да го правите тоа!" Бруклин им даде совет на оние кои сакаат да влезат во кулинарскиот свет. Како тонот на Мек во видеото да не беше доволно исмејувачки, бројни корисници под неговата објава оставиле саркастични коментари за младиот богаташ.

„Како се заработува за живот? „Моите родители се богати, па јас некако живеам“, „Како се живее? „Јас сум роден“, „Никогаш во животот не работел смена во ресторан“, „Роден во мултимилионерско семејство, а сега е оженет со ќерка на милијардер. Но, тој е готвач!“ се само дел од коментарите на видеото на популарниот тиктокер.

@itsdanielmac Bruh What Even Is A “Chef Name 😅💀@brooklynbeckham #mclarenp1 #p1 ♬ original sound - DANIEL MAC

Бруклин моментално има посериозни проблеми отколку саркастичните коментари од корисниците на социјалните мрежи. Имено, синот на познатиот фудбалер моментално е среде студена војна помеѓу неговата мајка и неговата сопруга Никол Пелц.

"Тие не се поднесуваат и не разговараат. Планирањето на венчавката се одвива во страшна атмосфера. Никола не сакала нејзината идна свекрва да има никаква врска со планирањето на свадбата и таа не сакала да ја вклучам во било што. Комуникацијата беше минимална“, изјави неодамна извор за проблемите меѓу мајката и сопругата на Бруклин.

притисни ентер