Протести во Берлин против рестриктивните мерки : Демонстрантите се судрија со полицијата (ВИДЕО)

Берлинската полиција денес уапси околу 60 учесници во демонстрации против ограничувањата поради пандемијата на коронавирус, објави германскиот весник Тагесшпигел.

Ројтерс пренесува дека демонстрантите ги прекршиле официјалните мерки воведени за да се одржи вирусот под контрола, а некои ги нападнале полицајците, се наведува во весникот, повикувајќи се на полицискиот портпарол.

Двајца полицајци се полесно повредени, додава весникот.

Протестите против мерките на канцеларката Ангела Меркел стануваат се погласни и погласни, а демонстрантите веќе трет викенд по ред ги исполнија улиците на германската престолнина.

Претходно денес, Меркел ги бранеше мерките, вклучително и одржување физичко растојание, додавајќи дека таа е свесна за загриженоста што некои ја имаат за тоа затоа што го сметаат за намалување  на нивните човекови права.

„Да, можам да ги разберам овие проблеми“, рече Меркел. „Овој вирус е пречка за нашата демократија“.

Бројот на потврдени случаи во Германија се зголеми за 638, на 177.850, според денешните податоци на Институтот за заразни болести „Роберт Кох“ (РКИ). Пријавениот број на смртни случаи се зголеми за 42, на 8.216, покажуваат податоците.

притисни ентер