Протести низ цела Франција против новиот Закон за безбедност (ВИДЕО)

Новинари, членови на „жолтите елеци“ и илјадници луѓе протестираа денеска во Франција против Законот за забрана за злонамерно објавување на снимки на полицајци, за кои демонстрантите тврдат дека ги нарушува слободата и владеењето на правото.

Плоштадот Трокадеро во Париз со познатиот Форум за човекови права денес беше полн со демонстранти со силно присуство на полициски сили, пренесува Франс Прес.

Во Франција се одржаа дваесетина митинзи: во Лил, на север, се собраа илјада луѓе, а на еден транспарент пишуваше „Орвел беше во право“. И во Рен, на западот од земјата, исто така, се собраа околу илјада луѓе, како и во Монпелје, на југ со паролите „Спушти го оружјето и ќе ги спуштиме мобилните телефони“.

Парламентот вчера го донесе законот за „глобална безбедност“ со кој се оспорува членот 24, кој регулира објавување на снимки на полицајци, иако законот е придружен со амандман со кој се гарантира правото на информации. Написот, како и можната употреба на беспилотни летала за време на протестите и препознавањето на лицата од надзорните камери, предизвика бура во медиумите, кои сметаа дека ова претставува опасност за слободата на информирањето.

„Демократијата умира во мрак“, беше напишано на транспарентот на интернет-весникот Медиапарт во Париз.

„Загрижени сме за бавниот пад на владеењето на правото, што се чини дека води кон полициска држава“, предупреди адвокатот Арие Алими, член на националната канцеларија на Лигата за човекови права, на прес-конференција со Амнести Интернешнл и новинарските синдикати.

Спорниот член од законот предвидува затвор за објавување снимки на лице или кој било друг елемент за идентификација на полицајци за време на интервенции и парична казна од 45.000 евра, кога тие снимки го загрозуваат нивниот физички или ментален интегритет.

Прв круг претседателски избори: За гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи

Право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи.

Македонија по 7 пат бира претседател на државата. Гласачките места ќе бидат отворени до 19 часот. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава Канал 5 беше на отворањето на гласачките места во Општина Карпош ,а во моментов нашите екипи се на две избирачки места, едната е на гласачкото место во средното учлиште Јосип Броз Тито и другата во основното учлиште 26 јули во населбата Шуто Оризари.

Во Центар е Игор Манасивски. Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Велика Британија до 2030 година ќе ја зголеми потрошувачката за одбраната на 2,5 отсто од БДП

Велика Британија планира до крајот на оваа деценија да ги зголеми трошоците за одбраната на 2,5 отсто од БДП-то, изјави синоќа британскиот премиер Риши Сунак.

Сунак ова го изјави во Варшава за време на посетата на британските војници стационирани во Полска, каде беше заедно со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

НАТО постави цел за земјите-членки да издвојат два отсто од БДП-то за својата одбрана. Велика Британија во моментов издвојува околу 2,3 отсто.

Според Сунак, во следните шест години во британската одбрана ќе бидат инвестирани дополнителни 75 милијарди фунти.

-Денеска е пресвртница за европската безбедност и историски момент за одбраната на Обединетото Кралство, рече британскиот премиер, кого го очекуваат општи избори најдоцна до јануари 2025 година. /МИА

Хамас повикува на ескалација на сите фронтови

Портпаролот на вооруженото крило на Хамас, бригадите Ал-Касам, повика на ескалација на сите фронтови во телевизиски говор по повод 200 дена од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа на 7 октомври 2023 година.

Во видеото објавено синоќа од Ал Џезира, Абу Убаида го пофали нападот на Иран врз Израел на 13 април, велејќи дека директните напади со дронови и ракети „поставуваат нови правила, повлекоа важни паралели и ги збунија непријателот и оние што стојат зад него“.

Тој повика и на ескалација на Западниот Брег и во Јордан, велејќи дека тоа е „еден од најважните арапски фронтови“.

- Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции и да го крене својот глас, рече тој.

Абу Убаида рече дека Хамас останува на барањата што ги постави на разговорите за прекин на огнот, односно бара Израел да ја прекине воената офанзива, да ги повлече своите сили од Појасот Газа, да им дозволи на раселените да се вратат во северниот дел на Газа и да ја укине блокадата.

Во меѓувреме, Израел вчера ги засили нападите низ Појасот Газа, рекоа жителите, додавајќи дека тоа било едно од најлошите гранатирања во последните неколку недели. Армијата нареди нова евакуација на северот од палестинската енклава, предупредувајќи ги цивилите дека се наоѓаат во „опасна борбена зона“.

Во објава на X, портпаролот на израелската армија Авичај Адраи ги повика жителите на четири зони во Беит Лахиа во северниот дел на Појасот Газа да се преселат во засолништа во две одредени области.

Новото гранатирање и бомбардирање на северниот дел на Појасот Газа доаѓа речиси четири месеци откако израелската армија објави дека ги повлекува своите војници, тврдејќи дека Хамас повеќе не ги контролира областите.

Израел, исто така, овој месец повлече поголем дел од своите сили од јужниот дел на Појасот Газа. Но, обидите да се постигне прекин на огнот не успеаја, а израелските бомбардирања и упади на територијата од која војниците се повлекоа го отежнуваат враќањето на раселените во своите домови./МИА

притисни ентер