Протест во Вашингтон против притворањето на обвинетите за упадот во Конгресот (ВИДЕО)

Неколку стотици луѓе протестираат во центарот на Вашингтон, во близина на зградата на Конгресот, незадоволни од притворот на шеесетината луѓе и кривичната постапка против стотици граѓани обвинети за насилниот упад  на 6 јануари. 

Стотици полицајци патролираат по улиците околу зградата на Капитол за да спречат потенцијално насилство, додека околу самиот Конгрес е поставена ограда висока речиси два и пол метри. Некои од демонстрантите ги носеа знамињата на десничарската група „Три проценти“, но значително помалку луѓе се појавиле отколку што очекувале организаторите.

Говорниците на собирот повикаа на правда за обвинетите, која тие ги нарекуваат „неправедно притворени политички затвореници“. Тие тврдат дека се залагаат за мир и казна за оние што ги нападнале полицајците на 6 јануари.

Протест на поддржувачите на претседателот Доналд Трамп во Вашингтон, вклучително и некои членови на десничарските организации, се противат на притворањето на стотици луѓе осомничени за насилниоот упад во Капитол на 6 јануари оваа година.

И покрај малиот број демонстранти, страстите повремено се искажуваа и имало спорадични извици и расправии меѓу демонстрантите и контра-демонстрантите. Полициски службеници на велосипеди реагираа за да запрат некои од тие расправии.

Собирот во американската престолнина го организирал Мет Бреинард, поранешен стратег на кампањата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Тој рече дека не постои начин да се води евиденција за бројот на собраните луѓе.

Најавата за собирот предизвика повторно оградување на зградата на американскиот Капитол, бидејќи жиците и оградите беа отстранети неколку недели по инаугурацијата на актуелниот американски претседател, Џозеф Бајден.

Реконструкција на крак од улицата „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош 3

Општина Карпош заврши со реконструкција на кракот на улицата „Драгиша Мишовиќ“, во населбата Карпош 3 (пред градинката „Орце Николов“).

Станува збор за обнова на коловоз од 80 метри и ширина од 7 метри, а реконструирани се и пешачките делови. Вкупната асфалтирана површина изнесува 1.600 м2.

Оваа сообраќајница ги поврзува улиците „Карпошово востание“ и „Никола Русински“, а по сугестии на граѓаните, поставени се и слеани рабници со цел подобра пристапност за велосипедистите, родителите/старателите кои ги носат децата во градинка, како и граѓаните со попреченост.

Општина Карпош продолжува со тековното одржување на инфраструктурата.

ОПШТИНА КАРПОШ

Османи: Одвојувањето на Македонија и Албанија не зависи од нас

Одвојувањето на Македонија и Албанија не зависи од нас, тоа e одлука на ЕУ, вели Османи.

Процесот формално се заснова на индивидуални заслуги. Меѓутоа, отсекогаш била проценката дека се добива синергија, една сила повеќе доколку двете земји продолжуваат заедно, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Османи, нагласи дека, никогаш не бил поборник на одвојувањето, бидејќи, како што рече, овие процеси се циклични и може да сменат во обратна насока.

– Се сеќавате 2019 година беше обратна ситуацијата. Дали Македонија треба да ги продолжи, а Албанија заостана затоа што ги немаше тогаш исполнето условите. Имаше и меѓу нас такви коишто лобираа Македонија да се одвои. Отсекогаш сум предвидел дека овие процеси се циклични и може да се сменат во обратна насока, изјави Османи, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конферениција со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид.

Важно е, посочи тој, поради многу причини и ќе даде поттик на целокупната регионална интеграција, доколку Албанија и Македонија се држат заедно и започнат преговорите заедно сега при крајот на годината, во текот на словенечкото претседателство, а потоа, како што рече, секој со својата среќа и брзина што ќе ја наметне.

– Но, мислам дека почетокот е важен затоа што Комисијата потврдува дека двете држави ги исполнуваат условите. И навистина би било лоша пораки кога поради прашања коишто не се поврзани со ЕУ, едната држава не продолжи. Мислам дека тоа ќе создаде значителен удар на кредибилитетот на европските интеграции во државата и во регионот, рече Османи. /МИА

Шилегов: Почна асфалтирањето на булеварот Киро Глигоров во Гази Баба

 За оваа реконструкција од Буџетот на Град Скопје се одвоени 110,4 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот на изведба е 9 месеци.

„Драги скопјанки и скопјани, Скопје го менува својот лик. Скопје стана град кој ги поврзува своите граѓани. Булеварот Киро Глигоров е еден од симболите на тоа поврзување. Денес започнуваме со асфалтирање на бул. Киро Глигоров на потегот од мостот Близнак до крстосница со ул. Перо Наков“, соопшти градоначалникот Шилегов на денешната прес-конференција.

Откако Град Скопје заврши со поставувањето на атмосферска и фекална канализација, денес веќе се финишира и со коловозот во должина на трасата од 682 метри. За оваа реконструкција од Буџетот на Град Скопје се одвоени 110,4 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот на изведба е 9 месеци.

„Тој рок започна да тече во јули, а требаше да заврши идната пролет. Како што гледате, ние планираме да завршиме многу побрзо од тоа. Сакам да им се заблагодарам на моите сограѓани за покажаното трпение и разбирање за неопходноста од реконструкциите кои се интензивираат во овој период од годината, ама треба да знаат дека оваа улица е исклучително фреквентна од причина што ја поврзува скопската општина Гази Баба со Аеродром и Кисела Вода“, кажа градоначалникот Шилегов.

Само за потсетување пред само 3 години по должината на целиот булевар беше изградена и велосипедска патека, која заедно со велосипедската патека на бул. Србија, како и оние на бул. Јане Сандански, АСНОМ и Александар Македонски, претставува важен велосипедски коридор кој ги поврзува Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода.

„Изградбата на мостови и улици кои поврзуваат, кои обединуваат не смее да запре. Изградбата на европско, урбано и зелено Скопје мора да продолжи. Драги скопјанки и скопјани, Вие граѓаните сте силата на овој град, и само вие одлучувате во каков град ќе живеете. Иднината на Скопје е во ваши раце. Ајде да се обединиме затоа што имаме иста цел – силно, единствено Скопје, во кое се живее достоинствено. Да дадеме поддршка за Скопје кое ги поддржува младите да градат семејства тука и кој силно вложува во здрава иднина, чист воздух и модерна инфраструктура. Вашата сила, драги скопјанки и скопјани, е вашиот глас. Излезете на изборите и изберете силно Скопје, Скопје кое се гради, кое расте, Скопје кое го продолжува својот пат меѓу најразвиените градови во Европа“, потенцираше градоначалникот Шилегов.

притисни ентер