Протест во Тетово против поскапувањето на електричната енергија

На градскиот плоштад во Тетово голем број граѓани се собраа на протест по повикот упатен од организациски одбор на социјалните мрежи во знак на незадоволство и револт поради зголемување на цената на електричната енергија. 

Претставник на органицискиот одбор ги прочита барањата.

-Одлуката на Регулаторната комисија е скандалозна затоа што плаќаме скоро највисока тарифа за електрична енергија во Европа. Затоа од овој плоштад во Тетово го креваме својот глас во име на граѓаните за вака ги доставиме барањата до Регулаторната комисија, Парламентот, Владата и до компанијата ЕВН. Прво регулаторната комисија веднаш да ја став вон сила одлуката за зголемување на цената и да ја намали цената за 20 отсто. Второ, Владата да го укине монополот на услугите за ЕВН и да стави крај на нечовечкото однесување кон потрошувачите. Собранието да ја укине Регулаторна комисија бидејќи служи само за апетитите на бизнис групациите кои сериозно го оштетуваат семејниот буџет на сиромашните граѓани. Последно четврто барање е Собранието да формира независен арбитрарен орган кој ќе го верификува квалитетот на услуги и ќе адресира поплаките на граѓаните на ваквите корпоративни рекетарски компании, истакна претставникот на оргнизацискиот одбор.

Тој истакна дека споменатите институции имаат десет дена да ги исполнат барањата.

-Овој протес е организиран да се даде шанса за мирот да се спречат оние огорчени граѓани кои препочитаат да ги решат овие проблеми според бугарскиот модел. Ако вие кои треба да ги решавате овие барање се оглушите, вие ќе го оштетите мирот и вие ќе бидете одговорни за насилството што може да избувне. Ако не ги сфатите сериозно овие барања ќе ги оправдате радикалните постапки на граѓаните, истакна претставникот на организацискиот одбор.

Според прочитаното соопштение на организацискиот одбор по седум дена ќе има марш по градските улици и ќе се блокира сообраќајот. /MИА

Белорускиот опозициски лидер почна штрајк со глад во затворот

Водечкиот лидер на белоруската опозиција, Максим Заник, започна штрајк со глад во затворот, откако беше обвинет за обид за загрозување на националната безбедност.

Адвокатот Заник е еден од седуммината лидери на опозицискиот координативен совет кои се во затвор или во егзил. Тој тврди дека започнал штрајк со глад затоа што сака да го обелодени „апсурдот на гонење луѓе за слободно изразување на нивните мислења“.

Советот за човекови права на ООН донесе одлука во Женева да ги следи повнимателно злоупотребите на моќта во Белорусија, каде протестите траат веќе пет недели, собирајќи повеќе од 100.000 луѓе. Имено, граѓаните на Белорусија сметаат дека е време долгогодишниот претседател Александар Лукашенко да се повлече, бидејќи сметаат дека неодамнешните избори биле наместени.

Специјалниот известувач на ООН, Анаис Марин, рече дека има информации за обвинувања за силување, употреба на електрични шокови и други форми на ментална и физичка тортура.

Роден е без раце и нозе , па сепак вози комбе низ целиот свет(ВИДЕО)

И покрај големиот хендикеп Американецот може да вози и да патува каде што сака.

Џанис Мек Дејвид е роден без раце и нозе, но тоа не го спречува да се обиде да го живее животот во потполност. Покрај тоа што може да се справи со секојдневните животни предизвици како нормална личност без попреченост, Џанис успева да управува и со автомобил.

Тој вози специјално прилагоден Мерцедес Спринтер. Комбето е целосно прилагодено на неговите потреби. Почнувајќи од задниот дел, има автоматски рампи за влегување во инвалидска количка, до начинот на отклучување, палење на моторот и возење на самото возило. Специјално прилагодените контроли му овозможуваат да управува со ова големо возило целосно независно.

По качувањето во седиштето и врзувањето на автономниот систем, тој ги контролира сите команди. Контролниот екран од десната страна се користи за избор на функции и избор на брзини, додека лево е менувач што се врти, забрзува и сопира.

„Во животот, не треба да се фокусираме на проблемите, туку на можностите“, вели МекДејвид. Без сомнение, технологијата му овозможи не само да вози возило, туку и да биде независен и слободен во неговите животни потреби.

Жителите на сиромашните квартови на Мадрид,зафатени со корона:Заборавени сме

Жителите на најсиромашните квартови во Мадрид денеска изјавија дека се чувствуваат напуштено и жигосано додека ја чекаат одлуката на политичарите да воведат карантин поради повисоките стапки на инфекција со корона отколку во другите населени места.

Јазот меѓу богатите и сиромашните населби е во центарот на жестоката дебата во Шпанија за тоа како да се запре растот на нови инфекции. Висок официјален претставник во средата рече дека властите предвиделе карантин за повеќето погодени области.

Локалната политичарка Изабел Дијаз Ајузо порано оваа недела рече дека „начинот на живот на мигрантите“ е делумно виновен за ширењето на инфекцијата, предизвикувајќи бран критики.

„Тие создадоа стигма“, вели Натаниел Елиот, наставник по англиски јазик од Бостон, кој живее во мадридскиот кварт Пуенте де Валекас веќе 15 години.

Валекас, јужна населба во која живеат луѓе со пониски примања и има многу мигранти, е со една од највисоките стапки на инфекција во Мадрид. Тоа е скоро шест пати поголема отколку во Шамбери, една од побогатите населби на северот на градот.

Регионалните власти објавија дека ќе одлучат за мерките подоцна во текот на денот. Засега е непознато дали ќе се стави во карантин Валекас и околните населени места, но жителите се чувствуваат понижено.

Здравствениот систем тука е „уште попарализиран, пренатрупан, редици има насекаде“, рече пензионерката Мари Паз Гонзалес. „Ние сме напуштени, сега сме во рацете на Бога.

"Штом ќе го поминете мостот, сè се менува. Веднаш штом ќе преминете во соседното соседство, сè се менува", додаде Кармен Ибара, исто така пензионерка.

Хуан Антонио, пензионер, кој живее малку надвор од Валекас, но оди таму секој ден да се грижи за својата 93-годишна мајка, е уште подиректен и вели дека карантинот е глупост.

Шпанија е најпогодената западноевропска земја со повеќе од 625 000 заразени и повеќе од 30 000 починати од ковид-19.

Едно од најголемите жаришта е главниот град Мадрид, а јазот меѓу сиромашните и богатите е жешко прашање и во Барселона, вториот по големина град во земјата.

притисни ентер