Протест во Битола против полициско насилство

Во Битола денеска се одржа протест против полициската бруталност. Протестот беше организиран од невладината организација Аваја заедно со неколку организации од Битола.

Со скандирање „Нема правда, нема мир" почнаа од местото каде што се случи инцидентот, во близина на Pоштата во Битола каде според видеото кое се рашири на социјалните мрежи, полициски службеник тепа граѓанин од ромска националност после направена сообраќајка.

Со транспаренти „Стоп за полициската бруталност", „Едно општество за сите" преку Широк Сокак дојдоа до зградата на полицијата и упатија порака – вакво насилство никогаш да не се повтори.

По денешниот протест на Ромите во Битола против полициската бруталност, на социјланите мрежи за во среда се најавува контрапротeст за поддршка на полициските службеници од СВР Битола кои се суспендирани од работните места.

Инаку, МВР вчера поднесе кривична пријава против полицаецот од СВР Битола за малтретирање при вршење на службата. Исто така, против него и против неговиот колега кој бил присутен на настанот, а не,го спречил насилството, покренати се дисциплински постaпки и суспендирани се од работните места. /МИА

Излезноста до 17 часот повисока за девет проценти во однос на изборите пред пет години

Значително повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5..

Јован Ѓорговски ја има анализата.. Јован, што покажуваат бројките?

Хамас објави видео од израелско-американски заложник

Хамас објави триминутно видео на кое наводно е прикажан 23-годишниот израелско-американски заложник Херш Голдберг-Полин.

На видеото, Голдберг-Полин го потврдува својот идентитет и бара од израелските власти да го вратат дома, а се гледа како му недостига дел од раката поради повреда за која се верува дека била предизвикана во нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

„Во заробеништво сум речиси 200 дена“, вели Голдберг-Полин во видеото, што укажува дека тоа е неодамна снимено, пренесува Тајмс оф Израел.

Голдберг-Полин беше киднапиран од забава организирана на 7 октомври во близина на границата со Појасот Газа.

Помалку од час до затворањето на гласачките кутии – мирен и без инциденти изборен круг

Од аналитичкиот центар на канал 5 одиме во скопско влае, каде, како и на три и пол илјади избирачки места привршува гласањето..

Сандра Спасовска ја имаме во живо.. Сандра, можеме ли да се процени - дали интересот за гласање попладнево е поголем отколку претпладнето..

притисни ентер