Протест пред Владата поради скандалот на Онкологија

Македонија веќе четврти ден ја тресе скандалот на Онкологија, а во овие моменти започнува и првиот граѓански протест од кој според најавата, ќе се бара одговорност од актуелните и поранешни функционери.

Собирното место е пред Владата, а подоцна најавен е и марш до Министерството за здравство.

Протестот го следи Игор Манасијевски.

Дали е познато кој е организаторот и какви се очекувањата на луѓето таму?

Бериша: Утре започнуваме со граѓанска непослушност

Претседателот на најголемата опозициска партија во Албанија, Демократската (ДП), Сали Бериша, кој е во домашен притвор,  преку видеопорака им се обрати на  граѓаните пред утрешниот национален протест што го организира неговата партија.

Бериша меѓу другото најавува дека „утре во Албанија ќе започне граѓанска непослушност, без враќање, до формирање на техничка влада".

- Оваа граѓанска непослушност, на 7 октомври, е почеток на последното поглавје од оваа 11-годишна црна историја на Албанија, историја, која зад себе ќе го остави најразорното уништување на темелите на кои се заснова Албанија и албанството. Оваа граѓанска непослушност, утре, доаѓа како единствен одговор што на албанската опозиција, последната надеж на Албанија, и го остави нарко-државата на Еди Рама, базирана на криминал, дрога, кражби и депортација на Албанците, вели Бериша.

Враќајќи ги некои од главните моменти низ кои помина опозицијата во последните 3 години, Бериша наведува дека овој протест не доаѓа како гром од ведро небо, бидејќи опозицијата одржала неколку национални протести, одржала говори преполни со осуди.

Протестот на опозицијата закажан за 18 часот ќе се одржи под мотото "Марширање кон Тирана - или денеска или никогаш" и според организаторот се очекува присутво на неколку стотици илјади граѓани.

Поддршка на демократите најави и Партијата на слободата, на Илир Мета. /МИА

Орбан: Кога десницата ќе ја преземе ЕУ, ќе ја направи Европа повторно силна, богата и слободна

Тој истакна дека десницата не треба да се повлекува од Брисел, туку треба да го заземе и да им го врати на народите на Европа.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека сега е засилена десничарската група во Европскиот парламент – Патриоти за Европа, и дека десницата се обединува во Европа, која, според него, кога ќе ја преземе политиката на ЕУ, повторно ќе ја направи Европа голема, силна, сигурна, богата и слободна.

„Нема да застанеме. На крајот на борбата, Париз ќе ја промени политиката, ќе ја вратиме Варшава и ќе станеме најголемата политичка сила во Европа. Тогаш ќе ја преземеме политиката на Брисел и повторно ќе ја направиме Европа голема, силна, сигурна, богата и слободна“, напиша Орбан на платформата „Икс“.

Тој истакна дека десницата не треба да се повлекува од Брисел, туку треба да го заземе и да им го врати на народите на Европа.

Орбан потсети на досегашните успеси на десницата во Европа, вклучувајќи ги победите во Италија, Холандија, Австрија и Чешка, како и формирањето на групата во Европскиот парламент – Патриоти за Европа, која е трета по големина во ЕП.

Оваа група беше формирана во јули, по изборите за ЕП во јуни, и ја сочинуваат пратеници од партијата на Орбан, Фидес, францускиот Национален собир и белгискиот Фламански интерес.

СВР Скопје: Од безбедносен аспект успешно реализиран „ВизЕр Скопски маратон“

На годинашниот јубилеен „ВизЕр Скопски маратон“ настапија рекордни 13 400 натпреварувачи од 55 земји.

СВР Скопје во целост успешно го обезбеди настанот и без никаков инцидент го осигура меѓународниот маратон, соопшти МВР.

Од СВР Скопје упатуваат извинување до сите граѓани кои во периодот од 07:00 до 14:00 часот имаа мали проблеми да се движат по градот, а воедно упатува и благодарност до граѓаните што ги почитуваа насоките на движење давани од полициските службеници.

притисни ентер