Протест пред Влада за случајот со Клиниката за Онкологија

Во организација на платформата „Одговорност“ денеска се одржа протест пред Влада за случајот со Клиниката за Онкологија.

Даријан Петров, активист, театарски актер, кој е дел од организацијата, во своето излагање рече дека причина за протестот е недовербата во правосудниот систем и институциите.

-Бидејќи немаме доверба во правосудниот систем, институциите решивме да делуваме, ја формиравме оваа платформа без никаква политичка позадина, никаква финансиска поддршка во спомен на нашите прерано загубени блиски за поддршка на сите онколошки пациенти и нивните семејства, но и за сите останати граѓани кои се борат со овој систем. Тоа е нашиот начин како да ја канализираме енергијата, бидејќи доколку дозволиме да не обземе тагата, бесот и стравот леснно ќе отидеме на крајноста на личната фрустрација, нетолеранција, апатија, но ние свесно одлучуваме да застанеме на страната на достоинствена борба, обелоденување на вистиата и нашата лична болка да ја трансформираме во помош на оние на кои им е најпотребна, порача Петров.

Тој додаде дека огорченоста е голема, особено кон политичките агенди.

-Наместо политичка агенда да ја идентификуваме со нешто позитивно, со нешто со што зависи нашиот квалитет на живот, ние ја идентификуваме со корумпирани функционери, корумпирани лидери на политички партии, па дури и политичари со психопатски профил на личноста, кои буквално не се заинтересирани зза општото добро на народот, истакна Петров.

Рече дека нема да дозволат сознанијата од Онкологија да се заборават.

-Од овој протест, секој нареден ќе започне со читање на приказни на граѓани пациенти кои се соочиле со нехуман третман во здравството, засега ќе ставиме акцент на здравството, но во иднина и на секоја неправда која доаѓа од секојдневието. Секако нема да генерализираме, осудуваме бидејќи ќе ги споделуваме и позитивните приказни и поитивните искуства од здравството со цел да ги заштитиме медицинските лица кои пожртвувано и автентично си ја работат својата работа. Нека овие протести станат симбол на јавна критика на неправдата, а осудата доаѓа од други места, истакна Петров.

Ива Петровска, една од присутните на протестот испрати порака дека ќе се борат за правда и за мир.

-Додека не има нас нема да успеат. Се додека стоиме тука нема да успеат. Отсега па натаму нема да се потсетуваме дека нема правда нема мир, туку ние ќе им кажеме дека ќе има правда и дека ќе има мир. Дека ова е наша земја и дека народот ќе биде тој кој ќе одлучува. Стоиме тука и не дозволуваме жртвите на овие луѓе да станат бесмислени, тука сме да покажеме дека сме луѓе, рече Петровска.

Организаторот Петров најави дека наредниот понеделник во 18 часот ќе биде одржан друг протест.

Дивата од модните писти слави 58 роденден: Се трудам да бидам добра

Познатата манекенка Синди Крафорд го прслави својот 58 роденден.

- Благодарна за уште еден сет роденденски свеќички - порача таа на Инстаграм.

Жената која упадна на модните писти во деведесеттите продолжува да плени со својата природна убавина. Длабоко во шестата деценија од животот без никаква пластика на себе, таа сè уште се колне во убавина.

Покрај редовните вежби, врвниот изглед го постигнува и со посебен режим на исхрана.

Избира здрава храна и признава дека се труди „80 проценти од времето да биде 80 отсто добра“.

Денот започнува со смути направено од кокосово млеко, третина од замрзната банана, шолја свеж спанаќ, 10 листови нане, една лажичка протеини и малку зрна какао. За ручек најчесто јаде салата со пилешко, а за вечера подготвува ќофтиња од мисирка со салата и зеленчук.

Извор: Аваз

Милитао би можел да се врати на фудбалските терени во март

Одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид, Едер Милитао е блиску до враќање во тимот.

Како што пренесе „Relevo“ Бразилецот ќе има време да закрепне навреме за четвртфиналето на Лигата на шампионите доколку мадридскиот клуб стигне до оваа фаза.

Четвртфиналето во елитното фудбалско натпреварување ќе се одржи во средината на март.

Во август 2023 година, во 1. коло од Ла Лига против Атлетик (2:0), Милитао ги скина вкрстените лигаменти на коленото.

За тренерот на Реал Мадрид со евентуалното враќање на Милитао ќе биде големо олеснување пред завршниот дел од сезоната. /МИА

Паолини го освои трофејот во Дубаи

Италијанската тенисерка Јасмине Паолини е победничка на ВТА 1000 турнирот во Дубаи, ОАЕ.

Паолини во денешното финале беше поуспешна од Русинка Ана Калинскаја во три сета. Мечот траеше 2 часа и 16 минути и заврши со резултат 4:6, 7:5, 7:5 во корист на италијанската претставничка.

Дваесет и петгодишната Русинка двапати сервираше ас, направи четири двојни грешки и реализираше шест брејк топки од осум шанси. Паолини немаше ниту еден ас, направи една двојна грешка и седум брејк топки реализира од девет можности.

Паолини го освои својот втор ВТА трофеј во сингл. Пред тоа таа стана победничка и на три турнири во двојки.

Од друга страна, Калинскаја не успеа да ја освои својата прва ВТА титула во сингл. Сепак, за време на турнирот во Дубаи, Русинката победи три претставнички на Топ 10 – Ига Швјонтек (1), Елена Остапенко (9) и Коко Гоф (3). /МИА

притисни ентер