Протест на вработените во скопската зоолошка градина–немаат плата и здравствено осигурување - Канал 5

Протест на вработените во скопската зоолошка градина–немаат плата и здравствено осигурување

Протест на вработените во скопската зоолошка градина–немаат плата и здравствено осигурување
50тина вработени од скопската зоолошка веќе 45-ти ден немаат земено плата, а од денеска немаат ниту здравствено осигурување. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Евростат: БДП на еврозоната се зголеми во првиот квартал од 2025 година за 0,3 отст

Бруто домашниот производ (БДП) на еврозоната се зголеми во првиот квартал од 2025 година за 0,3 проценти споредено со претходните три месеци, објави денес Евростат.

Евростат: БДП на еврозоната се зголеми во првиот квартал од 2025 година за 0,3 отст

Резултатот е послаб од претходно проценетиот раст од 0,4 проценти, но сепак ги надминува очекувањата на економистите од јануари.

Меѓу големите економии, Германија оствари квартален раст од 0,2 проценти, Шпанија ги надмина очекувањата со раст од 0,6 отсто, а Италија 0,3 проценти, додека Франција забележа поскромен раст од 0,1 отсто.

Голем интерес за натпреварот АЕК – Алкалоид во Атина, досега продадени околу 3.000 билети

Поради големиот интерес за првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп меѓу АЕК и Алкалоид закажан за в недела во Атина, домаќините денеска соопштија дека ќе бидат отворени дополнителни блокови и пуштени во продажба дополнителни билети.

Голем интерес за натпреварот АЕК – Алкалоид во Атина, досега продадени околу 3.000 билети

Поради големиот интерес за првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп меѓу АЕК и Алкалоид закажан за в недела во Атина, домаќините денеска соопштија дека ќе бидат отворени дополнителни блокови и пуштени во продажба дополнителни билети, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, досега се продадени околу 3.000 карти.

Натпреварот ќе се одигра во олимписката сала „Сунел Арена“, продажбата на билети започна во вторникот и како што објави МИА се по цена од 10, 15 и 40 евра во ВИП делот.

Денеска пак, два дена откако беа пуштени во продажба, голем дел од билетите веќе се распродадени, па домаќините отворија уште два блока од една од трибините, со што засега, отворени за гледачи се 12 од 44 блока од трибините во салата, а доколку бидат исполнети, ќе се отворат и дополнителни.

- Со брзо темпо продолжуваат да се продаваат билетите за првото европско финале на Европскиот куп на ЕХФ против Алкалоид, кое ќе се одржи во „Сунел Арена“ во недела, 18 мај во 19:00 часот. Поради големата побарувачка, АЕК информира дека се отворени и блоковите 3 и 10 од салата! Ве повикуваме сите да го поддржите нашиот тим на патот кон европскиот успех, соопштија од АЕК.

Извори од клубот за МИА посочија дека досега се продадени околу 3.000 билети.

Натпреварот АЕК-Алкалоид во Атина е закажан за 19 часот по локално, 18 часот по македонско време, а реваншот во Скопје ќе биде една седмица подоцна, на 25 мај во спортската сала „Борис Трајковски“.

Салата „Сунел Арена“ во западниот дел на Атина, изградена за Олимписките игри одржани во 2004 година, а реновирана пред четири години, има капацитет да прими околу 9.000 гледачи, а од 2019 година ја користи КК АЕК за натпреварите во грчката кошаркарска лига, но е приспособена за одржување и на ракометни натпревари.

Шпанија го ограничува пристапот до аеродромот во Мадрид за да спречи собирање на бездомници

Шпанските аеродромски власти ќе го ограничат пристапот до аеродромот во Мадрид во одредени делови од денот како превентивна мерка за да се спречат бездомниците да спијат на неговите терминали. 

Шпанија го ограничува пристапот до аеродромот во Мадрид за да спречи собирање на бездомници

Само патници со авионски билети, вработени на аеродромот и оние што придружуваат некого со билет ќе имаат дозвола да влезат на аеродромот, соопшти Шпанската аеродромска управа.

Управата наведува дека ограничувањата ќе бидат спроведени во следните неколку дена, но не прецизираше точно кога или во кое време. Со месеци, на аеродромот во Мадрид на некои терминали се собираат бездомници. Локалните медиуми објавија дека станува збор за стотици бездомници.

„Аеродромите не се места наменети за живеење, туку се инфраструктури исклучиво за транзит, кои во никој случај не нудат соодветни услови за ноќевање“, се наведува во соопштението на Шпанската аеродромска управа.

Управата оваа недела соопшти дека побарала помош од градските власти на Мадрид за решавање на проблемот пред неколку месеци, но дека досега не добила доволно помош.

Префрлањето на вината меѓу властите на различни нивоа го остави нерешен проблемот пред почетокот на летната туристичка сезона. Во 2024 година, Шпанија прими рекордни 94 милиони странски туристи.

притисни ентер