Протест на екологисти и граѓани во Ново Село заради изградба на леарница

Според Ѓорги Танушев, од „Стига е“ сите леарници во државата работат со законска класификација Г1.3

Со перформанс на погреб на Мајката природа пред општинската зграда на Ново Село, екологистите и граѓаните организирани од „Здрава котлина“ и „Сега е“, преку втор протест го искажаа своето незадоволство од изградба на Леарница за алуминум во близина на општинскиот центар.

Како што беше истакнато на протестот во Ново Село, забрзано се гради објект леарница за лиење на одливци од алуминиум и уште еден објект со посебна градежна дозвола каде ќе се носи алуминиумски отпадоци од секаде, ќе се дробат и компресираат. Екологистите обвинуваат дека нема никакви јавни документи и се е скриено и маскирано за тоа што ќе се прави, затоа што е спротивно на законот.

-Леењето на легури од алуминиум е обоена металургија со законска класификација Г1.3 и која како тешка и загадувачка индустрија не може да се гради на помалку од 5 километри од населено место или заштитено подрачје. Дробењето и компресирањето на алуминиум спаѓа во Г2 и тоа е замајувањето што треба да служи како "димна завеса" за да помине и посебниот објект каде ќе се загрева и лее алуминиумот.Градоначалникот на Ново Село реши да го прекрши законот и иако предупреден од стручни лица, сепак самоволно и незаконски го прогласи објектот каде ќе се загрева и лее алуминиумот за Г2 односно лесна и незагадувачка индустрија, иако во целата класификација на Г2 не постои таков опис, истакнаа во обраќањето организаторите на протестот.

Според Ѓорги Танушев, од „Стига е“ сите леарници во државата работат со законска класификација Г1.3

-Како може сите да се Г1.3, а нашата да биде Г2. Зошто тоа некој би го направил и по која основа? Тука нема законска основа и се работи за прекршување на законот, истакна Танушев.

На протестот свои ставовии искажаа и други говорници кои ги поддржуваат активностите на екологистите за запирање на изградбата на леарница. Побараа итно запирање на градбата на објектот, целосна ревизија на проектот со јавно достапни документи и поништување на фалсификуваната градежна дозвола за објектот и решението од Министерството за животна средина.

Фото: Српска пејачка како „зајачица од Плејбој“ на улица во Белград

Атрактивната српска пејачка Сандра Африка повторно ги истакна облините на воодушевување на фановите од социјалните мрежи. 

Сексапилната пејачка во неевообичаено издание се прошета низ улиците на Белград.

Сандра минатата недела за време на празникот „Ноќта на вештерките“ кој е се повеќе застапен и во регионот, во провокативно издание како вистинска „зајачица од Плејбој“ се појави на улица.

Таа така шеташе низ центарот на градот, а многумина не останаа рамнодушни на нејзиниот костим и фигура.

Сандра носеше трико од латекс, што ги истакна нејзините бујни облини.

Фото: Лепа Брена на насловната на „Вог“

Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена се најде на насловната страница на најновото издание на магазинот „Вог“.

Мегапопуларната пејачка со насловната страна на тиражниот магазин само уште еднаш потврди дека е една од најголемите икони од нашите простори.

Брена на насловната страница на Вог блесна во никогаш поскап стајлинг.

Таа носи бунда од 11.000 евра од францускиот бренд „Алаја“.

Како што наведува „Вог“, Брена е избрана за насловна бидејќи е вистински феномен, ѕвезда без споредба и икона. Тие истакнуваат дека пејачката е и вистинско олицетворение на југословенскиот поп културен идентитет.

Таа за насловната страница ја фотографирал фотографот Бранислав Симончик, а целата фотосесија е направена во титовата вила „Галеб“.

Коментарите за ова издание на Лепа Брена се повеќе од позитивни.

На Корзика прогласен портокалов метео аларм поради невреме

Од попладнево до недела наутро на Корзика во сила е портокалов метео аларм бидејќи се очекува невреме проследено со обилни дождови што може да предизвикаат поплави, соопштија денеска надлежните француски претставници.

- Поради очекуваната акумулација на големи количини вода во урбанизираните области во рамничарските делови на северот на Корзика и во близина на Бастија, ситуацијата бара посебен мониторинг. Најризичниот период ќе биде помеѓу сабота навечер и недела наутро во департманот Горна Корзика на северниот дел од островот со можни поплави. Апелираме граѓаните да ги ограничат своите патувања, се наведува во официјалното соопштение кое го пренесува дневниот весник Фигаро.

Во останатиот дел од Франција викендот ќе биде врнежлив освен во планинските предели, а југоисточниот дел од земјата денеска повторно ќе го зафати силно невреме.

притисни ентер