Пронајдено телото на малолетникот кој исчезна во водите на Преспанското езеро

Пронајдено телото на 16 годишното момче кое завчера исчезна во водите на Преспанското езеро.

Денеска во водите на Преспанското езеро околу 14 часот е пронајдено безживотното тело на 16 годишното момче од Ресен.

-На 04.08.2020 околу 14.00 часот во водите на Преспанското Езеро од страна на нуркачкиот тим од Единицата за специјални задачи при Бирото за јавна безбедност на МВР беше пронајдено безживотното тело на 16-годишното момче од Ресен, за кое на 02.08.2020 било пријавено дека исчезнало во водите на езерото кај туристичката населба „Претор“. По насоки на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција.-МВР

Коронавирусот забрзано се шири во повеќето земји,само во неколку забавува

Бројот на лица заразени со коронавирус значително се зголеми во светот во последните седум дена и сега веќе надмина триесет милиони, а особено брзо се шири во Европа.

По неколку недели стабилна ситуација, пандемијата значително забрза оваа недела. Секој ден има 286 000 потврдени инфекции во светот, или 8 проценти повеќе од претходната недела.

Како и претходните недели, инфекцијата се шири најбрзо во Европа (16 проценти повеќе од претходната недела). Дневниот број на нови инфекции во Европа е зголемен за три пати од јули (47.300 оваа недела, на околу 15,000).

Инфекцијата исто така се шири побрзо на Блискиот исток (+13%), во САД и Канада (+11%), во Азија (+7%) и во Јужна Америка и Карибите (+3%).

Забавува во Океанија (-20 проценти) и во Африка (-7 проценти).

Инфекцијата се шири најбрзо во Чешка (+65 проценти, 1300 заразени на ден). Ситуацијата во Чешка е најтешка меѓу земјите кои потврдија повеќе од 1.000 заразени секој ден во изминатата недела.

Следуваат Холандија (+52 проценти, 1200), Израел (+37 проценти, 3950), каде денеска повторно е воведен карантин, Филипини (+33 проценти, 3900), Велика Британија (+32 проценти, 3400), Непал (+20). проценти, 1300) и Иран (+20 проценти, 2500).

Од друга страна, најголем пад на бројот на заразени е забележан во Етиопија (-41 процент, 600 нови инфекции на ден), во Костарика (-20 проценти, 1000), во Венецуела (-19 проценти, 900), во Бангладеш (-15 проценти, 1600) и во Мексико (-10 проценти, 4500).

Индија, САД и Бразил се трите земји со најголем број нови инфекции во последните седум дена: 93.200 , 39.300, и 31.000 нови инфекции секој ден во просек, според податоците собрани денеска од АФП до 13 часот по средноевропско време.

Трендот се влошува во овие три земји: +7 проценти во Индија, +10 проценти во САД и Бразил.

Следат Аргентина (11.100), Шпанија (10.200), Франција (8800), Колумбија (7000) и Перу (5800).

Индија бележи најголем број на смртни случаи во изминатата недела (1160 секој ден), потоа следат САД (840), Бразил (770), Мексико (360), Аргентина (220), Колумбија (200) и Иран (140).

На глобално ниво, бројот на смртни случаи на дневна основа се намалува во споредба со претходната недела (-10 проценти, 5.200 на ден)

Пандемијата однесе најмалку 946.727 животи ширум светот од крајот на декември, со над 30,2 милиони заразени.

Најмногу смртни случаи има САД - 197 655.

Следат Бразил (134.935), Индија (84.372), Мексико (72.179) и Велика Британија (41.705).

Европската агенција за лекови го одобри дексаметазон за лекување на коронавирусот

Европската агенција за лекови ја одобри употребата на дексаметазон за третман на пациенти со ковид-19 кои имаат проблеми со дишењето, отворајќи го патот овој стероид да стане втор одобрен лек за третман на ковид-19 во Европа по ремдесивирот.

ЕМА денеска објави дека лекот може да биде опција за лекување на возрасни и адолесценти на кои им е потребна терапија со кислород или респиратор, откако ги разгледа резултатите од студијата на британските научници.

Студија наречена „ RECOVERY“ спроведена од научници од Оксфорд покажала во јуни дека дексаметазонот ја намалува смртноста за околу една третина кај тешко болните лица со ковид-19. Лекот, во меѓувреме, е одобрен во Јапонија за третман на ковид-19.

Лекот се користи со децении, е ефтин и лесно достапен. Често се користи за разни воспалителни состојби. Компаниите сега можат да побараат дозвола од нивните национални регулатори или од ЕМА за дополнителна употреба на лекот, соопшти Агенцијата.

ЕМА исто така наведува дека препорачаната доза за возрасни и адолесценти, на возраст од 12 години и тешки најмалку 40 килограми, е 6 мг еднаш на ден во текот на десет дена.

Европската комисија издава одобрение за ставање во промет и обично ги следи препораките на ЕМА. Антивирусниот лек Ремдесивир на Гилеад е првиот одобрен лек против ковид-19 во Европа. Тој беше одобрена во јули.

Груби - Ромео: Италија е наш партнер на патот кон европската интеграција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денес оствари работна средба со амбасадорот на Италија ,Карло Ромео.

На оваа средба Груби и Ромео разговараа и за билатералните односи меѓу Македонија и Италија, кои со години се карактеризираат со пријателство и меѓусебно разбирање.

Во оваа пригода, првиот вицепремиер Груби му порача на амбасадорот Ромео дека ја цени систематската поддршка што Италија ја нуди во процесот на евроинтеграцијата на Македонија и изрази задоволство што многу од проектите финансирани од италијанската држава силно ги поддржуваат приоритетите на земјата за членство во најбрз можен рок во Европската Унија.

Италијанскиот амбасадор Карло Ромео изрази голем оптимизам дека во наредниот период, Македонија, како и другите земји, ќе биде силно посветена на зајакнување на економијата и обезбедување соодветна здравствена заштита за своите граѓани како заштита од Ковид-19. Тој исто така рече дека земјата, односно државните институции, ги очекуваа зголемување на обемот на работа се со цел исполнување на европската агенда, вклучувајќи ги овде реформите во борбата против корупцијата, реформите во судството и владеењето на правото, реформи на кои Европската Унија обрнува посебно внимание.

Груби и Ромео разговараа и за развојот на соработката во областа на економијата, обрнувајќи посебен акцент на планот за привлекување повеќе италијански инвестиции во земјата. Исто така разговараа и за размена на практики што би и помогнале на Македонија како идна членка на ЕУ.

притисни ентер